фудбал

Рома одлучи да го откупи Шпанецот Борха Мајорал

Раководството на Рома сака да ја искористи опцијата за откуп на напаѓачот Борха Мајорал. 23-годишниот Мајорал игра во Рома како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Позајмицата истекува во јуни 2022, а „волчицата“ за откуп ова лето треба да плати 15 милиони евра. Ако опцијата за откуп не биде активирана ова лето, следната година сумата ќе биде 20 милиони евра. Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе работи на перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач. Мајорал веднаш се наметна како добра опција во нападот на „волчицата“ и оваа сезона има постигнато 13 гола и 7 асистенции.


Тухел: Играчите играат под стрес по вестите за Суперлигата

Фудбалерите на Челзи доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Брајтон 0-0 а нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека за тоа голема вина има и целата приказна околу новата Суперлига. По натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, стратегот на „сините“ призна дека сите информации за создавањето на Европската Суперлига имале негативно влијание врз перформансите на играчите. „Вестите за Суперлигата влијаеја на психата на играчите. Пред натпреварот разговаравме само за тоа и за ништо друго. Разочарани сме. Сакавме да победиме“, искоментира стратегот на Челзи.


Милан го сака Нуњез од Бенфика како замена за Ибрахимовиќ

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти. Скаутите на Милан го следат веќе подолго време, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ сакаат да го донесат на лето. 21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него. Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Милан сигурно ќе треба да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.


УЕФА планира Лига на шампиони со огромен буџет како одговор за Суперлигата

УЕФА преговара за зголемување на буџетот за Лигата на шампионите со британски инвестициски фонд. Според изворот, УЕФА сака да го зголеми почетниот буџет на натореварувањето од 4,5 милијарди евра на 7 милијарди евра. Проектот се дискутираше веќе неколку недели и наводно насочен кон зајакнување на позицијата на споредни приходи на ЛШ за клубовите.


Барса преговара со капитенот на Милан

Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли. Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот не одат во добра насока, па дефанзивецот на лето ќе влезе во последната година од договорот. Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе стапила во конаткт со неговиот манеџер, Мино Раиола. Со оглед на фактот дека Ромњоли влегува во последната година од договорот неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.


Кантона: Послушајте ги навивачите, тие ретко грешат

Ерик Кантона една од најмаркантините личностги што го носела дресот на Манчестер Јунајтед, остро ја критикуваше одлуката на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во новото натпреварување наречено фудбалска Суперлига. Составот од „Олд Трафорд“ е во групата од 12 гиганти кои се определија да формираат посебна лига со што го навлекоа бесот на ФИФА, УЕФА, навивачите и многу познати фудбалски имињата од минатото и сегашноста. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи. Навивачите треба да бидат почитувани. Дали големите клубови ги прашаа е што мислат? Не, и тоа е срамот“, потенцираше Французинот во видеото објавено на социјалните мрежи.


Бекам се огласи против формирање на Суперлигата

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Англија, Дејвид Бекам, жестоко реагираше преку социјалните мрежи по повод формирањето на Европската Суперлига. „Навивачите не го сакаат најавеното натпреварување. Јас многу го сакам фудбалот а тој без фановите нема никакво значење. Фудбалот треба да се базира на успех и историја. Мораме да ги заштитиме вредностите што ги сакаме“, потенцираше Бекам кој настапуваше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан или трите клуба кои најавија дека ќе играат во новото натпреварување.


Тотенхем го сака Нагелсман како замена за Мурињо

Откако Жозе Мурињо и официјално беше сменет од тренерското место во Тотенхем, лондонскиот клуб како главен кандидат за функцијата во моментов го има името на 33-годишниот Германец, Јулијан Нагелсман. Стретегот на Лајпциг е отворен за можна соработка со Спарс, но камен на сопнување може да биде отштетата која Тотенхем би ја платила за него, а истата е во висина од 12 милиони евра, колку што бараат челниците на бундеслигашот.


Мејсон назначен за привремен менаџер на Тотенхем

Тотенхем потврди дека Рајан Мејсон, до крајот на сезоната ќе ја има улогата на шеф на стручниот штаб откако Жозе Мурињо беше отпуштен поради серијата на слаби резултати. 29-годишниот Мејсон кој поради повреда пред време ја заврши кариерата има настапувано за: „Спарси“, Милвол, Јеовиол, Донкастер, Лориент и Свиндон. Мејсон се повлече од активно играње во 2018 година. Последен пат на теренот го носеше дресот на Хал.


Флорентино: Суперлигата ќе го спаси фудбалот

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој е назначен за нов шеф на новоформираната Европска Супер лига излезе со изјава во врска со контроверзното натпреварување кое предизвика вистински тектонски поместувања во светскиот фудбал. Тој вели дека Суперлигата не е напад врз фудбалот, туку негово неопходно спасување. „Сите велат овие се богати и прават што сакаат – не. Јас не сум сопственик на Реал Мадрид, Реал Мадрид е клуб на членови. Сè што правам е за доброто на фудбалот. Сега го правиме ова за да го спасиме фудбалот, кој е во критична ситуација“, рекол првиот човек на мадридскиот гигант. Според Перез, светските клубови се наоѓаат во финансиски потешкотии поради пандемијата и Суперлигата е еден од потезите кои мора да се преземат.