фудбал

Бензема влезе во историјата на Лигата на шампионите

Шериф направи сензација и го победи Реал на сред Мадрид во второто коло од Лигата на шампионите. Тоа е сигурно едно од најголемите изненадувања во историјата на најголемото европско клупско натпреварување. Шериф поведе во 25. минута со голот на Јакшибаев, израмни Бензема во 65. минута, но победата на гостите ја донесе Тил.

Капитенот на Реал, францускиот напаѓач Карим Бензема стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал барем еден погодок во 17 различни сезони. 

На тој начин, Бензема ги надмина Рајан Гигс, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои постигнувале по еден погодок во 16 различни сезони во Лигата на шампионите.


Келвин Филипс желба на раководството на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед има нова трансфер цел за засилување на средниот ред, а станува збор за ѕвездата на Лидс, Келвин Филипс. Досега медиумите тврдеа дека прва желба на „црвените ѓаволи“ е Даклан Рајс од Вест Хем, но неговата цена го натера Јунајтед да се отлаже. Сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон друг англиски репрезентативец, Келвин Филипс од Лидс. Тој одигра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на ЕП.

Солскјер сака да го засили средниот ред бидејќи Ван де Бек се покажа како промашување, а Матиќ е на залез на кариера. Фред покажува доста нестабилни партии, па Погба е единствен кој игра добро оваа сезона.

Поради тоа Келвин Филипс е примарна цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.


Бунт против Роналдо во Јунајтед?!

Кристијано Роналдо вовел ново мени за исхрана во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, Керингтон, а него веќе немало јаглехидрати, сокови и слатки, пишува англискиот таблоид Сан.

Менито тој го скроил според свој вкус, а тоа не им се допаднало на некои играчи на Манчестер Јунајтед. Португалецот обожавал салата од бакалар, традиционално португалско јадење. А тука настанува проблемот со соиграчите на кои тоа не им се допаѓа.

Наводно играчите го оговарале Роналдо и велеле дека не е фудбалер, туку нутриционист.

„Роналдо обожава октопод, но остатокот од тимот не баш. Зависен е од протеини и авокадо, па готвачите често му излегуваат во пресрет на општо разочарување на сите останати играчи во соблекувалната на Јунајтед. Бараше од своите соиграчи да се откажат од пудингот кој традиционално го јадат после ручекот во петок“- открива неименуван извор за Сан.


Рашфорд најави враќање на тренинзите по оперативниот зафат

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се опоравува од операцијата на рамото, објави на социјалните мрежи  дека наскоро може да му биде дозволено да започне со тренинзи.

Фудбалерот во претходната сезона одигра 57 средби во сите конкуренции со ефект од 21 гол и 15 асистенции.  Англискиот клуб во изминатата сезона  стигна до финалето на Лига Европа.

На крајот на јули беше објавено дека Англичанецот поради проблеми со рамото ќе пропушти околу три месеци од новата сезона.


Барса најде спас за кризата, компанија од Дубаи спремна да го покрие долгот

Компанијата од Дубаи, чие име не е објавено, е подготвена да го откупи долгот на каталонскиот гигант Барселона во износ од 1,5 милијарди евра 

Компанијата со седиште во Дубаи е подготвена да и понуди на Барселона мораториум најмалку две години. Така, долгот на фудбалскиот клуб сега ќе го платат бизнисмени од Дубаи, а Барселона ќе остане должна на оваа компанија, но во исто време ќе добие одложено плаќање. Оваа опција ќе му овозможи на клубот да се врати на нормалното работење и да се фокусира на спортските цели.

Оваа понуда е многу корисна за Барселона, бидејќи мораториумот може да се постави за период од 2 до 12 години. Во исто време, барањата на компанијата од Дубаи, која е подготвена да го откупи долгот на Барселона, се доста ниски.


Брахим Диаз не сака да се врати во Реал, туку да остане во Милан

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, кој игра како позајмен во екипата на Милан, изјави дека сака да остане во редовите на „росонерите“ со перманентен договор и дека нема желба да се врати во Шпанија.

„Милан е одличен клуб,  ја чувствувам поврзаноста на фановите. Имав одлични моменти во претходната година. Таквата ситуацијата продолжува и сега. Навистина сум среќен тука и сакам да останам“, рече Диаз.


Јуве во јануари ќе тргне по потписот на Паредес од ПСЖ

Макс Алегри сака да направи големи промени во средниот ред.

Приоритет на Алегри во летниот преоден рок беше засилување на средниот ред, каде пристигна само Локатели. Алегри бараше уште еден играч за врска, прва желба беше Пјаниќ, но трансферот не се реализираше.

Тренерот му порачал на раководството дека во јануари сака да му биде доведен уште еден играч за врска, а прва желба е Леандро Паредес од ПСЖ. ПСЖ е во потрага по квалитетен играч за врска, па Паредес може да биде продаден во зимскиот преоден рок.


Скопско и тетовско дерби во осминафиналето на Купот

Денес во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за осмина финалето на Купот на Македонија. Актуелниот шампион, Шкендија, на пат до вториот трофеј во домашниот фудбал, ќе ја пречека Ренова во големото дерби во Тетово. Средбата меѓу Вардар и Скопје ќе биде многу интересна, како и онаа помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, што е повторување на финалето од 2019 година. 

Осминафинале:

Шкендија – Ренова

Вардар – Скопје

Струга Трим Љум – Борец

Брегалница – Охрид

Беласица – Силекс

Пелистер – Работнички

Шкупи- Тиквеш


Неспортското однесување ќе му донесе казна на Николо Заниоло

Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло играше кој имаше непримерна гестикулација кон фановите на Лацио на неделното дерби во Серија „А“, веројатно ќе заработи казна од италијанската федерација, наведуваат медиумите во Италија.

Тој во 77. минута додека заминуваше кон соблекувалната  се конфронтираше со навивачите на Лацио што беше видливо и на малите екрани.

Се претпоставува дека играчот на „волчицата“ ќе добие забрана за настап на неколку мечеви или евентуално праична казна. Не се исклучува можноста и за двете варијанти.


Киелини: ПСЖ изгледа како тим од плеј-стејшн

Џорџо Киелини го сподели своето мислење за ПСЖ. Пред стартот на оваа сезона, на ПСЖ му се приклучија Џанлуиџи Донарума, дефанзивците Серхио Рамос и Ашраф Хакими, играчот од средниот ред Жоржињо Вајналдум и напаѓачот Лионел Меси. Киелини призна дека парискиот клуб може да биде многу застрашувачки на теренот.

„ПСЖ наликува на тим од игра на плеј-стејшн. Непобедлив тим. Ако можат да ја создадат потребната хемија, на и надвор од теренот, доколку ги стават интересите на тимот над личните, невозможно е да се победат“, изјави Киелини за „Л’Екип“.

ПСЖ ја започна новата сезона со осум последователни победи во Лига 1. Парижаните, по осум одиграни кола, се пред својот најблизок ривал, Ленс, со девет бодови разлика. Во Лигата на шампионите, ПСЖ започна со нерешени 1-1 кај Клуб Бриж.