фудбал

„Ѓаволите“ го сакаат Пау Торес

Пау Торес може да се пресели во Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започнало преговори со 24-годишниот Шпанец.
Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.
Англиските медиуми пренесиваат дека Шпанецот изразил желба да се пресели на „Олд Трафорд“ и постигнал начелен договор со „црвените ѓаволи“.
Цената на Торес во моментов изнесува 40 милиони евра, сума која англискиот клуб е спремен да ја плати, бидејќи Солскјер верува дека ќе биде идеален партнер на Мегваер.


Воткинс: Анри е најдобриот напаѓач во светот

Напаѓачот на фудбалскиот состав Астон Вила, Оли Воткинс, кој во сезонава има дадено 10 голови на 28 натпревари, би можел да дебитира за репрезентацијата на Англија в четврток на домашен терен против Сан Марино во квалификациите за СП.
Младиот голгетер не крие дека негов идол е легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри и дека се обидува да го копира неговиот стил.
„Мислам дека Анри е најдобриот напаѓач што некогаш играл во Премиер-лигата. Тој е личност која ме импресионира и затоа навивав за Арсенал уште од дете. Мислам дека сè уште сум далеку од нивото на кое беше Тиери “, додаде напаѓачот на Астон Вила.


Симеоне притиска за потпис на Андре Силва од Ајнтрахт

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не се откажува од намерата да го ангажира напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва кој е трансферна цел на уште неколку клубови од Европа. Шпанскиот тим сакаше во јануари да го купи Португалецот, но, Германците ги одбија сите понуди. Се претпоставува дека „јорганџиите“ во текот на летото ќе понудат 30 милиони за да го добијат потписот на Силва кој има одлична сезона. Голгетерот на Ајнтрахт на 26 средби постигна 27 голови и направи 7 асистенции.


Барса без младата ѕвезда до крајот на сезоната

Ансу Фати веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, пишува Марка. Младата ѕведа на Барселона мораше минатата година на операција на менискусот кој го повреди на првенствениот натпревар против Бетис. Се предвидуваше дека 18-годишниот фудбалер ќе паузира неколку месеци, но оправувањето не оди според очекувањата, па Фати ќе мора на уште една операција. Марка пишува дека ситуацијата со повредата се закомплизира и дека малку веројатно е да се врати на тренинзите до крајот на тековната сезона. Крилниот напаѓач на каталонскиот клуб се надеваше дека би можел да се најде на пописот на Луис Енрике за Европското првенство, бидејќи до повредата во десет натпревари запиша пет гола и четири асистении. Веруваше дека по повредата би можел да го заслужи повикот на селекторот, но од тоа очигледно нема да биде ништо. Марка додава дека на операција, и тоа во Катар, беше и Филипе Кутињо кој има проблеми со коленото.


Сензација – Суарез се враќа дома?!

Луис Суарез игра феноменално во Атлетико Мадрид. Уругваецот беше буквално „избркан“ од Барселона и препуштен на ривалите, образложенито беше тоа што Суарез веќе има сериозен број на години, а и голема плата. Тоа како да го налути „Пистолеро“, кој го предводи Атлетико до титулата во Примера со 19 погодоци во 25 одиграни натпревари. Шпанските медиуми пренесуваат вистинска „бомба“ – Клоп би можел да го врати Суарез на Енфилд! Ливерпул не е оној истиот од претходната сезона. Повредите на стартот од сезоната беа премногу за тимот на Клоп, „црвентие“ сега грчевито се борат за пласман во топ 4. Сонот за титула беше напуштен уште пред десетина кола. Суарез играше за Ливерпул од 2011. до 2014. година, тој замалку ќе им донесеше титула, кога со тимот предводеше Брендан Роџерс. Суарез беше вистински талисман на екипата, постигна 82 погодоци на 133 натпревари носејќи го црвениот дрес. Сега, во 34. година од својот живот, има договор со Атлетико до крајот на наредната сезона, а неговото враќање во Англија е единствено можно доколку Салах се одлучи да го напушти „Енфилд“.


