фудбал

Марсијал се враќа за дербито со Ливерпул

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, се очекува да му се стави на располагање на тренерот Тен Хаг за големото дерби од Премиер лигата против Ливерпул.

Марсијал поради повреда не настапи на првите два натпревари на Манчестер Јунајтед кој беше поразен од Брајтон и Брентфорд. 

Според информациите, офанзивецот на Јунајтед веќе започнал со поинтензивни тренинзи со екипата и се надева дека ќе биде потполно подготвен до понеделник за кога е закажан натпреварот со ривалот од Ливерпул.


Манчестер Јунајтед посакува ангажман на Каземиро од Реал

Манчестер Јунајтед веќе подолг период се обидува да доведе играч со кој ќе го засили средниот ред на екипата. 

После проблемите околу посакуваниот трансфер на Де Јонг од Барселона, челниците на Јунајтед се фокусираа на доведување на Адриен Рабио од Јувентус. Но по се изгледа дека ангажманот на Французинот нема да се случи бидејќи во текот на преговорите двете страни не се договориле околу високата плата која ја бара актуелниот играч на Јувентус.

Според најновите информации, Манчестер Јунајтед подготвува понуда за играчот од средниот ред на европскиот првак Реал Мадрид, Бразилецот Каземиро. Останува да се види дали евентуалната понуда ќе биде примамлива за Каземиро за тој да го напушти Мадрид и да се пресели во Манчестер.


Роналдо доби „зелено светло“ да си замине од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине.

Португалецот имаше желба да ја смени средината за да игра во Лигата на шампионите. Поради ова, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот на само седум дена пред почетокот на сезоната.

Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше враќање во Шпанија, па дури и во Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека бил одбиен од двата милански клуба – Интер и Милан.


Шкендија се раздели со Синдрит Гури

Актуелниот македонски фудбалски вицешампион Шкендија постигна меѓусебен договор со својот досегашен напаѓач Синдрит Гури за прекин на соработката.     Гури дојде во редовите на тетовскиот прволигаш во септември лани и беше главен играч во нападот на Шкендија, постигнувајќи решавачки голови во домашното првенство и натпреварите во европските натпреварувања. 

„Изразувам благодарност до соиграчите, стручниот штаб и навивачите за поддршката што ми ја даваа за време на мојот престој во Шкендија и Тетово. Горд сум што имав можност да дадам сè од себе за „црвено – црниот“ дрес“, изјави попладнево Гури за клупскиот сајт. Шкендија минатата недела на пенали беше елиминирана од шведски АИК во третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, откако претходно ги елиминира ерменски Арарат и Велмеира од Летонија.


Гвардиола доби нов бек, Гомез потпиша за Сити

Манчестер Сити и официјално го објави трансферот на левиот бек Серхио Гомез, кој доаѓа од Андерлехт за 11 милиони фунти. 21-годишниот Шпанец потпиша четиригодишен договор и стана петтото ново засилување на шампионот ова лето, по Ерлинг Халанд, Калвин Филипс, Стефан Ортега и Хулијан Алварез, кој потпиша во јануари, но им се приклучи на „граѓаните“ ова лето.

Минатата сезона, Гомез, кој исто така дојде од академијата на Барселона, забележа 49 настапи во сите натпреварувања за белгискиот тим на легендата на Сити, Винсент Компани.

На стартот од преодниот рок, Пеп Гвардиола сакаше да го доведе Марк Кукуреља на оваа позиција, но откако Сити не се договори со Брајтон за цената на Шпанецот, кој потоа замина во Челаи, менаџерот на „граѓаните“ се сврте кон Гомез.


Тухел нуди богатство за Гордон од Евертон

Раководството на премиерлигашот Челзи понуди 47 милиони евра за услугите на талентираниот фудбалер на Евертон, Ентони Гордон, објави денеска „Скај спорт“.     

Евертон, наводно, ја одбил оваа понуда, меѓутоа лондонскиот клуб е подготвен, освен пари, на клубот од Ливерпул да му понуди и некои свои играчи, бидејќи тренерот на Челзи по секоја цена сака да го види младиот англиски репрезентативец во своите редови. 

Гордон (21) потекнува од академијата на Ливерпул, но од 2019 година е во градскиот ривал Евертон за кој има 60 настапи и еден постигнат гол. Гордон ги мина сите младински селекции на Англија, а пред неколку недели имаше понуди за трансфер од Тотенхем и Њукасл.


Пулишиќ по една сезона го напушта Челзи

Американскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Пулишиќ би можел да ги напушти редовите на премиерлигашот Челзи до крајот на летниот преоден рок, пренесуваат денеска британските медиуми.     Тренерот на Челзи, Томас Тухел, наводно не смета на услугите на Пулишиќ во продолжение на сезоната и поради тоа раководството на лондонскиот клуб одлучило да го продаде американскиот фудбалер или да го прати на едногодишна позајмица. 

Најголем интерес за Пулишиќ покажува Њукасл, кој сè уште не завршил со засилувањата во летниот преоден рок. Пулишиќ (23) дојде во Челзи од Борусија Дортмунд во 2019 година за 60 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на клубот од Лондон.


Де Брујне: Не сум загрижен, Бернардо ќе остане во Сити

Кевин Де Брујне очекува Бернардо Силва да остане негов соиграч од Манчестер Сити.

„Тој ќе остане, па не сум загрижен за ништо. Што и да се случи, Бернардо е добар за тимот и очекувам да биде со нас оваа година“, изјави Де Брујне.

Претходно во летото беше објавено дека Сити е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Силва за 100 милиони евра, а Барселона е заинтересирана за 28-годишниот Португалец.

Бернардо Силва минатата сезона на 50 натпревари за шампионот во сите натпреварувања постигна 13 гола и имаше 7 асистенции. Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до 30 јуни 2025 година.


Нотингем Форест го купува плејмејкерот на Лион

Нотингем Форест продолжува да работи на засилување на својот тим. Досега, клубот потроши над 100 милиони фунти на својата селекција, привлекувајќи 15 фудбалери, вклучувајќи и некои прилично сериозни имиња како Џеси Лингард, Дин Хендерсон, Ремо Фројлер, Емануел Денис, Шеику Кујате и други. Сепак, клубот има планови да продолжи со трансфери, а друго име се поврзува со преселба на „Сити Граунд“ е Усем Ауар од Лион.

На 24-годишниот плејмејкер пред извесно време му пристапија од Арсенал, но договор никогаш не беше постигнат. Тој беше поврзуван и со други елитни тимови како Јувентус, Атлетико Мадрид и Бетис. Сепак, Нотингем сега се чини дека е фаворит за негов потпис, а договорот меѓу двата клуба е блиску до финализирање.

Ауар е дете на Лион и целата негова досегашна кариера ја мина во овој клуб, со 215 настапи, 40 гола и 35 асистенции за „децата“. Може да игра во центарот на теренот, зад напаѓачот и на левото крило.


Пулишиќ го напушта Челзи?

Фудбалерот на Челзи, Американецот Кристијан Пулишиќ до крајот на преодниот рок би можел да го напушти клубот од Лондон, пренесуваат медиумите во Англија.

Наводно, тренерот на Челзи, Томас Тухел, не рачуна на Пулишиќ во остатокот од сезоната, па раководството на клубот одлучи да го продаде или да го испрати на едногодишна позајмица.

Најголем интерес за Пулишиќ покажува Њукасл, кој сеуште не завршил со засилувањата на екипата во летниот преоден рок.

23-годишниот Американец пристигна во Челзи 2019 година од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, но не ги исполни големите очекувања од навивачите.