фудбал

Ковачиќ ќе го прескокне првиот натпревар на Челзи против Реал

Матео Ковачиќ нема да може да му помогне на Челзи во првиот натпревар од полуфиналето помеѓу Челзи и Реал Мадрид кој се игра во вторник. Одличниот 26 годишен играч за врска има проблеми со повреда и ќе биде единствениот играч на лондонските „сини“ на кој менаџеот Томас Тухел не ќе може да смета. Не е познато кога Ковачиќ ќе се врати на теренот, но веројатно би го пропуштил и натпреварот против Фулам на (1 мај), но и реваншот против Реал Мадрид на „Стенфорд Бриџ (5 мај).


Велс остана без селектор, Гигс обвинет за напад врз поранешната девојка

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го загуби статусот селектор и нема да ја предводи селекцијата на Велс на Европското првенство летово, откако покренато е обвинение за присилна контрола и напад на својата поранешна девојка, Кејти Гревил по караница во неговиот дом во Манчестер на 3 ноември. 47-годишниот Гигс беше уапсен по инцидентот, а денеска е обвинет за физички напад и за присилна контрола над Гревил од декември 2017 до ноември 2020 година, објави полицијата од Салфорд, Манчестер. За нападот, Гигс може да добие 6 месеци затвор и казна до 5.000 фунти, но посериозно е обвинението за контрола, за кое може да добие дури 5 години затворска казна. Гигс и Гревил беа заедно од 2017 година, осум месеци по разводот од сопругата Стејси, кога се дозна дека осум години ја мамел со сопругата на неговиот брат, Родри Гигс. Гигс паузираше три меча од селекторското место во Велс, но се врати на клупата после истрагата. Селекција на Велс на ЕВРО 2020 ќе ја предводи Роберт Пејџ.


Несторовски го повреди коленото, неизвесен настапот на ЕП

Илија Несторовски се повреди и сезоната за него во Серија А е завршена, а во прашање се доведува и неговиот настап на Европското првенство. Италијанските медиуми пренесуваат дека Нестор се повредил на вчерашниот тренинг, станувало збор за повреда на коленото и во наредните денови ќе биде позната точната дијагноза. По прегледите ќе се знае дали станува збор за истегнување, оштетување или кинење на лигаменти, до тогаш ние ќе се надеваме на најдоброто сценарио, а тоа е да биде спремен да и помогне на Македонија на ЕП.


Бордо под административна контрола по повлекувањето на инвеститорите од САД

Францускиот прволигаш Бордо е ставен под административна контрола откако инвеститорите од Кинг Стрит ја повлекоа финансиската поддршка, објави Лига 1. Причината за нивната одлука е пандемијата на ковид-19 и прекинатата претходна сезона, што доведе до големи загуби на жирондинците. Финансиската криза во Бордо се засили по банкротот на „Медијапро“, кој ги имаше телевизиските права за рекордни 780 милиони евра за сезоната помеѓу 2020 и 2024 година. Шпанскиот медиумски гигант ги откажа финансиските придонеси минатата година. Бордо беше шампион на Франција во сезоната 2008/2009, но оваа сезона е во лоша форма и ситуација и сега е на 16-то место во Лига 1 со пет бода над линијата за испаѓање.


Артета: Обамејанг загуби седум килограми

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, проговори за состојбата на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, кој се опоравува од маларија. „Многу разговарав со него. Вчера за прв пат влезе на терен на тренинг. Тој сè уште е под медицински надзор. Тој претрпе сериозно заболување, имаше неколку тешки моменти. Ние сакаме да му помогнеме брзо да се опорави и да се врати во форма, бидејќи ни е потребен. Вчера изгледаше подобро. Се надевам дека кога ќе ја врати претходната тежина, која ја изгуби поради болест, ќе може целосно да тренира“, изјави Артета. Во тековната сезона на англиската Премиер лига, Обамејанг одигра 25 натпревари, на кои постигна 9 гола и 1 асистенција.


Хамес најави враќање во Шпанија

Хамес Родригез планира да го напушти Евертон на крајот од оваа сезона, тврдат медиумите на Островот. Колумбијскиот фудбалер пристигна на Гудисон Парк во септември и на почетокот беше еден од најдобрите играчи во клубот, но и во лигата. 29-годишниот Колумбиец брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на Карло Анчелоти и одлично игра оваа сезона. Меѓутоа, на Хамес не му се допаѓа живото на Островот и сака да ја промени средината на лето. Наводно, на него не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот кој се игра, поради кој доаѓа до честите повреди.


Даблин исклучен од ЕП 2020, натпреварите преместени во Лондон и Санкт Петерсбург

УЕФА одлучи да го тргне од картата на градови организатори на ЕУРО 2020 градот Даблин. За разлика од Даблин и Билбао, Минхен и стадионот „Алијанц арената“ ќе се одржат со навивачи, но максималниот број ќе изнесува 14.500 навивачи. Исто така УЕФА потврди за некои промени на стадиони. Четири натпревари кои требаше да се одржат во Билбао се преместени на „Ла Картуха“ во Севиља и тоа со гледачи, а исполнетоста на стадионот треба да биде максимум 30% од капацитетот и ќе биде домаќин на три меча од групата Е и еден од осминафиналето. Трите натпревари од истата група Е кои требаше да се играат во Даблин се префрлени на стадионот во Санкт Петербург кој веќе е домаќин на три меча од групата Б и еден од четвртфиналето. Значи овој стадион доби уште три дополнителни натпревари. Едниот натпревар од осминафиналето кој требаше да се одржи во Даблин е префрлен на „Вембли“ во Лондон.


Арсенал се вклучи во трката за десетката на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни не можат да се договорат. Ситуацијата будно ја следи Арсенал кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Емирати“. Покрај „топџиите“ за плејмејкерот интерес покажуваат уште Челзи и Јувентус.


Квадрадо добива нов договор во Јувентус

Раководството на Јувентус ќе му понуди нов договор на 32-годишниот колумбиски фудбалер Хуан Квадрадо. Тековниот договор на играчот со „Старата дама“ е до летото 2022 година, а новиот предлог ќе биде договор за продолжување до 2023 година. Оваа сезона, Квадрадо има 33 натпревари за Јувентус и досега 15 асистенции.


Задолжителен карантин за будндеслигашите!

Првите луѓе на Бундеслигата донесоа одлука за задолжителен карантин за сите фудбалски клубови кој ќе започне в понеделник на 3 мај. На сите инволвирани во првата и втората лига ќе им биде дозволено да го напуштаат домот само за натпреварите и тренинзите за да се намали можноста за ширење на заразата. Тоо значи дека до крајот на сезоната сите клубови ќе мора да одат во карантин.