Де Лихт ќе биде нов капитен на Јуве

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус ќе прави промени во играчкиот кадар на крајот на сезоната.
После раната елиминација од Лигата на шампиони и лошата сезона во Серија А во Јувентус се спремаат за промени, а најверојатно следната сезона ќе имаат нов тренер, но и капитен.
Се очекува на лето Џорџо Киелини да стави крај на кариерата и да ја предаде капитенската трака. Јасно е дека Бонучи нема да ја добие бидејќи го загуби кредибилитетот поради трансферот во Милан.
„Тутоспорт“ пишува дека нов капитен ќе биде Матијас де Лихт, кој веќе се наметнува како лидер на теренот, но и во соблекувалната.


УЕФА го укинува финансискиот фер-плеј

Европската фудбалска унија (УЕФА), во блиска иднина има во план да го укине финансискиот фер-плеј. УЕФА го воведе овој систем за да ги спречи големите и финансиски моќни клубови да завладеат со фудбалот.
Италијанскиот новинар, Танкредо Палмери, објави дека УЕФА ќе воведе нов систем, кој на клубовите ќе им овозможи поголеми слободи во трошењето на парите.
Ова значи дека богатите клубови повеќе нема да имаат ограничувања и веројатно е дека повторно ќе сведочиме на големи трансфери.
Трансфер-рекордот се уште го држи ПСЖ, кога во август 2017 година на Барселона за Нејмар ѝ плати 222 милиони евра.


Зидан има нов приоритет, а тоа не се Мбапе и Халанд!

Според пишувањата на англиските и шпанските медиуми, Реал Мадрид се откажа од фудбалерот на ПСЖ. Едноставно, Мбапе е прескап за нив во моментот. Од друга страна, премиерлигашите се наоѓаат во подобра финансиска ситуација за Ерлинг Халанд. Претставници на Манчестер Сити веќе го контактираа неговиот татко Алфи, а наводно во трката е и Челзи. Затоа, тимот од Мадрид има ново приоритетно име во нападот.
Зидан го сака Хари Кејн.
„Убиствениот“ Англичанец се подготвува за уште една сезона без трофеј. Дури ни Мурињо не можеше да ја направи својата магија. Тотенхем беше елиминиран од Динамо во Лига Европа, во моментот се шести во Премиерлигата.
Англичанецот е веќе во зрели години, летово ќе наполни 28. Време е за трофеи, а сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви и Флорентино Перез веќе имаат добра соработка од минатото.


Панини Македонија објави кога албумот доаѓа во Македонија

Претставништвото на Панини во Македонија кој го произведува албумот со самолепливи сликички за големите фудбалски собири објави дека на 5 април, официјално ќе стартува со продажбата албумот за Европското првенство каде ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација.
Колекционерите на албумот Панини во нашата земја ќе имаат голема причина за уживање и предизвик, затоа што прв пат во фудбалската историја Македонија ќе биде дел од ЕП или СП и во албумот, кој останува засекогаш.
Се уште не е познато колку ќе чини едно пакетче и колку сличиња ќе има внатре. Но јасно е дека македонските фудбалски репрезентативци ќе бидат најпосакувани во пакетчињата.


Неочекуван трансфер – од Реал се сели директно во Баерн Минхен

Лукас Васкез ги одби сите понуди на Реал Мадрид, на лето заминува како слободен играч, а заинтересиран е Баерн Минхен?
Ова е помалку неочекувана вест, Васкез отсекогаш бил универзален војник за сите тренери, посебно за Зинедин Зидан, но далеку од тоа дека беше меѓу првите ѕвезди на екипата.
Реал изрази непочитување со понудата за договор од една година, Васкез одамна ги стопираше преговорите и ја бара најдобрата опција.
Баш таква и се појави, а весникот Ас пренесува дека договорот би можел да биде постигнат веќе во наредните неколку денови.
Васкез во Баерн скоро сигурно би играл на позицијата десен бек, на која Ханси Флик не смета на последното засилување Сар од Марсеј.
Васкез по потреба може да игра и како крило, што беше негова примарна позиција, но со време, како Хесус Навас, и тој „израсна“ во одличен бек.