фудбал

Дест и Пике неизвесни за неделното „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона, Дест и Жерар Пике се повредија во реваншот од осмина финалето со Галатасарај во Лигата на Европа и најверојатно нема да бидат во тимот в недела за „Ел Класико“ пресметката со Реал Мадрид.

Дест беше принуден да го напушти теренот откако почувствува болка во задниот дел на левата надколеница. Првите сензации во соблекувалната не се многу отпимистички, бидејќи отворено се зборува за повреда на бицепсот на бутот.

Ако се потврди степенот на повредата, тоа сугерира пауза од терените неколку недели. Повреда има и искусниот Жерард Пике. Дефанзивецот веќе неколку натпревари се мачи со повреда, што го оддалечи од максимален настап во последно време. И за него е неизвесно дали лекарите ќе го опорават за дуелот во недела.


Антонио Рудигер се договорил со Јувентус?

Според најновите информации од „Газета дело Спорт“, дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, ги договорил личните услови со Јувентус и се очекува на лето да се пресели во Торино како слободен играч.

Весникот пренесува дека Германецот ќе потпише договор на четири години, но подетални финансиски податоци не се објавуваат. Рудигер беше многу блиску до обновување на договорот со Челзи, но целата работа се искомплицира после санкциите кон Абрамович и клубот.

Антонио Рудигер е член на Челзи од 2017 каде пристигна од тимот на Рома.


Јувентус ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Данило, пренесуваат италијанските медиуми.

Jуве и Данило заедно до 2024 година

Актуелниот договор на Бразилецот истекува во 2024 година, но во клубот се многу задоволни од неговите партии оваа сезона.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „бјанконерите“ спремиле нов договор и сакаат да го задржат до 2026 година.

30-годишниот Бразилец игра важна улога во тимот на Алегри бидејќи може да игра и како бек и како цетрален дефанзивец. Бразилецот пристигна во Јувентус од Манчестер Сити во 2019 година како дел од трансферот на Жоао Кансело.


Реал Мадрид го посакува Ернандез од Баерн Минхен

Шпанскиот „АС“ споделува информација дека Реал Мадрид изразил огромен интерес за доведување на Лукас Ернандез од Баерн Минхен.

Според изворот, Французинот Ернандез би добил дозвола за заминување од баварскиот клуб доколку висината  на понудата за него биде околу 50 милиони евра.

26-годишниот дефанзивец има важечки договор со германскиот гигант до 2024 година, а оваа сезона има забележано 27 настапи во сите натпреварувања за својот клуб.

Лукас Ернандез во Баерн Минхен пристигна од редовите на Атлетико Мадрид во 2019 година за сума од 80 милиони евра


Левандовски добива нов договор од Баерн Минхен

Robert LEWANDOWSKI, FCB 9 scores, shoots goal , Tor, Treffer, Torschuss, 2-0, 11m, celebrates his goal, happy, laugh, celebration, in the match FC BAYERN MUENCHEN – FC Red Bull SALZBURG of football UEFA Champions League, round of 16 in season 2021/2022 in Munich, Mar 8, 2022. Achtelfinale, FCB, Red Bull,

Според објавите на весникот „Билд“, раководството на Баерн Минхен ќе му понуди нов договор на првиот голгетер во тимот, Роберт Левандовски.

Актуелниот договор на полскиот напаѓач со баварците истекува во 2023 година, па клубот не сака да се стави во позиција да ризикува и да остане без својот најдобар стрелец.

Се очекува новата понуда да биде за тригодишен договор со кој 33-годишниот напаѓач би заработил 85 милиони евра.

Оваа сезона Левандовски во Бундеслигата има постигнато 29 гола додека во Лигата на шампиони успеа да запише 12 погодоци.


Трент Александер-Арнолд ќе паузира поради повреда

Членот на Ливерпул и англиската репрезентација, Трент Александер-Арнолд, поради повреда на тетивата ќе мора да паузира неколку недели, потврди тренерот на екипата, Клоп.

