фудбал

Ветеранот Пепе доби нов договор со Порто

Пепе се согласи да ја продолжи кариерата во Порто, потпишувајќи нов договор со португалскиот гигант на 40-годишна возраст.

Пепе се ближи до крајот на својата 23-та сезона во фудбалот, последните пет поминати во Порто за време на неговиот втор престој на „Естадио до Драгао“. Дефанзивецот, кој има 133 натпревари за Португалија, сè уште не планира да се пензионира откако потпиша 12-месечно продолжување на договорот со Порто за да го задржи во клубот до крајот на следната сезона.

„Бев многу нервозен бидејќи тоа е договор кој многу ми значи“, изјави Пепе, кој има 28 натпревари оваа сезона, за официјалниот сајт на португалскиот гигант.

„Како играч и личност обично сум многу искрен. Имам 40 години, но му должам многу на Порто и не сакам да го изневерувам претседателот или луѓето во клубот. Сакам да им се заблагодарам на сите за правејќи ме секој ден подобар како играч, личност и татко“, додаде тој.


Облак: Барса е стабилна, ќе ја освои титулата во Ла Лига

Голманот на Атлетико, Јан Облак зборуваше за натпреварот на неговиот клуб против Барселона, во кој Атлетико загуби со 0-1.

„Оваа лига беше тешка долго време и се уште е. Не можевме да дадеме малку повеќе емоции на Ла Лига на крајот од сезоната. Ако Барса продолжи вака со предноста што ја има, ќе ја освои лигата. Мислам дека Гризман секогаш ја покажуваше својата најдобра верзија. Не знам зошто работите не му одеа толку добро во Барселона и не ми е грижа. Важно е што прави овде“, изјави Облак за „Марка“.

Пред поразот од Барселона, мадридскиот тим беше непоразен во 13 натпревари (десет победи и три нерешени).

По 30 кола Каталонците се водечки тим во Примера со 76 бода. Атлетико е на третото место на табелата со 60 бодови и пет бода помалку од Реал Мадрид.


Првпат во финалето на ФА Купот ќе се игра градско дерби на ривалите од Манчестер

За првпат во историјата на најстарото фудбалско натпреварување, ФА Купот, во финалето ќе играат два клуба од Манчестер. На 3 јуни за трофејот ќе се борат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Денес, во полуфиналниот натпревар, „црвените ѓаволи“ го елиминираа Брајтон (7-6) во пенал серијата, додека регуларното време заврши нерешено со резултат 0-0. Ден претходно, пласман во финалето обезбеди Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола, кој го совлада Шефилд Јунајтед со резултат 3:0, Ријад Махрез постигна хет-трик.

Актуелен носител на трофејот е Ливерпул. Во пенал рулетот минатата година го победија Челзи (регуларното време на натпреварот заврши со резултат 0-0). 

Апсолутен рекордер по бројот на освоени трофеи во ФА Купот е лондонскиот Арсенал (14), Манчестер Јунајтед е на второто место (12), Манчестер Сити има само шест пехари во ова натпреварување.


Спалети: Скудетото е награда за сите мои жртви во кариерата

Лучијано Спалети, титулата во италијанскиот шампионат ја смета за награда за жртвите во кариерата.

„Кога добивате толку важни натпревари на крајот на сезоната против противници од ова ниво во една ваква рамноправна борба, овие победи стануваат тули во ѕидот на конечниот успех. Но, да не брзаме со шампањското, бидејќи си уште не сме ја завршиле работата.

Му честитав на тимот, одигра добро, што не беше лесно неколку дена по разочарувачката елиминација од Лигата на шампионите. Мислам дека не би можеле да одиграме уште подобро денес.

Понекогаш гледам наназад и гледам на мојата кариера. Со текот на годините, не е како да патувам прва класа, гледајќи низ прозорецот во си – не, автостоп сум! Затоа, да се биде на неколку чекори од Скудетото е наградата за сите жртви што требаше да се направат низ годините. Секако, убаво е да се биде во таа позиција.  Имав, можеби, потежок пат од оние кои започнаа на различно ниво, заработија почит и восхит како фудбалер и добив можност да започнам тренерска кариера на врвно ниво“, изјави за „Фудбал Италија“ Лучијано Спалети по победата над Јувентус.


Барнли под истрага на ФА заради комбиниран тим против Ридинг

Барнли е под истрага на ФА на Англија за потенцијално местење натпревари. Станува збор за натпреварот одигран на 15 април против Ридинг. Натпреварот заврши 0-0, а менаџерот Винсен Компани изведе резервен состав на теренот и реши да одмори седум главни играчи.

