фудбал

Суарез наскоро ќе потпише за Интер Мајами во МЛС лига

Луис Суарез може да ја продолжи кариерата во МЛС лигата. Интер Мајами е заинтересиран за услугите на 35-годишниот уругвајски фудбалер. Атлетико наводно одлучил да не го продолжи договорот со Суарез. Така Суарез на лето со слободен трансфер може да се пресели во клубот од МЛС лигата. Да потсетиме дека Суарез игра за Атлетико Мадрид од 2020 година, се пресели од Барселона за 7 милиони евра.

Оваа сезона напаѓачот учествуваше во 29 натпревари од Ла Лига, постигна 11 гола и даде 2 асистенции. Пазарната вредност на Суарез се проценува на 10 милиони евра. Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува на крајот од сезоната.


Проблеми со законот за американската фудбалерка Хоуп Соло

03 MAR 2016: USA Goalkeeper Hope Solo before the SheBelieves Cup between the USA vs England at Raymond James Stadium in Tampa, Florida. (Cliff Welch/Icon Sportswire) (Icon Sportswire via AP Images)

Поранешната светска и олимписка фудбалска шампионка со селекцијата на САД, Хоуп Соло е уапсена поради возење во пијана состојба, соопшти американската полиција. Во нејзиниот автомобил имало и две деца, за кои се верува дека се нејзините 2-годишни близнаци.

Според извештајот, апсењето се случило во четвртокот на паркингот пред трговскиот центар во Винстон-Салем, Северна Каролина. Покрај тоа што возела во алкохолизирана состојба, поранешната голманка на САД е обвинета и за давање отпор при апсење и загрозување на здравјето на децата.

Таа е пуштена од притвор и треба да се појави на суд на 28 јуни.


Нкунку од РБ Лајпциг е прв пик за наследник на Салах

Многу реакции во англиската јавност предизвикува одолговлекувањето на потписот на новиот договор на Салах со Ливерпул. Дека работите не одат во добра насока потврди и Јирген Клоп во своите изјави пред медиумите, па сега како реална можност изгледа Салах да го напушти „Енфилд“.

Токму поради таквата ситуација во Ливерпул веќе размислуваат и на фудбалери кои би можеле да го наследат напаѓачот. „ЕСПН“ пренесува денес дека желба на Клоп е фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку.

Французинот игра одлично во дресот на германскиот клуб, постигна 15 голови во Бундеслигата оваа сезоан и уште седум во Лигата на шампионите. Освен головите 24 годишниот фудбалер е одличен и во улогата на асистент, Нкунку запиша дури 15 асистенции оваа сезона.

Она што може да биде проблем за Ливерпул е интересот за Нкунку од неколку големи европски клубови, како што се ПСЖ, Реал, Баерн, Јунајтед…Нкунку има договор со Лајпциг до 2024 година и германскиот клуб сигурно нема да го пушти за помалку од 70 милиони евра.


Икарди најави враќање во Серија А

Мауро Икарди е незадоволен од својот статус во ПСЖ и ова лето најверојатно ќе ја промени средината.

ПСЖ исто така е спремен да го продаде Аргентинецот и веќе му порачал дека слободно може да си бара нов клуб. Икарди сака да се врати во Серија А, а интерес за него покажуваат Милан и Наполи.

Златан Ибрахимовиќ најверојатно ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.


Лапорта: Жалам што порано не го доведов Чави за тренер

Жоан Лапорта е задоволен од тоа како се одвиваат работите во клубот од кога тој се врати на чело на Барселона. Лапорта истакна дека требало Чави на клупата на Барселона да го доведе и порано, но работите не биле така јасни и едноставни.

„Мојата најдобра одлука од кога станав претседател е враќањето на Чави. Требаше и порано да го направам тоа, сепак не е така едноставно како што мислат луѓето“.

Новинарите му поставија и прашање за Ерлинг Халанд.

„Веќе зборував дека клбуот го ставам пред сите други…Ние нема да испраќаме астрономски понуди кои можат да ја загрозат нашата финансиска ситуација. Сакаме да го максимизираме тимот, а не да го индивидуализираме. Нема да ви кажам ниту едно име затоа што тоа може да подигне цената на фудбалерот“, изјави Лапорта.


Лаказет му се придружува на Обамејанг во Барселона?

Напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет е трансфер мета на Барселона, која може да го доведе на лето без обештетување.

Французинот има договор со Арсенал само до крајот на сезоната и не е сигурно дали повторно ќе потпише за „топџиите“.

Лаказет има право да преговара, па дури и да потпише преддоговор со заинтересирани клубови. Неодамна беше објавено дека од Арсенал на Лаказет му понудиле нов едногодишен договор, но нема одговор дали играчот истиот ќе го прифати.

Според извори од Шпанија, Лаказет е следен од Барселона, и доколку тој пристигне на Камп Ноу, повторно би заиграл заедно со неговиот поранешен соиграч од Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој е член на Барса од јануари.


Ајакс бара 4 милиони евра за да го ослободи Тен Хаг

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг веќе е главен фаворит за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, а оваа позиција уште повеќе се зацврсти по првите преговори што раководството на „црвените ѓаволи“ ги одржа со потенцијалните кандидати.

Пред неколку дена медиумите во Англија објавија дека на „Олд Трафорд“ веќе почна анализа на потенцијалната казна што ќе треба да ја платат за да го ангажираат тренерот на Ајакс.

Според дел од медиумите, Манчестер Ј. на Ајакс ќе треба да му плати 4 милиони евра за да ја добие слободата на тен Хаг. Раководството на Ајакс веќе неколку пати индиректно изјави дека нема да му пречат на Тен Хаг, бидејќи се свесни за условите во модерниот фудбал и се подготвени да го пуштат, иако го ценат неговиот труд.


Баерн Минхен започна преговори за нов договор со Томас Милер

Германскиот гигант Баерн Минхен започна преговори за нов договор со еден од своите најискусни играчи, Томас Милер. Неговиот актуелен договор со баварците е до летото 2023 година.

Според информациите од медиумите, челниците на Баерн му понудиле нов договор на една година, со можност за продолжување на плус уште една година.

32-годишниот Милер е дел од првиот тим на Баерн од 2008 година.


Де Јонг позитивен на ковид-19, ќе го пропушти дуелот со поранешниот клуб

Напаѓачот на Барселона, Лук де Јонг е позитивен на коронавирус. 31-годишниот холандски фудбалер беше тестиран вчера, а резултатот од тестот е позитивен. Се наведува дека на Де Јонг се чувствува добро, но ќе мора да го пропушти претстојниот натпревар од 30. коло со Севиља.

Сезонава холандскиот фудбалер одигра 15 натпревари за Барселона и постигна пет гола.


Конте посакува Хари Кејн да остане во Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте даде коментар за иднината на најдобриот стрелец на тимот Хари Кејн.

“Секако дека сакам Хари да остане во клубот. Многу е важно тој да има добар завршеток на сезоната. Тој е фудбалер кој секој тренер сака да го има во својот тим. Имаме одличен однос со Хари. Тој е врвен фудбалер “, изјави италијанскиот стручњак, а пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо.

Сериозен интерес за Хари Кејн има од Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Договорот на 28-годишниот Кејн и Тотенхем истекува на 30 јуни 2024 година.