Поради здобиената повреда, Арнолд го откажа и настапот за селекцијата на Англија за претстојните пријателски средби против Швајцарија и Брегот на Слоновата коска.

Како олеснителна околност за Ливерпул е фактот што клубот во наредниот период нема настапи во Премиер лигата поради репрезентативната пауза. Следен нивни натпревар е во ФА купот против аутсајдерот Шрузбери.


Анелка: Кариерите на Меси и Роналдо се завршени

Поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка е убеден дека суперѕвездите Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се однесувале паметно кога минатото лето решиле да се преселат во Пари Сен Жермен, односно Манчестер Јунајтед.

Сезонава двајцата не ја прикажуваат својата најсилна игра, а нивните екипи доживеаја елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Нивните кариери се завршени и мислам дека треба да бидат многу среќни со она што го постигнаа во последните 15 години. Беа над сите и сега е нормално да забават. Повеќе ме изненади Меси отколку Роналдо. Мислев дека за Меси Франција ќе биде како прошетка, додека предвидував дека на Роналдо ќе му биде потешко во Англија, бидејќи за мене Премиер лигата е најсилното првенство во светот. И двајцата требаше да бидат попаметни. Токму тоа им се случува на играчите кои сакаат да играат повеќе време. Не постапија паметно. Мораа да смислат полесен предизвик бидејќи треба да донесете правилни одлуки за да завршите на врвот. Има играчи кои не се двоумат да се пензионираат на 32, 33 или 34 години за да не бидат критикувани. Се откажав на 36, но на 32 отидов во Кина“, изјави Анелка.


Потврдена одлуката на ФИФА за суспензијата на Русија

Судот за спортска арбитража со седиште во Лозана, ја потврди одлуката на ФИФА за отстранување на фудбалската репрезентација на Русија од баражот за СП во Катар.

Како што е познато, ФИФА и УЕФА на 28 .февруари ги исклучи руските тимови и репрезентации од сите фудбалски натпреварувањата.

Селекцијата на Русија во полуфиналниот бараж требаше да се сретне со репрезентацијата на Полска, која после оваа одлука ќе оди директно во финалниот бараж со подобриот од дуелот помеѓу Шведска и Чешка.


Манчини ги отвори картите за дуелот против Македонија

Селекторот на Италија Роберто Манчини  го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот со Македонија на 24 март. И покрај најавите сепак Манчини не го стацви на овој список Марио Балотели кој се надеваше на кам-бек во репрезентацијата.

Италија ќе биде домаќин во Палермо, каде ќе се одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

Европскиот првак ќе смета на следните играчи:

Голмани: Сиригу, Голини, Донарума, Грањо;

Одбрана: Ачерби, Бастони, Бираги, Бонучи, Кјелини, Ди Лоренцо, Емерсон, Флоренци, Луиз Фелипе, Мансини;

Среден ред: Барела, Кристанте, Жоржињо, Локатели, Песина, Пелегрини, Сенси, Тонали, Верати;

Напад: Белоти, Берарди, Имобиле, Инсиње, Жоао Педро, Политано, Скамака, Распадори, Закањи, Заниоло.



Одлични вести за Лидс Јунајтед

Тренерот на Лидс, Џеси Марш, објави дека Калвин Филипс и Лијам Купер се опоравија од своите повреди и можат да играат на следните натпревари на тимот. Филипс и Купер не се дел од екипата од декември минатата година. 

Екипата на Лидс во петок гостува во Вулверхемптон во натпревар од 30. коло на Премиер лигата. 

„Разговарав со двајцата. Нивното враќање ќе биде голем плус за тимот. И двајцата се многу добри играчи и мислам дека со нив ќе бидеме многу посилни“, изјави Џеси Марш.

Лидс е на 16-тото место на табелата во Премиер лигата со 26 бода од 29 натпревари.