фудбал

Удар на егото на Мурињо, не беше прв пик на Рома?!

Италијанскиот фудбал повторно ќе има „атракција“ во видот на Жозе Мурињо. Трофејниот Португалец се враќа во Италија после пауза од 11 години. Ја напушти „Чизмата“ како победник, во 2010. година ја освои историската „триплетаа“, а се враќа по очајната сезона во Тотенхем. „Специјалниот“ ќе ја води Рома, но италијанските медиуми пишуваат дека португалскиот стручњак не беше првиот избор на „волчицата“. Сопственикот на Рома пред Мурињо го контактирал Марсело Гаљардо, тренерот на Ривер Плата. Сепак, Аргентинецот ја одбил понудата од една причина. Неговиот договор со Ривер истекува на крајот од годината, а до тогаш не сака да размислува за промена. Гаљардо е доста барано име во светот на фудбалот, своевремено се споменуваше и како еден од кандидатите за преземање на Барселона, но и на Реал Мадрид.


Сакате успех во Лига Европа? Земете го Унаи Емери!

Унаи Емери е човекот кој треба да го имате во клубот доколку сакате финале во Лига Европа, го однесе и Вилјареал во финале, откако „жолтата подморница“ издржа во Лондон со Арсенал и со 0-0 стигна до финале, а секако клучна беше победата на првата средба со 2-1 во Шпанија.
Виљареал стигна до прво европско финале во историјата, Емери до петто, откако претходно тоа му успеа со Севиља и со Арсенал.
Емери со Виљареал ќе игра за титула против Манчестер Јунајтед во Лига Европа.


Матераци: Добро е што Мурињо потпиша за Рома, а не за Милан или Јуве

Марко Матерациа беше член на генерацијата на фудбалерите на Интер кои освоија триплета во 2010 година.
Таа генерација на Интер од клупата беше предводена од Жозе Мурињо кој од наредната сезона ќе биде тренер на Рома.
За Матераци е подобро што Мурињо ќе ја води Рома отколку Јувентус или Милан.
„Подобро што е во Рома отколку во Јувентус и Милан. Ќе бев навистина изненаден ако преминеше Јувентус. За навивачите на Интер е неприфатливо да прифатеше понуда од Јувентус или Милан. Мислам дека треба да се разбере неговиот избор, Мурињо направи многу за Интер“, изјави Матераци.
Матераци верува дека Мурињо може многу да направи за Рома.


Гаја заминува од Валенсија, Барса најсериозен кандидат за неговиот потпис

Фудбалерот на Валенсија, Хозе Гајa, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во Атлетико Мадрид или во Барселона.
Според шпанските медиуми, Каталонците бараат замена за ветеранот, Жорди Алба додека пак, мадриѓани, сакаат да се засилат во дефанзивата која се чини е послабиот дел од тимот.
Хозе Гајa досега има одиграно 258 натпревари и постигнато 6 голови во дресот на „лилјаците“ додека за репрезентацијата на Шпанија, има 13 средби на кои постигнал два гола.


Шчешни го кочи трансферот на Донарума во Јуве

Медиумите на Апенините веќе неколку недели пренесуваат дека Џанлуиџи Донарума е пред трансфер во редовите на Јувентус. Наводно, голманот и челниците на Јувентус ќе направат финални разговори по крајот од сезоната каде треба да бидат договорени и деталите за трансферот на голманот во торинскиот клуб. Според информациите Јувентус на Донарума му понудил петгодишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона, но за реализација на трансферот има еден проблем. Имено, Јувентус мора прво да се ослободи од Шчешни за да го комплетира трансферот на Донарума, но тоа нема да биде воопшто лесно.


Барса незаконски го контактирала Нејмар, ПСЖ се закани со казни

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи го повика раководството на Барселона да ја остави бразилската sвезда Нејмар на мира. Разговорите меѓу Парижаните и напаѓачот за продолжување на договорот, кој истекува во летото 2022 година, се тешки. Според Ал- Халаифи, постојат контакти меѓу Барселона и поранешниот играч на оваа екипа и за тоа се делумно виновни од Барселона. Според „Радио Каталонија“, Ал-Келаифи побарал од Барселона да престане да комуницира со Бразилецот. На почетокот на овој месец стана познато дека Барселона ќе се обиде да го врати играчот ова лето, подготвувајќи 100 милиони евра за оваа намена.


Преодниот рок во Премиер лигата се отвора на 9 јуни

Англиската Премиер лига ги потврди датумите на трансфер периодот за летото 2021 година. „Трансфер периодот ќе биде отворен 12 недели од 9 јуни и ќе се затвори на 31 август. Датумите ќе бидат во согласност со другите европски лиги“, стои во официјалното соопштение на лигата. Да потсетиме дека претходно премиерлигашкиот преоден рок не беше синхронизиран со другите европски лиги, затворајќи се пред првото коло на шампионатот. По 34 одиграни кола во Англискиот шампионат 2020/21, Манчестер Сити е во водство (80). За да ја освојат лигата, на Манчестер Сити им треба само еден натпревар од преостанатите четири или да очекуваат кикс на второпласираниот Манчестер јунајтед, кој има 67 бода од 33 натпревари.


Икарди ќе биде првото засилување на Мурињо во Рома

Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А на лето. Маурицио Покетино наводно не е симпатизаер на играта на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб. Италијанските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот ќе биде примарна цел на Жозе Мурињо во Рома. Реален проблем може да биде високото обештетување што ПСЖ сигурно ќе го побара за Икарди, па ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп.


Меси пред 6 години му ја „скрши кичмата“ на Боатенг и сам го уништи големиот Баерн

Аргентинецот на овој натпревар постигна два погодока, но антологискиот дриблинг при вториот погодок ќе остане врежамн во историјата засекогаш.
Ова злосторство се случи на денешен ден пред шест години.


УЕФА ќе суспендира четири екипи од ЛШ?!

Четири екипи се под закана од суспензија во Лигата на шампионите, бидејќи се уште не се оградиле од идејата за фомирање на нова Суперлига. Овој потег го подготвува Европската куќа на фудбалот – УЕФА, а станува збор за Јувентус, Милан, Реал и Барселона.
За потсетување, шесте англиски екипи, како и шпански Атлетико Мадрид веќе одлучија дека во таканаречената „Суперлига“ нема да земат учество.
Како што најавува УЕФА, екипите кои остануваат при својот став, можат да бидат санкционирани согласно чл. 51 од Статутот кој посочува токму на забрана за основање на натпреварување надвор од организација на УЕФА.