фудбал

Мане сон на Чави и новата Барселона

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане би можел да ја продолжи кариерата во Барселона. Шпанскиот тим е заинтересиран да потпише со напаѓач од висока класа во летниот преоден рок. 

30-годишниот сенегалски фудбалер е во сферата на интерес на шпанскиот клуб. Садио Мане дојде во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година.

Напаѓачот оваа сезона одигра 32 натпревари во Премиер лигата, постигна 14 гола и четири асистенции. Од 2012 година Мане е дел од репрезентацијата на Сенегал.


Лотито одбил 140 милиони евра за Милинковиќ Савиќ

Претседателот на италијанскиот Лацио, Клаудио Лотито изјави дека претходно одбил да го продаде играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ за 140 милиони евра.

„Милинковиќ не е на продажба. Одбив понуда за 140 милиони евра. Би го прашал Сергеј што сака да прави, само ако добиеме важна понуда од врвен клуб од светска класа“, изјави Лотито.

Претходно беше објавено дека скаутите на Манчестер Јунајтед го гледале Милинковиќ-Савиќ на последните натпревари и заклучиле дека тој е подготвен да игра за тимот. Агентот на играчот Матеа Кежман беше во Италија за да преговара со Лацио за бараната цена за играчот од средниот ред.

Милинковиќ-Савиќ кој има 27 години е во Лацио од 2015 година кога дојде од Генк. Договорот на Милинковиќ-Савиќ со Лацио истекува во летото 2024 година.


Теренот на Шкендија суспендиран од ФФМ

Од натпреварувачката комисија на ФФМ, информираат дека го суспендирале теренот на ФК Шкендија и клубот го предале на дисциплинска комисија која ќе одлучи за казните после немилите сцени кои се случуваа на неделниот натпревар против Шкупи.

Пред натпреварот во Тетово, фудбалерите на Шкупи пред стадионот беа нападнати од навивачите на Шкендија, а подоцна за време на натпреварот линискиот судија беше погоден со камен од трибините. За цело време на мечот, имаше бројни инциденти помеѓу играчите на теренот. По повод овие настани се очекува дисциплинската комисија при ФФМ за брзо време да ги соопшти казните за Шкендија.


Имобиле ќе го скокне дербито со Јуве

Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле може да го пропушти натпреварот од 37. коло на италијанската Серија А со Јувентус.

Италијанскиот фудбалер се здобил со повреда на скочниот зглоб на натпреварот од 36. коло во Серија А со Сампдорија. Подоцна, ногата на Имобиле отече, напаѓачот чувствува непријатност и болка. За неколку дена стручниот штаб на Лацио ќе донесе конечна одлука за учеството на Имобиле на претстојниот натпревар.

Мечот од 37. коло од италијанската Серија А Јувентус – Лацио ќе се одигра на 16 мај на стадионот „Алијанц Јувентус Стадиум“ во Торино. Средбата започнува во 20:45 часот, а Јувентус со 69 бодови е четврти на табелата, додека Лацио со 62 бода е на петтото место.


Бетис го враќа Дани Себаљос од Реал Мадрид

Бетис е заинтересиран за враќање на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Даниел Себаљос, кој потекнува од од школата на клубот од Севиља.

Бетис е подготвен да понуди 7 милиони евра за 25-годишниот фудбалер во летниот преоден рок. Самиот Себаљос наводно не е против враќање во Бетис, но Реал Мадрид исто така би можел да потпише нов договор со играчот од средниот ред.

Актуелниот договор меѓу двете страни истекува во 2023 година. Себаљос се пресели во Реал Мадрид од Бетис во 2017 година за 14,7 милиони евра.


Лион му врачи отказ на Бразилецот Марсело заради бизарна причина

Марсело кон крајот на јануари го напушти Лион, а денес повторно е во центарот на вниманието затоа што француските медиуми ја пренесуваат причината за раскинувањето на договорот и таа е навистина бизарна.

Неверојатно, но Марсело бил отпуштен од клубот затоа што испуштал гасови пред соиграчите во соблекувалната. Овој стопер само половина година претходно беше префрлен во вториот тим откако во август предизвика инцидент во соблекувалната и така најави дека му се ближи крајот во Лион каде што стигна уште летото 2017 година.

Лион во неделата беше поразен во Мец со што ги изгуби шансите да стигне до Европа наредната сезона. Марсело само два дена после отказот во Лион премина во Бордо за кој се уште не одиграл ниту еден натпревар, иако овој тим се бори за опстанок.


Матиќ блиску до потпис со Јувентус

Тимот на Јувентус е блиску до доведување на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој ќе го напушти клубот ова лето.

Челниците на Јувентус веќе се во напредни преговори со 33-годишниот фудбалер и се очекува наскоро договорот да биде официјализиран. 

Според информациите, Матиќ во Јувентус ќе игра за неделна плата од 100 илјади евра, а ќе пристигне како слободен играч бидејќи Србинот ќе изврши спогодбен раскин на договорот со Манчестер Јунајтед.


Почетино ја продолжува тренерската работа во Шпанија?

Неколку шпански медиуми ја пренесуваат веста дека Атлетико Билбао покажува сериозен интерес за тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино. 

Се очекува аргентинскиот тренер ова лето да го напушти шампионот на Франција после неуспехот во Лигата на шампионите, и не би било изненадување доколку ја продолжи својата тренерска кариера во шпанската Ла Лига.

Почетино има договор со ПСЖ уште една година и неодамна изјави дека сака да го одработи тој договор до крај.


Лаутаро не сака да си замине од Интер

Лаутаро Мартинез, не планира да го напушти тимот на лето, но клубот не може да му даде гаранции, пишува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.

24-годишниот напаѓач оваа сезона постигна 19 гола на 33 натпревари во Серија А и е важен дел од тимот на Интер.

Според изворот, Мартинез нема да инсистира на трансфер, но раководството на миланскиот гигант не ја исклучува можноста да се раздели со Аргентинецот на лето доколку добие добра понуда за него.

Екипата на Интер е во конкуренција со Милан за шампионската титула. Предводен од главниот тренер Симоне Инзаги, тимот води во поредокот со 78 бодови, еден пред Милан, кој има натпревар помалку.


Ливерпул и Баерн Минхен со можна размена, Мане за Гнабри

Ливерпул и Баерн би можеле да извршат замена на играчите на кои им истекуваат договорите на крајот од наредната сезона. Се работи за крилните напаѓачи Садио Мане и Серж Гнабри, кои засега одбиваат да ги продолжат договорите со своите клубови.

30-годишниот Мане пристигна на Енфилд во 2016 година од редовите на Саутемтон и досега на вкупно 265 натпревари постигна 118 голови. Неговиот актуелен договор со клубот истекува во јуни 2023 година.

Договорот на 26-годишниот Гнабри со Баерн исто така е со важност до летото 2023 година. Германецот оваа сезона одигра 40 натпревари, постигнувајќи 14 гола и 5 асистенции.