фудбал

Агуеро го напушта Сити, но останува во Англија?

Кун Агуеро ја игра последната полусезона во дресот на Манчестер Сити, би можел да си замине со вистинска „жетва“ на трофеи, петтата титула во првенството е загарантирана, иако неговиот придонес за истата поради повреди беше значително помал, за разлика од претходните девет години поминати во клубот. Агуеро ќе го напушти клубот како најдобар стрелец во историјата, многумина велат и најдобар играч, а секако ќе биде најтрофеен. Не е тајна дека Агуеро има желба да остане во Премиерлигата, а се чини дека ќе добие понуда од соништата. Челзи е подготвен да му понуди повеќегодишен договор, наводно Абрамовиќ веќе дал зелено светло на Тухел, со оглед на тоа што Тимо Вернер како разочарување најверојатно ќе се врати во Бундеслигата како позајмен играч. Челзи преговара и со Халанд, но тука шансите се мали, потребен им е нов напаѓач, па Агуеро би дошол како „кец на десетка“. Аргентинецот би добил шанса и понатаму да игра во лигата која ја смета за најсилна на светот.


Запата: Како мал навивав за Арсенал

Напаѓачот на Аталанта и репрезентацијата на Колумбија, Дуван Запата проговори за неговиот омилен клуб во англиската Премиер лига. „Може ли да бидам во англиската Премиер лига во иднина? Во фудбалот, никогаш не кажувај никогаш. Кога бев дете, секогаш ја гледав Премиер лигата. Од детството бев навивач на лондонски Арсенал. Секоја недела станував рано за да ги гледам нивните натпревари во живо (временската разлика помеѓу Колумбија и Велика Британија е 6 часа). Бев вљубен во Арсенал кога Тиери Анри играше за нив. Во Колумбија, ја сакаме англиската Премиер лига. Кој знае, можеби некогаш ќе можам да играм таму“, изјави Запата за „Газета дело Спорт“. Дуван Запата игра за Аталанта од летото 2018 година. Неговиот договор со тимот од Бергамо важи до 30 јуни 2023 година, а неговата вредност се проценува на 38 милиони евра.


Интер бара 120 милиони евра за Лукаку

Милански Интер се наоѓа во сериозни финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава најмалку една своја ѕвезда, пренесува „Кориере дело Спорт“. Најбараниот фудбалер од „нероаѕурите“ е Ромелу Лукаку, кој е на радарот на Манчестер Сити и Реал Мадрид. Весникот тврди дека Интер нема да се противи на неговата продажба, но само доколку пристигне понуда од 120 милиони евра. „Нероаѕурите“ го доведоа Лукаку од Манчестер Јунајтед за 80 милиони евра во 2019 година, а Белгиецот на 85 меча постигна 59 гола.


Јуве и Јунајтед подготвуваат трампа Рабио-Ван де Бек

Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на Дони ван де Бек да биде вклучен во преговорите со Јувентус за Адриен Рабио. „Црвените ѓаволи“ веќе долго време се интересираат за членот на француската репрезентација, Сега од Манчестер Јунајтед повторно го гледаат овој играч и ќе се обидат да го земат во својот состав на лето. Според информациите, Јунајтед е подготвен да понуди директна размена на играчи испраќајќи го Дони ван де Бек во Торино, а Рабио да се пресели на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот никогаш не можеше да покаже својот потенцијал по неговиот трансфер од Ајакс минатото лето. Тој доби неколку шанси за настап, бидејќи досега има одиграно само 16 натпревари во текот на сезоната. Се чини дека тој не е меѓу фаворитите на Оле Гунар Солскјер, кој е подготвен да се раздели од него.


Јуве не се откажува од Милик, Полјакот сака назад во Италија

Јувентус останува заинтересиран за 27-годишниот напаѓач на Наполи, Аркадиуш Милик кој е на позајмица во францускит Марсеј. Ова го објави „Фудбал Италија“ повикувајки се на информцијата на „Л’Екип“. Пред да се приклучи на Марсеј, Милик потпиша нов договор со Наполи до 2022 година, така што Наполи не го пушти играчот да оди бесплатно следното лето. Во исто време, Марсеј го зеде напаѓачот на позајмица 18 месеци со задолжителна откупна клаузула од 8 милиони евра и разни бонуси. Сепак, во извештајот на францускиот весник „Л’Екип“ се вели дека преселбата на Милик во Марсеј е привремена мерка и Аркадиуш на крајот ќе се пресели во Јувентус, чија трансферна цел е од 2019 година Ова се должи на фактот дека во договорот со клубот од Марсеј има клаузула за обештетување во висина од 12 милиони евра. Јувентус би сакал да купи играч по таква цена, особено со оглед на фактот дека Пауло Дибала може да го напушти клубот на лето.


