фудбал

Револуција на повидок? Мажи и жени во ист тим!

Холандскиот фудбалски сојуз им дозволи на најталентираните фудбалерки да се приклучат на машките екипи во највисоко ниво на аматерско фудбалско натпреварување следната сезона, пренесуваат холандските медиуми.
Холандската куќа на фудбалот објави дека оваа одлука претставува историски момент на аматерскиот фудбал во Холандија, но и низ целиот свет, имајќи предвид дека мешаните тимови досега беа дозволувани само во помладите категории.
„Во согласност со духот на модерното време, но и неодамнешните истражувања, не гледаме причина строго да се држиме само до машките тимови. Нашата цел е еднаквост и разновидност “ – рече Јан Дирк ван дер Зи, претседател на холандската фудбалска аматерска асоцијација додавајќи:
„Сакаме на девојките и жените да им понудиме место на фудбалската мапа што се заснова на нивните квалитети и лични амбиции“.
Холандскиот фудбалски сојуз го започна овој интересен експеримент сезонава, кога 19-годишната фудбалерка Елен Фокема доби специјална дозвола да игра за локалниот машки тим Форут, кој се натпреварува во четвртата лига.
Иако беа одиграни само седум натпревари поради проблем со коронавирусот, овој експеримент беше оценет како многу позитивен.


Челзи сака да им го украде Кејн на гигантите од Манчестер

Челзи се вклучил во трката за потписот на Хари Кејн. Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот. Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа посочени како први фаворити за неговиот потпис, но сега Челзи сериозно се вклучува во трката. „Сините“ спремиле понуда од 100 милиони фунти, бидејќи Кејн е голема желба на тренерот Томас Тухел, кој го посочил напаѓачот како приоритет за летниот преоден рок.


Барса му подготвува отказ на Роналд Куман

Роналд Куман ќе мора да ја напушти функцијата на крајот од тековната сезона, објави ЕСПН.
Според изворот, неколку директори сметаат дека стилот на игра на Куман не е во согласност со долгорочните цели на клубот и ќе се откажат од него дури и ако Барселона го освои шпанскиот шампионат.
Куман го презеде кормилото на Барселона во август 2020 година, а има активен договор до крајот на следната сезона.


Лапорт се одлучи за настап за шпанската репрезентација

Емерик Лапорт се одлучи во иднина да настапува за шпанската репрезентација. Така фудбалската репрезентација на Шпанија неочекувано доби големо засилување за претстојното Европско првенство, бидејќи денеска шпанско државјанство доби Емерик Лапорт од Манчестер Сити. Лапорт беше еден од најголемите француски таленти и беше дел од младинската селекција на Франција, но нема настап за сениорската репрезентација на „триколорите“. Тој го искористи новото правило на ФИФА дека играч кој до својата 21 година играл помалку од пет меча за една земја, да смее да игра за друга.


Буфон најави заминување од Јуве, но не и пензија од фудбалот

Џанлуиџи Буфон изјави дека ќе го напушти клубот од Торино на крајот од сезоната. „Мојата иднина е веќе позната. Прекрасен и многу долг период во Јувентус конечно завршува оваа година. Мислам дека му дадов се на Јуве, но добив сè, па дури и повеќе. Или ќе престанам да играм, или ќе се најдам во ситуација што ме мотивира да ја продолжам кариерата. Можеби ќе добијам поинакво животно искуство“, изјави Буфон. За потсетување, Буфон стана играч на Јувентус во јули 2001 година, откако премина од Парма за 52,8 милиони евра. 17 години подоцна, тој го напушти италијанскиот клуб, заминувајќи во француски ПСЖ како слободен играч, но подоцна во сезоната, во 2019 година, Буфон се врати во Торино. Вкупно, Џанлуиџи Буфон одигра 683 натпревари за Јувентус, од кои 322 без примен гол.


