фудбал

Анчелоти: Жал ми е, јас сум виновен за овој пораз

арло Анчелоти ја презеде одговорноста за тешкиот пораз од 0-4 од Барселона во „Ел Класико“.

Барселона синоќа ги надигра Мадрид, нанесувајќи им убедлив пораз и прекинувајќи ја серијата од шест меча без победа.

„Тие одиграа подобро од нас. Имавме лоша ноќ и тоа е тоа. Тешко е затоа што ова е „Ел класико“, игравме против Барса. Жал ми е. Но, мора да бидеме мирни. Не треба да правиме драма од ова. Мора да го заборавиме ова и да гледаме напред. Им кажав на играчите дека е моја вина“, рече Италијанецот.

Реал е прв на табелата со 12 бода повеќе и натпревар помалку од Барса.

„Имаме голема предност. Сега имаме репрезентативна пауза. Се надевам дека играчите кои беа повредени ќе се вратат“, додаде Анчелоти.


Таљафико потврди дека во јануари преговарал со Барса

Николас Таљафико потврди дека во јануари бил блиску до трансфер во Барселона, но Ајакс го блокирал трансферот во последен момент.

Барселона го сакала Аргентинецот на позајмица со право на откуп, но Ајакс не се согласил и не дошло до договор помеѓу двата клуба.

Таљафико се надева дека на лето повторно ќе биде актуелен трансферот во Барселона и дека ќе се пресели на „Камп Ноу“.

„Барселона ме сакаше, преговараше со Ајакс, но не дојде до договор. Во јануари беше комплицирано, но се надевам дека на лето лесно може да се реализира трансферот“, изјави Таљафико.

Не е тајна дека Барселона сака да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција и да донесе алтернатива за Жорди Алба.


Рашфорд подготвен да замине од Манчестер Јунајтед во Ливерпул

Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.

Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.

Извори блиску до играчот за англиските медиуми потврдија дека неговиот телефон постојано звони и агентите му презентираат интерес од многу клубови ширум Европа.


Милан и Наполи подготвуваат трампа во која е вклучен и Елмас

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и сака да го донесе на „Сан Сиро“.

Милан е во потрага по офанзивен фудбалер за врска, а тренерот Пиоли е голем симпатизер на квалитетите на Елмас. Наполи нема лесно да се откаже од „дијамантот“, но Милан е спремен да понуди трампа, пренесува „Калчомеркато“.

Имено, Наполи е силно заинтересиран за Анте Ребиќ, во кого гледа наследник на Инсиње, а „росонерите“ се спремни да понудат трампа. Вредноста на Елмас и Ребиќ е приближна на 30 милиони евра, па останува да видиме дали Наполи ќе се согласи на ваква трампа.


Ливерпул го израмни својот клубски рекорд

Екипата на Ливерпул победи на секое од своите последни 7 гостувања во сите натпреварувања. На овој начин “црвените“ го израмнија своето најдобро клупско достигнување во историјата по бројот на последователни победи на гостински терен. 

Ливерпул имаше седум последователни успеси на гостински терен во два претходни случаи , во февруари 1982 година и во март 1988 година.

Тимот од „Енфилд“ како гостин го совлада Нотингем Форест со 1:0 и се пласира во полуфиналето од ФА Купот каде ќе се сретне со екипата на Манчестер Сити.


Нeјмар ќе го менува ПСЖ со богатиот Њукасл

Според француските медиуми, се поизвесна е разделбата на Нејмар и ПСЖ, а Бразилецот кариерата би можел да ја продолжи во Њукасл. Богатите Саудијци се сериозно „загреани“ за Бразилецот и подготвени се да започнат преговори за неговото доаѓање во Премиер лигата.

Наводно, челниците на Њукасл се подготвени на „светците“ да им понудат „баснословна сума“, со што Нејмар би станал најплатен фудбалер во светот.

Да потсетиме, има тотален колапс на системот во ПСЖ по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и дека повеќето нивни ѕвезди на лето ќе си заминат од „Паркот на принцовите“.

Речиси е сигурно дека клубот ќе го напуштат тренерот Маурисио Почетино и Килијан Мбапе, а се поизвесно е и заминувањето на Меси кој не се прилагоди на тимот


Првиот човек на ИОК гостин на МОК во Скопје

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, во јуни доаѓа во Скопје, објавено е денес на сајтот на Македонскиот олимписки комитет.

„На денешен ден, пред 30 години, во Хотел Холидеј Ин, на иницијатива на група спортски работници и пет Национални спортски федерации од Република Македонија, беше основан Македонскиот олимписки комитет, институција која е чадор организација на Македонските спортски федерации, институција во која членуват Олимписките и не-олимписките спортски федерации, националниот Параолимписки комитет, истакнати спортски работници и спортисти.

Централната прослава за одбележување на овој свечен чин ќе се одржи на 10 јуни, кога во Скопје ќе се одржи Генералното Собрание на Европските олимписки комитети, со присуство на 50 Национални олимписки комитети од Европа, голем број на претседатели на Меѓународни спортски федерации, а и претседателот на ИОК, д-р Томас Бах го потврди доаѓањето во Скопје, на оваа свечена прослава“, стои во известувањето на МОК.


Бенасер ќе добие нов договор во Милан

during the Serie A match between Udinese Calcio and AC Milan at Stadio Friuli on August 25, 2019 in Udine, Italy.

Милан постигна договор со Исмаил Бенасер за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

24-годишниот Бенасер игра одлично и во последните сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан сака да го награди за добрите партии со побогат договор.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Бенасер ќе стави потпис до 2026 година.

Алжирецот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ќе биде избришана со новиот договор.


Јувентус подготвува трансфер на Габриел Жезус

Екипата на Јувентус сака на лето да го види во своите редови напаѓачот на англискиот шампион Манчестер Сити, Габриел Жезус, и за таа намена од „Старата дама“ се подготвени да издвојат 77 милиони евра.

Според написите во англиските медиуми, доколку „граѓаните“ успеат да го ангажираат Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд ова лето, ситуацијата на 24-годишниот Бразилец во тимот дополнително ќе се искомплицира. Жезус во следната сезона ќе сака поголема минутажа, надевајќи се дека ќе добие повик од селекцијата на Бразил за настап на Светското првенство во Катар.

Габриел Жесус е член на Манчестер Сити од 2017 година, а неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023.


Кулушевски: Македонија има голема важност за мене

Дејан Кулушевски кој во моментот настапува за премиерлигашот Тотенхем, неодамна доби лоши критики од македонската јавност бидејќи играчот во интервју за Спортклуб, одби да даде изјава на македонски јазик, туку се одлучи да зборува на англиски.

Меѓутоа, Кулушевски во интервју за англискиот весник „Гардијан“, даде до знаење дека Македонија за него е од голема важност. Неговиот татко е роден во Шведска но има македонско потекло, додека неговата мајка е родена Македонка која како повозрасна се преселила во Шведска.

„За мене и за моето семејство, Македонија е многу важна. Како што вели мојата мајка, никогаш нема да заборавиме од каде доаѓаме. Одам таму секое лето и уживам. Секогаш изјавував дека ако би можел би играл и за Шведска и за Македонија. Но морав да направам избор и се одлучив за Шведска, бидејќи сум роден таму“, изјави Кулушевски.