Капитенот на Торино се сели во Премиер лигата

Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино. Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има три понуди. Првата е од клубот за кој не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот. Другите две понуди доаѓаат од Премиер лигата, а станува збор за Челзи и Тотенхем.


Лестер нема да го откупи Џенгиз Ундер и ќе го врати во Рома

Лестер нема да ја искористи опцијата за купување на крилото Џенгиз Ундер и ќе го врати во Рома по завршувањето на сезоната, пренесуваат медиумите во Англија. 23-годишниот Турски интернационалец моментално игра на позајмица во Лестер Сити, но не успеа да се етаблира во составот на Брендон Роџерс, кој нема намера да го задржи во клубот. Британците платија 3 милиони евра за позајмицата на играчот и во договорот со Рома има откупна клаузула вредна 25 милиони евра, но таа нема да се активира. Ундер беше привлечен со големи очекувања во Лестер, но не успеа да ги оправда, бидејќи одигра само 19 натпревари во сите натпреварувања на кои има 2 гола на своето конто. Така, Ундер ќе се врати на „Олимпико“ следното лето, а Рома ќе бара друг купувач. Се вели дека Фенербахче внимателно ја следи ситуацијата и не е ни чудо да дадат понуда за турскиот репрезентативец.


ПСЖ ќе заработи 120-150 милиони евра ако Мбапе одлучи да си замине

Сагата околу напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе продолжува со полна сила. Тој се уште нема потпишано нов договор со клубот и ова сериозно ги загрижува газдите на ПСЖ. Нивните надежи дека тоа ќе се случи сериозно ги сруши фудбалерот, кој рече дека е уморен од критиките на негова адреса во Франција и дека е подготвен да се пресели во друг шампионат Според информациите на „АС“, ПСЖ се чини дека ќе се помири со фактот дека ќе биде тешко да се задржи 22-годишниот фудбалер. Клубот е подготвен да прифати понуда за него во висина од 120-150 милиони евра ова лето. Ова е многу помалку од првично утврдената цена од 200 милиони евра, која беше објавена пред неколку недели. Договорот на Мбапе е до летото 2022 година, но ПСЖ нема да ризикува да чека да истече, бидејќи тогаш играчот ќе замине без обештетување.


Тотенхем останува без двете најголеми ѕвезди?!

Тотенхем ова лето, судејќи по информациите на медиумите од Англија, ќе остане без двајцата најдобри играчи. Најавено е заминување на Кејн и Сон во летниот преоден рок.
Капитенот на Англија се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед и Челзи, додека Сон добил понуда од Баерн Минхен според која ќе заработува по 220 илјади евра неделно.
И двајцата фудбалери неодамна ги прекинаа преговорите за нов договор со Тотенхем, па ова лето Леви и Мурињо ќе треба да најдат адекватни замени за најдобрите играчи на екипата од Лондон.
Сон во досегашниот дек од сезоната постигна 18 голови и 16 асистенции во сите натпреварувања, додека капитенот Кејн има 27 гола и 16 асистенции во сите конкуренции.


Сари е најсериозен кандидат за наследник на Фонсека

Поранешниот тренер на Јувентус, Наполи и Челзи, Маурицио Сари може да ја преземе Рома ова лето. Овој 62-годишен фудбалски стручњак се смета за најголем кандидат за тренерското метсо во Рома, пренесува „Калчомеркато“.
Агентот на Маурицио Сари веќе остварил две средби со раководството на Рома, кое се подготвува за потенцијална оставка на Пауло Фонсека. „Волчицата“ ја разгледуваат и кандидатурата на Масимилијано Алегри за позицијата главен тренер.
Според изворот, за да се пресели во Рома, Сари ги одбил понудите од Фиорентина и два клуба од други европски шампионати. Можноста за враќање на Маурицио Сари ја разгледува и Наполи. За тренерот беше заинтересиран и Марсеј, но Италијанецот одби да се пресели во Франција.