Интер мора да продава за да ги покрие долговите

Интер ќе биде принуден да продаде најмалку една од своите sвезди ова лето за да ја пополни огромната финансиска дупка во својот буџет. Сопствениците на клубот, холдингот Сунинг доживуваат финансиски тешкотии кои сериозно влијаат и на клубот.
Според информациите, Интер е подготвен да стави на трансфер пазарот некој од двоецот Лаутаро Мартинез – Алесандро Бастони. Секој од нив може да се даде сериозна сума во касата на клубот, што ќе обезбеди средства за летната селекција на италијанскиот шампион.
Лаутаро Мартинез веќе долго време е во центарот на вниманието на Барселона и Манчестер Сити, кои внимателно ја следат ситуацијата со Аргентинецот. Бастони воодушеви со настапите во текот на сезоната и се повеќе клубови се интересираат за него. Тој е поврзуван со Ливерпул, Баерн и Барселона.


Ливерпул го сака Бамфорд од Лидс како предводник на својот напад

Ливерпул сигурно ќе претрпи големи промени на крајот на сезоната, особено ако „црвените“ не успеат да се пласираат во Лигата на шампиони.
Иднината на Салах и Фирмињо на „Енфилд“ е неизвесна, па приоритет на Клоп ќе биде засилување во нападот.
Последно име на списокот е напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд, кој игра одлична сезона.
Бамфорд оваа сезона има постигнато 15 гола во Премиер лигата и може да игра на повеќе позиции во нападот, па одлично би се вклопил во филозофијата на Клоп.


Лев го враќа Милер во репрезентацијата на Германија

Јоаким Лев планира да го врати Томас Милер во репрезентацијата за Европското првенство ова лето.
Лев веќе го повикал играчот за врска на Баерн и го известил дека сака повторно да смета на него.
Милер последен пат играше за Германија во ноември 2018 година во Лигата на нациите. Во март 2019 година, тој беше ослободен од националниот тим заедно со неговиот соиграч Жером Боатенг и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс. Пишувањата за враќање на Мулер се интензивираа во текот на изминатата година, бидејќи играчот за врска стана клучен играч на Баерн под водство на тренерот Ханзи Флик, а Баварците минатата сезона ја освоија Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите.
Лев ќе го објави составот за ЕП 2020 на 19 мај. Поради пандемијата на коронавирусот, Европското првенство беше одложено за една година, а сега тренерите ќе имаат право да повикаат 26 играчи, тројца повеќе од вообичаено.


Иниеста го продолжи договорот со јапонскиот Висел Кобе

Андрес Иниеста ќе продолжи да игра за јапонскиот тим Висел Коби.
Според прес-службата на јапонскиот клуб на Твитер, договорот со фудбалерот бил продолжен до 2023 година. Во исто време, денес, 11 мај, Андрес Иниеста го слави својот роденден и полни 37 години.
Иниеста се приклучи на Висел Коби летото 2018 година од Барселона како слободен агент. Договорот на фудбалерот со јапонскиот клуб траеше до крајот на 2021 година. Играчот за врска играше за Каталонците од почетокот на својата кариера. Со оваа екипа тој стана шампион на Шпанија девет пати, шест пати го освои Купот на Шпанија, четири пати ја освои Лигата на шампионите и стана сопственик на други трофеи. Со ова само се потврди тоа дека Иниеста ќе продолжи да игра фудбал уште најмалку една година.


Ден по катастрофалниот пораз, Роналдо не беше на тренингот на Јувентус (фото)

Јувентус во неделата загуби со 3:0 од Милан во 35. коло на Серија А и падна на петтото место во лигата. Торинскиот клуб сериозно „виси“ со пласманот во Лигата на шампионите идната сезона, а во случај да не се пласира, ќе забележи загуба од 90 милиони евра.
Ден по тешкиот пораз од росонерите, Кристијано Роналдо го пропушти тренингот, а причината е оправдана.
Клупскиот шеф Андреа Ањели, во друштво со неговиот роднина Џон Елкан, го одведоа Роналдо во фабриката на Ферари во Маранело. Роналдо поради тоа го прескокна тренингот во пресрет на гостувањето кај Сасуоло во среда. На тој натпревар, Јувентус не смее да киксне.
Во случај Јувентус да не избори пласман во Лигата на шампионите, многу е веројатно дека Роналдо би можел да бара нов клуб.