Ова се случи на натпревар откако Барнли и математички обезбеди враќање во Премиерлигата. Проблемот го пријави Хадерсфилд, тим кој се бори за опстанок заедно со Ридинг и е лут што Барнли му подари бод на големиот ривал.

Според медиумите на Островот, Барнли би можел да биде казнет со голема парична казна, но и со губење на бодови.


Њукасл спремен да достави понуда за Рафиња

Њукасл е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња и спрема богата понуда.

Бразилецот минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.

Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа.

Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл, кој е заинтересиран за Бразилецот и веќе спремил понуда од 50 милиони фунти.

Њукасл има прилично добра сезона, има реални шанси да заврши во Топ 4 и да обезбеди пласман во ЛШ, па спрема големи засилувања на лето.


Кан го заштити Тухел и презеде одговорност за кризата во Баерн

Баерн Минхен е во доста голема криза откако замина Јулиан Нагелсман, па под водство на Томас Тухел, бележат доста променливи резултати.

Вчера беа поразени на гостувањето кај Мајнц, со што им ја препуштија првата позиција на Борусија Дортмунд.

Раководството на Баерн Минхен по натпреварот, се симнале во соблекувалната на клубот, но не е познато за што разговарале со играчите, но Оливер Кан по натпреварот за медиумите ги појасни работите околу тренерот.

„Главната цел ни е да ја освоиме титулата во домашното првенство, тоа е тоа. Тренерот нема да сноси никакви последици за овој резултат, тој е последниот што треба да одговара за овој пораз“, порача Оливер Кан.


Ангеловски дебитираше со реми во казахстанскиот шампионат

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски имаше успешно деби во првенството на Казахстан откако со својот Каспи Актау одигра 1-1 на гостувањето кај лидерот Кизилжар. Новиот клуб на Ангеловски беше на последното место на табелата кога тој го презема, а сега со овој освоен бод напредуваа за две позиции.

Каспи Актау направи големо изненадување откако одигра 1-1 на гостувањето кај Кизилжар кој е лидер на табелата во Казахстан.

Домаќините поведоа уште во третата минута и се чинеше дека лесно ќе дојдат до бодовите, на Каспи во 19. минута со гол од пенал дојде до 1-1, што беше и конечен резултат.

Тимот на Ангеловски беше сосема рамноправен противник на овој меч, дури имаше и повеќе посед од домаќинот, со ист број на шутеви.

Ова беше втор меч за Мрме на клупата на Каспи, но прв во првенството. Претходно загуби во Купот на Казахстан со 1-0 од Туран.


Нејмар заради бизарна причина не заиграл за Реал

Во денешниот фудбал често пати можеме да прочитаме приказни за можните поинакви кариера на фудбалерите кои прераснале во светски ѕвезди.

Сега една таква приказна се појави за Нејмар. Имено, Нејмар на 13-годишна возраст можел да остане во Реал Мадрид каде што бил на проба. Ваквата информација ја потврди, Рамон Мартинез кој во тој период ја извршувал функцијата спортски директор во Мадрид.

„Нејмар на 13 години беше дел од нашиот клуб. Помина десетина дена во нашиот тренинг центар, беше феноменален. Секако, веднаш се обидовме да го убедиме да остане, постигнавме договор со неговиот татко кој одлучуваше. Но, имаше и еден проблем. Бабата и дедото на Нејмар требаше да останат во Бразил и тие побараа за нив куќа која Реал Мадрид ќе го чинеше 60.000 долари, клубот не се согласи и затоа се врати во Бразил“, раскажа Мартинез.

За Сантос, Нејмар настапуваше од 2009 до 2013 година, а потоа направи трансфер во Барселона каде што го носеше дресот до 2017 за тогаш, за се уште рекордни 222 милиони евра премине во ПСЖ.


Српското дерби в среда без присуство на гледачи

Големото фудбалско дерби во Србија меѓу екипите на Партизан и Црвена звезда ќе се игра пред празни трибини. Ова го одлучи Дисциплинската комисија на Српскиот фудбалски сојуз.

Партизан и Звезда се среќаваат во второто коло од плејофот за првенството на Србија во среда од 18:30 часот.

Поради инцидентите со навивачите на натпреварот на Партизан против Чукарички, домаќините беа казнети следниот меч да го одиграат на домашен терен без публика, а следниот домашен меч на „црно-белите“ е токму овој против Црвена Звезда.