фудбал

Мурињо остана и без Спинацола во клучната недела во полусезоната

Италијанскиот дефанзивец, Леонардо Спинацола заврши со настапите за Рома за оваа година.

Следниот натпревар Спинацола ќе го игра во 2023 година и тој не е во комбинација за денешниот дуел со Верона. Спинацола заработил повреда на левиот квадрицепс за време на последниот тренинг пред дуелот со Верона.

Првичните информации од медицинскиот тим се дека тој ќе отсуствува најмалку 2-3 недели. Ова значи дека нема да може да и помогне на Рома во големото дерби со Лацио, како и во дуелте со Сасуоло и Торино. Исто така Мурињо ќе биде без него во Лигата на Европа против Лудогорец.

Тој ќе биде во составот на Рома за време на подготовките во текот на Светското првенство кои ќе се одвиваат во Јапонија. Освен Спинацола Мурињо не може да смета ниту на Матиќ, Дибала и Вајналдум.


Академија Пандев не ја прифати оставката на Васоски

Александар Васоски останува тренер на фудбалскиот прволигаш Академија Пандев. Васоски си поднесе оставка од тренерската позиција после поразот од Работнички со 0:2, но раководството на струмичкиот клуб сепак не ја прифати оставката. Раководството на Академија Пандев верува дека Васоски и понатаму е вистинско решение за екипата и дека заедно со фудбалерите ќе успеат да ја пребродат резултатската криза.

Академија Пандев се наоѓа на претпоследното место на табелата во Првата лига, и има освоено само осум бодови.


Пиоли го продолжи договорот со Милан

Италијанскиот тренер Стефано Пиоли го продолжи договорот со Милан до 2025.година.

Пиоли е тренер на Милан од 2019.година, и минатата сезона успеа да ја освои шампионската титула во серија А, што е прво Скудето за росонерите после 11 години.

Милан има изгледни шанси да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампиони, за прв пат од сезоната 2013/14. За ова на миланезите му е потребен само бод против екипата на Салцбург на натпреварот кој се игра во Милано.


Погба ја обновил повредата, нема да игра на СП во Катар

Пол Погба сигурно нема да игра на Светското првенство во Катар. Погба започна да тренира со првиот тим на Јувентус, но веднаш повторно се повредил. Во прашање сега е повреда на бутниот мускул поради која ќе отсуствува десетина дена што значи дека ќе има само две недели да се спреми за Мундијалот и тешко е да се верува дека во таква ситуација ќе заигра за Франција.

Од претходно е познато дека повредата на метатаразлната коска Погба нема да игра до 2023 година за Јувентус, меѓутоа се надеваше дека ќе се опорави пред Светското првенство, меѓутоа како што стојат работите тоа нема да биде случај.


Лукаку е повторно повреден

Италијанскиот клуб Интер денес соопшти дека напаѓачот Ромелу Лукаку повторно се повреди. Тој заработи нова повреда на мускулот поради што ќе треба да се направат дополнителни прегледи во текот на наредните неколку денови.

Репрезентативецот на Белгија штотуку се врати во тимот после два месеци отсуство, но сега повторно се соочува со нова пауза.

Екипата на Интер веќе обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, а Лукаку нема да може да настапи на дуелот со Баерн во Минхен.


Винициус: Франција е фаворит за освојување на СП во Катар, но посакувам трофејот да го освои Бразил

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, Винициус Жуниор, изјавува дека селекцијата на Франција е прв фаворит за шампион на Мундијалот во Катар.

„Ова ќе биде посебно Светско Првенство за мене и за сите оние кои се надеваат Бразил да оствари добар резултат во Катар. После подолг период мислам дека имаме многу јак тим кој ќе се бори за насловот. Најдобра репрезентација и фаворит е секогаш онај тим кој го освоил последниот Мундијал. Мислам дека Франција во моментот е најдобра селекција, но се надевам и мислам дека Бразил ќе биде главниот конкурент на Франција за освојување на титулата“,порачува Винициус.


Њукасл спремен да понуди огромна сума за Лаутаро

Њукасл Јунајтед наводно конечно е спремен да потроши голема сума за еден трансфер, а како што пишуваат италијанските медиуми, нивна цел во летото следната година е аргентинскиот напаѓач на Интер Лаутаро Мартинез.

Њукасл Јунајтед стана најбогатиот тим на светот откако минатата година беше преземен од конзорциум од Саудиска Арабија, а тимот полека се движи кон врвот на англискиот фудбал.

„Страчките“ веќе донесоа неколку познати имиња. Најмногу пари одвоија за шведскиот напаѓач Александар Исак, дури 70 милиони евра, а следниот трансфер може да ги сруши сите рекорди. Италијанските медиуми тврдат дека на мета на англискиот клуб е аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и дека тимот од „Ст. Џејмс Парк“ прави се за да го доведе во своите редови.


Боб Мартинез безрезервно верува во Еден Азар

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, верува во квалитетите на Еден Азар и е убеден дека крилниот напаѓач може многу да им помогне на „црвените ѓаволи“ на претстојното Светско првенство во Катар.

„Последните две години беа предизвик за Азар. Тој имаше болки на ЕП, но во неколку наврати успеа да и помогне на тимот. Мислам на тие 60 минути против Португалија. Не треба да го потценуваме она што може да го направи кога е здрав и фит“, изјави Мартинез.

31-годишниот играч сè уште може да настапи на четири натпревари за „кралевите“ пред почетокот на Светското првенство и ќе се надева дека тоа ќе биде во добра форма за почетокот на големиот форум.


Атлетико одбил сто милиони евра за Жоао Феликс

Атлетико Мадрид ова лето одбил понуда од Баерн Минхен тешка 100 милиони евра за Жоао Феликс.

Феликс пристигна во Атлетико во 2019 година за рекордни 120 милиони евра, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата.

Ова лето Симеоне ја одбил богата понуда бидејќи верува во Португалецот и смета дека е еден од клучните фудбалери во тимот. Меѓутоа, оваа сезона не почна добро за Феликс, кој често е на клупата за резерви, па сака во јануари да ја промени средината.


Кифор од Специја на радарот на големите италијански клубови

Дефанзивецот на Специја, Јакуб Кифор игра одлично и го привлече вниманието на Милан и Јувентус.

22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А и покажа дека е огромен потенцијал. Тој го привлече вниманието на многу европски клубови, а најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус.

Според медиумите „росонерите“ се во пол-позиција за полскиот дефанзивец, но Јувентус исто така работи на трансферот.

Специја за слободата на Кифор бара 30 милиони евра, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.