фудбал

Реал се вклучи во трката по Адејеми

Реал Мадрид е силно заинтересиран за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми. 19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата.

Реал Мадрид ќе има жестока конкуренција бидејќи за Адејеми интерес покажуваат Баерн Минхен, ПСЖ и Ливерпул, но „кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Младиот напаѓач оваа сезона има одиграно 20 меча на кои постигна 14 гола и запиша 2 асистенции, а Салцбург за неговата слобода бара 40 милиони евра.


Милан ќе го откупи Брахим Дијаз

Фудбалскиот клуб Милан одлучи да го задржи во своите редови Брахим Дијаз кој настапува како позајмен играч од Реал Мадрид.

Милан за позајмицата на Дијаз плати 3 милиони евра но сега има можност да го откупи за дополнителни 20 милиони евра.

Самиот играч истакна дека е презадоволен од неговите настапи на „Сан Сиро“ и се согласува да потпише повеќегодишен договор со миланезите.


Њукасл го купува Зуле од Баерн Минхен

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија и официјално го презеде Њукасл и е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а веќе направиле список од неколку засилувања.

Прва трансферна цел во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле. Договорот на Зуле истекува на крајот на сезоната, а Баерн е спремен да го продаде во јануари.


Половина Европа го бара напаѓачот на Далас

Челниците на Манчестер Јунајтед размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Далас, Рикардо Пепи. 18-годишниот талент на вкупно 30 натпревари од почетокот на сезоната во МЛС-лигата даде 13 голови и направи 2 асистенции.

За неговите услуги се заинтересирани и Ливерпул, Челзи и Манчестер Сити, но, според информациите на „Ил Ресто дел Карлињо“, „црвените ѓаволи“ се чекор понапред во однос на конкурентите.

Италијанскиот клуб Болоња исто така планираше да го ангажира Американецот во јануарскиот трансфер период, но, најверојатно тоа нема да се случи.


Винициус разочаран од селекторот на Бразил

Играчот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор и покрај тоа што игра во одлична форма во моментов не доби повик за настап во бразилската репрезентација за претстојните натпревари овој месец.

„Тажен сум бидејќи секогаш сакам да бидам дел од репрезентацијата. Тите е одличен тренер и ги почитувам неговите одлуки но помалку сум разочаран бидејќи мислам дека се наоѓам во одлична форма. Сепак ќе морам да работам повеќе на тренинзите за да играм почесто. Сакам да бидам дел од тимот и знам дека ќе дојде вистинскиот момент за тоа“, изјави Винисиус за медиумите во Бразил.

Винициус Жуниор од почетокот на сезонава во дресот на Реал постигна 9 гола и има 7 асистенции.


Еди Хауи станува тренер на Њукасл

Според информациите од Англија, изгледа е решена дилемата за тоа кој ќе седне на тренерската клупа на Њукасл Јунајтед.

Новите сопственици на клубот одлучиле дека поранешниот тренер на Бурнмаут, Еди Хауи ги исполнува сите услови и наскоро ќе стане главен тренер на екипата.

За оваа одлука придонесе и одлуката на Унаи Емери  кој ја одби понудата на Њукасл и реши да остане тренер на Виљареал.

43- годишниот Хауи помина 8 години на клупата на Бурнмаут а беше тренер и во екипата на Барнли.


Конте целосно ќе го менува средниот ред на Тотенхем

Антонио Конте, има намера да изгради целосно нов среден ред во Тотенхем. Тој планира во наредните два преодни рока да се раздели со повеќе фудбалери и да привлече нови на нивните места.

Првите две големи цели на Конте се Франк Кеси од Милан и Николо Барела од Интер.  Се верува дека покрај засилување во средниот ред, Конте сака да ја зголеми конкуренцијата и во нападот.

За таа цел ќе се обиде да го привлече Душан Влаховиќ од Фиорентина.


Дембеле ќе си ја намали платата и ќе остане во Барса

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле се согласил на намалување на платата, објави „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот весник, 24-годишниот Французин финансиските загуби ќе може да ги надомести со бонуси за постигнување одредени цели. Договорот се планира да биде потпишан на три години со можност за продолжување за уште една.

Претходно беше објавено дека Дембеле сака да го обнови договорот со Барселона и бара од својот агент да го забрза потписот. Важечкиот договор на фудбалер со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година.

Вчера, Дембеле првпат се појави на теренот во сезоната 2021/22 по повреда. Тој влезе како резерва на натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев (1-0).


Дембеле повторно повреден

Играчот на Барселона, Французинот Осман Дембеле повторно заработи повреда на бутниот мускул, соопштуваат официјалните лица од клубот.

Во соопштението не се наведува периодот до кога Дембеле ќе отсуствува од теренот бидејќи тоа ќе зависи од процесот на опоравување.

24-годишниот играч неодамна се врати во тимот на Барса после пет месечна пауза поради повреда со која се здоби за време на Европското првенство играјќи за репрезентацијата на Франција.



Мурињо сака двајца фудбалери на Реал Мадрид

Жозе Мурињо планира во зимскиот преоден рок да го засили тимот со двајца фудбалери на Реал Мадрид.

Станува збор за дефанзивецот Начо и за плејмејкерот Дани Себаљос, пренесува „Марка“. Римскиот клуб добро ја започна сезоната, но во последните недели запиша неколку порази, па Мурињо јавно побара од раководството да биде засилен тимот.

„Специјалниот“ сака да ја засили одбраната и средниот ред и први на листата желби се двајцата фудбалери на Реал Мадрид.