фудбал

ПСЖ ги демантираше написите за договорот на Меси

Францускиот весник Л’Екип овјави текст во кој до детал открива колку Лионел Меси ќе заработува во ПСЖ.

Според нивните тврдења, Аргентинецот има договор до летото 2023. година со опција за продолжување на уште една. Со платата и бонусите за верност за 2023 и 2023 година би требало да заработи околу 110 милиони евра нето, што ПСЖ ќе го чини неколку пати повеќе кога ќе се премсета и даното.

Освен тоа, во тој износ не се пресметани бонусите за евентулано освојување на првенството, Лигата на шампионите, а Меси милион евра добил и во нова криптовалута.

На текстот реагираше спортскиот директор на Леонардно кој кажа дека весникот лаже и дека бројките кои се објавени немаат врска со вистината.

„Меси има договор на две, а не на три години. Се заедно е многу далеку од вистината и тоа недозволиво. Тоа е непочитување кон нас како клуб и мислам дека сите мора тоа да го знаат. Постојат работи во договорот кои се поверливи, а информациите кои се објавени се лажни.“


Куман се правдаше по поразот од Баерн

Долго се шпекулираше ова лето за продолжувањето на соработката на Барселона и Роналд Куман. Холанѓанецот има уште една година од договорот и во медиумите често се поставуваше прашањето дали ќе дојде до продолжување на истиот.

„Блауграна“ ја започна сезоната со победа над Сосиедад, потоа следеше реми со Билбао и уште една победа над Хетафе. Меѓутоа, она што не го очекуваа во шпанскиот клуб и што дојде како прилично изненадување, беше убедливиот пораз од Баерн со 0:3.

Веднаш по дебаклот, навивачите го критикуваа Холанѓанецот како најголем виновник за поразот.

„Пред Баерн требаше да одговорам дали ќе го продолжам договорот на уште една година… сега прашањето е дали стравувам за својата иднина. Потсетете се, во тимот има многу промени, повреди и млади играчи.“ – рече Куман правдајќи го својот неуспех во вторникот.

Долг е списокот на повредени играчи во Барселона. Мартин Брејтвајт, Серхио Агуеро, Ансу Фати и Усман Дембеле, а неодамна им се приклучија и Жорди Алба и Педри. Каталонците наредниот натпревар го играат вечерва против Гранада во петтото коло од Ла Лига, а понудата за него, но и многу повеќе ќе ја најдете на www.evrotip.mk


Роман Фавре ќе биде првото засилување за Милан во 2022 година

Милан во последните денови на преодниот рок не успеа да го комплетира трансферот Роман Фавре од Брест.

„Росонерите“ имаа договор со 23-годишниот офанзивен фудбалер, но не успеаа да се договорат со Брест за висината на обештетувањето.

Фавре важи за еден од најперспективните француски фудбалери и Милан ќе се обиде да го донесе во јануари.

Фавре е на мета уште на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но тој сака да се пресели на „Сан Сиро“ каде очекува дека ќе има поголема минутажа.


Почетино: Го заменив Меси за да го заштитам од повреда

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино ја појасни ситуацијата околу синоќешната замена на Лионел Меси на натпреварот против Лион, по која аргентинската sвезда се налути и не сакаше да се поздрави со него.

„Решивме да го извадиме Меси за да го заштитиме од можна повреда. Ни претстојат важни натпревари и мора да сме сигурни дека тој ќе биде на линија. Оваа одлука беше за доброто на тимот. Некогаш на играчите им се допаѓаат постапките на тренерот, другпат не. Сите знаат дека имаме одлични фудбалери, така што одговорноста е голема. Разговарав со Меси и тој рече дека е добро. Нема проблем“, објасни Почетино.


Марсијал се сели во Серија А во зимскиот преоден рок

Ентони Марсијал би можел во зимскиот преоден рок да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Серија А.

Марсијал е во Јунајтед веќе шест години, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата и во моментов е во втор план кај Солскјер.

