фудбал

Чави: Не би го менувал Левандовски за ниту еден друг играч на светот

Тренерот на Барселона Чави Ернандез во интервју за шпанските медиуми истакнува дека не би го менувал полскиот напаѓач Роберт Левандовски за ниту еден друг фудбалер на светот.

Барселона во саботата ја совлада екипата на Мајорка со 1:0, во натпревар од седмото првенствено коло во Ла Лига.

Левандовски пристигна во Барселона за време на летниот преоден рок од Баерн Минхен. На девет натпревари во дресот на каталонците досега постигна 12 гола.


Коман се опорави од повредата и започна со тренинзи

Фудбалерот на Баерн Минхен Кингсли Коман им се врати на тренинзите со екипата откако ја залечи повредата поради која отсуствуваше три и пол недели.

Коман поради повредата на мускулот од десната нога која ја задоби на тренинг со тимот, го пропушти собирот со репрезентацијата на Франција на средината од септември и не настапи на дуелите во Лигата на нации со Австрија и Данска.

Неговото опоравување и враќање на тренинзите е добра вест за Баерн, но и за репрезентацијата на Франција, седум недели пред почетокот на СП во Катар.


Барса без Холанѓаните и Кунде на гостувањето во Милано

Френки де Јонг е изоставен од тимот на Барселона за дуелот со Интер во вторник навечер во Лигата на шампионите. Утрово тренерот Чави Ернандез го објави својот список на играчи кои заминуваат во Милано.

Де Јонг заработи повреда на изминатите натпревари на репрезентацијата на Холандија. Вчера тренираше, но на крајот беше одлучено да не патува во Италија.

Надвор од составот поради повреди се уште тројца странци во клубот – Мемфис Депај, Жил Кунде и Роналдо Араухо, како и Хектор Белерин.


Колумбиецот Синистера интересен за Малдини и Милан

Милан во зимскиот преоден рок сака да ја засили десната крилна позиција, особено после повредата на Салемакерс.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го следи играчот на Лидс и колумбиски репрезентативец, Луис Синистера.

Синистера ова лето за 25 милиони евра се пресели во Феенорд во Лидс и веднаш го покажа својот потенцијал во Премиер лигата.

23-годишниот Колумбиец може да игра на двете крилни позиции и „росонерите“ веруваат дека одлично ќе се вклопи во нивниот стил на игра.

Малдини веќе стапил во контакт со неговиот агент, но тешко дека Лидс ќе се согласи да го продаде на средина од сезоната.


Левандовски му предложил полски дефанзивец на Чави и Лапорта

Роберт Левандовски е најголемото засилување за Барселона во летниот преодниот рок, полскиот напаѓач игра одлично на стартот од сезоната.

Сега новинарите на „Тутоспорт“ пренесуваат дека Левандовски и сугерирал на управата на Барселона да ја разгледа опцијата за доведување на дефанзивецот на Специја, Јакуб Кивиор. Овој фудбалер настапи на последните два натпревари на Полска во Лигата на Нации против Холандија кога беше еден од најдобрите играчи на теренот и против Велс.

Дефанзивецот одработи одлично во одбраната, а неколку пати спасуваше и чист гол. Во тие моменти тој го импресионирал Левандовски кој го предложил на Барселона.


Трајковски го прослави јубилејниот 300-ти натпревар во кариерата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски прослави одличен играчки јубилеј.

Македонскиот напаѓач го одигра својот 300-ти натпревар во кариерата, овојпат носејќи го дресот на Ал Фехја во победата на Ал Шабаб со резултат 1:2.

Трајковски преку пост објавен на социјалните мрежи му се заблагодари на сите клубови за кои настапувал и за довербата која тие клубови му ја дале. 

Тој во кариерата го носеше дресот на Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Алборг.


Сити му нуди нов договор на Фоден

Еден ден после дерби натпреварот помеѓу градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, англиските медиуми ја пренесуваат веста дека Сити решил да му понуди нов договор со подобрени финансиски услови на фудбалерот Фил Фоден.

Според информациите Фоден со новиот договор би заработувал 240 илјади евра неделно, и би останал во клубот до 2027.година.

Англискиот репрезентативец е „дете“ на Манчестер Сити и се очекува негово прифаќање на новиот предлог договор во најскоро време.

Фоден на дербито со Јунајтед кое заврши со победа на Сити од 6:3, постигна хет-трик, исто како и неговиот соиграч Халанд.


Клоп: Имаме малку бодови и тоа е реалноста во моментов

Ливерпул вчера одигра дома со Брајтон 3-3 во трилер меч во Премиер-лигата а тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, вели дека гостите го заслужиле освоениот бод на „Енфилд“.

„Брајтон е многу добар тим.Играа со нова формација и бевме малку изненадени. Губевме со 2-0 и успеавме да се вратиме. Можевме и да победиме но, знам дали ќе беше заслуженo. Можевме да се браниме многу подобро, таков е фудбалот и мораме да го прифатиме. Знам дека имаме 10 бода и тоа е реалноста“, потенцираше Германецот.


Руни открива кој фудбалер му беше најдобар соиграч во кариерата

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, откри кој му беше најдобар соиграч во кариерата. Руни за идеален партнер во тимот го избра Карлос Тевез кој настапуваше за Јунајтед од 2007 до 2009 година.

„Тевез беше фудбалерот со кој уживав да играм како напаѓач. Двајцата одлично се разбиравме и надополнувавме на теренот“, изјави Руни.

36- годишниот Руни за Манчестер Јунајтед одигра 559 натпревари и постигна вкупно 253 гола.


Баерн го капариса големиот талент на Баер Леверкузен

Баерн Минхен е спремен да го сруши трансферниот рекорд за да го доведе младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.

19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера. Поради тоа Баерн е спремен да ја победи конкуренцијата и да го доведе на „Алијанц Арена“.

Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.