фудбал

Интер му нуди продолжување на договорот на Чалханоглу

Челните луѓе на Интер му понудиле продолжување на договорот на турскиот фудбалски репрезентативец Хакан Чалханоглу до 2025. година.

28-годишниот Чалханоглу има актуелен договор со Интер до јуни 2024.година. Италијанските медиуми наведуваат дека управата на Интер е задоволна од игрите на Турчинот поради што е одлучено да му се понуди нов договор.

Чалханоглу пристигна во Интер во 2021.година од Милан. Тој претходно настапуваше за екипите на Бајер Леверкузен, Хамбургер и Карлсруе. За нероазурите има одиграно 57 напревари и постигнато 10 гола.


Вестон Мекени во јануари го напушта Јуве

Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Меккени во зимскиот преоден рок може да го напушти тимот. Интерес за фудбалерот пројавуваат бундеслигаши. Тоа го пренесува „Газета Дело Спорт“.

Според изворот, клубот од Торино е подготвен да го продаде 24-годишниот Американец за да врати дел од средствата од евентуалното купување на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Меккени е во Јувентус од 2020 година.

Најнапред „бјанконерите“ го позајмија фудбалерот од Шалке за 4,5 милиони евра, а потоа го откупија за 20,5 милиони евра.Сезонава Вестон Меккени постигна еден гол и асистираше еднаш на 11 меча во сите натпреварувања. Договорот меѓу двете страни истекува за три сезони.


Одземен пасошот на иранската легенда Али Даеи

Aли Даеи е најголемата иранска фудбалска легенда, а сега остана без својот пасош затоа што одлучил да излезе на протестите и да даде поддршка на жените кои секојдневно протестираат поради cмртта на млада Иранка.

Максе Амини почина три дена откако беше уапсена од иранската полиција само затоа што не неосела хиџаб. После тој случај во Иран настана голема револуција и се поголем број граѓани на оваа земја даваат поддршка на жените.

На таа поддршка се приклучи Даеи кој откако ја обвини власта остана без пасошот и може да се соочи со дополнителна казна.

„Поради се што зборуваше и што објави на Даеи му е одземен пасошот“, објавија медиумите во Иран.


Ливерпул со нови проблеми поради повредени играчи

Фудбалерите на Ливерпул Трент Александер-Арнолд и Жоел Матип ќе бидат надвор од терените три недели, поради повредите кои ги заработија на дерби дуелот со Арсенал кој Ливерпул го загуби со 3:2.

На истиот натпревар потешка повреда на коленото заработи и Колумбиецот Луис Диаз кој се очекува да има пауза до почетокот на идната година.

Ливерпул поради повреди не може да смета и на Артур Мело, Окслејд Чембрлејн, Наби Кеита и Ендру Робертсон.


Нагелсман без двајца дефанзивци во Чешка

Баерн Минхен гостува кај Викторија Плзен во 4.коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а од тимот стигнуваат информации дека нема да може да сметаат на сите играчи.

Дефанзивците на Баерн (Минхен) Матијс де Лихт и Алфонсо Дејвис ќе го пропуштат натпреварот против Викторија Плзен, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Двајцата фудбалери се повредија на натпреварот од 12. коло на германскиот шампионат против Борусија Дортмунд (2-2). Учеството на играчот од средниот ред Серж Гнабри на натпреварот против Викторија останува под знак прашалник.

На табелата во групата Ц води Баерн со 9 бодови. Екипата од Чешка е на последното, четврто место, откако ги загуби сите три натпревари во ова натпреварување.


Чеферин по трет пат ќе се кандидира за претседател на УЕФА

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација Александар Чеферин најави дека и по трет пат ќе се кандидира за таа функција.

55-годишниот Александар Чеферин е претседател на оваа фудбалска организација од септември 2016.година и одново посакува да добие четиригодишен мандат.

Словенецот кој е адвокат по професија веќе ги известил членовите на федерацијата за својата кандидатура пред одржувањето на квалификациите за Европското првенство 2024.година.

Изборниот конгрес на УЕФА е закажан за 5.мај 2023. година во Лисабон.


Мбапе е најскапо платен светски фудбалер

Лионел Меси падна на втората позиција по заработката помеѓу фудбалерите.

Тој беше престигнат од Килијан Мбапе, кој оваа сезона е најплатениот фудбалер во светот. Меси оваа сезона ќе има 120 милиони долари, а за прв пат по осум години ниту Меси ниту Роналдо не се на врвот на листата.

Одамна е јасно дека нивната ера полека поминува, ова е само уште еден доказ за тоа.

Инаку, Роналдо е трет на листата со 100 милиони, а Мбапе е прв со 128 милиони долари.


Конте добива нов договор и ќе биде најплатен менаџер во Премиер лигата

Тотенхем е подготвен да ја продолжи соработката со менаџерот Антонио Конте. Според „football365“, двете страни сакаат да се договорат за нов договор во блиска иднина.     

Доколку тренерот потпише ажуриран договор, тој би можел да стане најплатениот менаџер во Премиер лигата. Неговата плата ќе се зголеми на 23 милиони евра годишно. Актуелниот договор на Италијанецот истекува во летото 2023 година. 

Тотенхем е на третото место на табелата во Премиер лигата со 20 бодови.


Штутгарт го смени тренерот Пелегрино Матерацо

Поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, Штутгарт е во потрага по нов тренер откако управата одлучи да се раздели со досегашниот предводник Пелегрино Матарацо.

Штутгарт е единствениот состав кој по 9. кола нема ниту една победа во Бундеслигата, па поради тоа беше решено дека е време за промена и отказ за Матарацо. Американецот три години го водеше овој клуб во кој имаше подеми и падови, добри и лоши моменти, но на секоја приказна и има крај, па така и е случајот со 44 годишниот стручњак.

„Нашето заедничко патување во Шттугарт заврши. Ова беа прекрасни години исполнети со многу неверојатни моменти и спомени кои ќе траат засекогаш. Секогаш ќе бидам благодарен што ми се укажа шансата да стапнам на тренерската скала овде. Штутгарт посебен клуб кој го разбирате само кога сте дел од него. На овој тим, на овој клуб со овие навивачи му посакувам се најдобро и максимален успех“, порача Матарацо.


Гризман останува фудбалер на Атлетико Мадрид до 2026.година

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид соопштува дека Антоан Гризман потпиша договор со клубот до 2026.година.

Францускиот фудбалер досега играше како позајмен играч на Барселона, а позајмицата му истекуваше наредното лето.

Според достапните информации од медимите се претпоставува дека Атлетико ќе му исплати на Барселона 20 милиони евра, плус дополнителни четири милиони низ бонуси.

Антоан Гризман во 2019.година премина од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра, но тој не се снајде најдобро во каталонскиот клуб па беше вратен во Мадрид на позајмица.