Јунајтед е спремен да го пушти Марсијал на позајмица во јануари, а таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус.

Алегри сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот и во Французинот гледа идеално засилување. „Старата дама“ наскоро ќе испрати понуда за позајмица со право на откуп.


Рајола откри што ќе работи Ибра по фудбалската пензија

Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајола, откри што ќе направи шведскиот голгетер кога ќе ја заврши кариерата.

Ибрахимовиќ во моментов ги брани боите на Милан, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

„Зборуваме за иднината секоја година. Сигурен сум дека кога веќе нема да се почувствува како прва виолина, тој ќе каже„ доста“ и ќе стане директор на клуб“, рекол Рајола.


Спектакл каков Сараево не памети! (видео)

Сараевски Жељезничар прослави 100 години од своето постоење.

Славниот клуб од Босна и Херцеговина е основан во 1921. година, а неговите најверни навивачи натпреварот против Вележ го искористија за големо славје. Манијаци, навивачката група на популарниот „Жељо“, приредија спектакл за паметење.

Посебен поглед врз Сараево беше оној од олимписката планина Требевиќ. Од таму можеше да се види како изгледа Сараево, а тоа со еден збор може да се каже – неверојатно.

Точно во 21. часот, во спомен на 1921. година, на пруга која минува низ градот беа запалени десетици факли низ кои симболично поминуваше локомотива, еден од симболите на градот, а прославата продолжи низ целиот град.

Инаку, Жељезничар последно беше шампион во 2013. година, а во моментот по девет одиграни кола е на шестото место на табелата со 11 бодови помалку од водечкиот Тузла Сити.



Ван де Бек во јануари се сели на „Сан Сиро“

Италијанскиот шампион Интер ќе се обиде да го доведе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван ден Бек, во зимскиот преоден рок.

24-годишниот холандски интернационалец ја започна својата втора сезона на „Олд Трафорд“, но сепак има многу мали шанси да се појави како стартер во тимот на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Во тековната сезона, тој има одиграно само 51 минута во два меча во кои се најде на теренот. Доколку играчот од средниот ред продолжи да седи на клупата, Интер ќе се обиде да го откупи за време на зимската пауза.


Лаказет интересен за два италијански прволигаши

Арсенал е спремен да го продаде напаѓачот Александар Лаказет во јануари, пренесуваат медиумите на Островот. Французинот влезе во последната година од догогорот, па на „Емирати“ сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.

Арсенал нема намера да му понуди нов договор и е спремен да ги слушне понудите кои ќе пристигнат.

Меѓутоа, заинтересираните клубови сакаат да го донесат Лаказет без обештетување и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, па најверојатно Французинот ќе ја продолжи кариерата во Серија А.


Покетино му порача на Меси: Тренерот ги носи одлуките!

ПСЖ со 2:1 по драматичен пресврт во последните моменти од натпреварот го победи Лион и дојде до шестата победа во исто толку натпревари.

Парижаните на ремито против Бриж во ЛШ одговорија со победа во дербито, но натпреварот целосно го засени моментот од 66. минута. Покетино се одлучи да го замени Лионел Меси и да го внесе во игра Ашраф Хакими, на Аргентинецот тоа не му се допадна, па при излегувањето од терен не му подаде рака.

Покетино по натпреварот даде изјава во која се обиде да објасни што се случи, а истакна дека меѓу него и Меси нема проблеми.

„Сите знаат дека имаме низа сјајни играчи, имаме екипа од 35 одлични фудбалери. Меѓу нив мораме да бираме за натпреварот, но и да правиме промени во текот на истиот како би го направиле она што е најдобро за секој играч. Некогаш тие одлуки се добри, некогаш лоши, но тренерот е тој кој мора да ги донесе тие одлуки. Тоа може некому да се допаѓа или не. Го прашав Меси како е, рече дека се е во ред, нема проблеми.“ – рече Покетино.