фудбал

Ериксен се врати во Премиер лигата

Кристијан Ериксен и официјално се врати во Премиер лигата и потпиша шестмесечен договор со екипата на Брентфорд.

Данскиот репрезентативец последниов период тренираше со екипата на Ајакс со цел да влезе во посакуваната форма пред неговиот нов ангажман. Тој претходно неколку сезони доста успешно го носеше дресот на Тотенхем по што ја промени средината и заигра во Италија за екипата на Интер.

29-годишниот фудбалер успешно ги помина сите медицински тестови после неговиот здравствен проблем од Европското првенство.

Во договорот на Ериксен со Брентфорд има и опција за продолжување за уште една сезона.


Александар Трајковски направи трансфер во Саудијска Арабија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски направи трансфер во клубот Ал-Фаја кој се натпреварува во првата лига на Саудијска Арабија. Трајковски со овој трансфер ќе биде вториот македонски репрезентативец во оваа лига и ќе му прави друштво на Алиоски кој настапува во тимот на Ал-Ахли.

Александар Трајковски досега настапуваше за екипата на Алборг од Данска каде беше на позајмица од Мајорка. Клубот Ал-Фаја за ангажманот на нашиот репрезентативец ќе плати околу 1,5 милиони евра.


Тотенхем потроши преку 60 милиони и доведе „пакет“ од Јувентус

Тотенхем и Јувентус се во завршни преговори за трансфер на Кулушенски и Бентанкур во лондонскиот тим.

Кулушевски ќе замине во Премиерлигата на позајмица од 5 милиони евра со обврска за купување за 35 милиони евра доколку лондонскиот клуб се квалификува за Лигата на шампионите, тврди „Скај Италија“.

Јувентус ќе заработи 10 милиони евра повеќе од сумата која ја дадоа на Аталанта во јануари 2020 година, и покрај тоа што Кулушевски не ги оправда очекувањата во Торино.

Блиску до трансфер во тимот на Конте е и Родриго Бентанкур, исто така на позајмица со право на откуп, а сумата на целиот трансфер ќе изнесува 28 милиони евра.


Њукасл Јунајтед ја засили одбраната со Ден Брн од Брајтон

Премиерлигашите Њукасл и Брајтон постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот на Ден Брн.

Популарните „чавки“ ќе платат 13 милиони фунти за играчот од одбраната на Брајтон кој е ќе биде партнер на Џамал Ласел во дефанзивната линија.

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, се одлучи за ангажман на Брн, после неуспешните обиди за купување на Ботман од Лил и Диего Карлос од Севиља.


Артета го блокира заминувањето на Џака од Арсенал

Играчот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака нема да го напушти англискиот тим во преостанатите денови од зимскиот преоден рок. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е голем љубител на играта на швајцарскиот играч за врска и сакаше Џака да му се приклучи на неговиот тим во летото 2021 година. Сепак, клубовите во моментов не се во преговори за реализирање на ваков трансфер. Џака (29) му се приклучи на лондонскиот клуб во летото 2016 година.

Играчот од средниот ред имаше една асистенција на 10 натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Договорот на Џака истекува во 2024 година.


Колумбиецот Луис Дијаз и официјално е нов играч на Ливерпул

Екипата на Ливерпул и официјално го потврди доведувањето на ѕвездата на Порто, Луис Дијаз. Колумбискиот репрезентативец потпиша договор со тимот од Енфилд до 2027 година. 

Ливерпул за целосниот трансфер, на клубот Порто ќе исплати вкупно 45 милиони евра плус 15 милиони во бонуси.

Дијаз му се приклучи на Ливерпул по две и пол сезони во Порто, каде одигра 125 натпревари и постигна 41 гол. 


Џенова го претстави Надим Амири од Баер Леверкузен

Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Надим Амири до крајот на сезоната ќе игра како позајмен Баер Леверкузен во Џенова, објави италијанскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Договорот има и задолжителна клаузула за купување што подлежи на одредени услови. 25-годишниот фудбалер, кој има пет натпревари за германската репрезентација, ќе го носи дресот со број 8 во Џенова.

Оваа сезона Надим Амири има 20 натпревари во сите натпреварувања за Леверкузен, на кои постигна два гола и две асистенции.


Дони ван де Бик заминува на позајмица во Евертон

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бик, одлучи да замине на позајмица во екипата на Евертон.

Според информациите, двата клуба веќе постигнаа договор и 24-годишниот Холанѓанец се согласи до крајот на сезоната да игра во синиот дрес на Евертон.

Договорот е без опција за целосно купување на играчот по завршетокот на првенството.


Тотенхем го продава Ло Селсо, Лион најблиску до потпис на Аргентинецот

Фудбалскиот состав Лион се договорил со Тотенхем за привлекување на играчот од средниот ред, Џовани Ло Селсо, како изнајмен до крајот на сезоната.

Иако Аргентинецот се уште не се договорил со францускиот клуб и не дал согласност за трансферот, медиумите тврдат дека тој набрзо ќе ја напушти Англија.

Популарните „лавови“  се согласиле да покриваат половина од платата на играчот која е 500.000 евра месечно.


Изненадување, Диего Коста понуден на Барселона

После Феран Торес и Адама Траоре, дресот на Барселона би можел да го облече и поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челзи, Диего Коста.

Како што пренесуваат каталонските медиуми, искусниот напаѓач е понуден на клубот од Камп Ноу. Бразилецот со шпански пасош е е без ангажман откако неодамна го напушти шампионот на Бразил, Атлетико Минеиро. 

Неодамна се чинеше дека тој со сигурност ќе замине во Салернитана, меѓутоа самиот Коста преку социјалните мрежи ијави дека би сакал да се врати во Шпанија, и најновите шпекулации говорат дека кариерата би можел да ја продолжи во гигантот Барселона.