фудбал

Мата демантира пензија, но заминува од Манчестер Јунајтед ова лето

Хуан Мата, кој на крајот на април ќе наполни 34 години, нема намера да се повлече од фудбалските терени иако во сезонава одигра само 5 натпревари во сите конкуренции.

Шпанскиот интернационалец кој нема да добие ново продолжување на соработката со „црвените ѓаволи“, планира да замине во друг состав. Мата се активираше на „Олд Трафорд“ во 2014 година и досега го овои Лига купот, ФА Купот, Лигата на Европа и трофејот Комјунити Шилд.

Тој претходно се израдува на пехарот во Лигата на шампионите во дресот на Челзи а исто така победи и во Лигата на Европа и ФА Купот


Абрамович веќе има план за нов клуб, го купува Гезтепе

Роман Абрамович во петок ќе го заврши купувањето на турскиот суперлигаш Гезтепе, објавија турските медиуми.

Како резултат на санкциите на Велика Британија, кои настанаа како последица на руската агресија врз Украина, имотот на Абрамович во Велика Британија беше замрзнат. Сепак, Абрамович не сакал да седи со скрстени раце, па според турскиот новинар Рагип Сојлу, целата енергија ја насочил кон Турција и купувањето на Гезтепе.

Станува збор за клуб од Измир кој влече традиција уште од 1925 година. Клубот ја демантираше веста за каков било договор со рускиот милијардер, но тамошните медиуми шпекулираат дека тоа би можело да биде дел од тактиката до завршување на работата.

Инаку, Гезтепе е на 18. позиција на табелата во турската Суперлига со 27 бодови. Член на Гезтепе е и повремениот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ.


Артим Шаќири е нов тренер на Шкендија, а потоа станува спортски директор

Шкендија и официјално го врати Артим Шаќири во клубот. Од клубот соопштуваат дека тој по завршувањето на сезоната ќе биде спортски директор, а дотогаш ќе биде тренер на екипата.

„По повод раскинувањето на договорот со сега веќе поранешниот тренер Акраповиќ, од ФК Шкендија соопштуваат дека до именувањето на нов шеф на стручниот штаб, во својство на в.д. тренер е назначен Артим Шаќири. За помошник е назначен Бурхан Емурлаху, додека во стручниот штаб остануваат Метин Далип и Куштрим Абдулахи“, соопшуваат од Шкендија.

Шаќири во минатото беше играч на Шкендија, а една сезона беше и тренер на тимот.


Клоп не штедеше пофалби кон Дијаз после победата над Бенфика

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали крилниот напаѓач Луис Дијаз, кој беше најдобар играч во победата над Бенфика со 3-1, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Стрелци на головите за Ливерпул освен Дијаз, беа Конате и Мане.

Ливерпул во реваншот на „Енфилд“ носи солидно водство и сигурно е голем фаворит за пласман во полуфиналето од ЛШ.

Говорејќи за 25-годишниот Колумбиец Клоп истакна: „Тој е врвен фудбалер. Врвен играч на највисоко ниво. Задоволство ми е да работам со Луис секој ден и сум повеќе од среќен што решивме да го ангажираме во јануари“, изјави Германецот.

Ливерпул сега го насочува вниманието кон дербито со Манчестер Сити.


Во Баерн се оптимисти околу нов договор со Гнабри

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е оптимист за напредокот во преговорите за продолжување на договорот со фудбалерот Серж Гнабри.

“Јас сум оптимист. Тој има се што му треба на еден фудбалер , тренер кој го почитува како играч и како личност, одличен тим, одлични соиграчи. Секако, се зависи од тоа како се одвиваат преговорите помеѓу клубот и менаџерот на играчот,но јас сум оптимист“, изјави Нагелсман.

Претходно беше објавена информација дека 26-годишниот германски репрезентативец ги прекинал преговорите за нов договор со гигантот од Минхен.

Актуелниот договор на Гнабри со Баерн е до летото 2023 година. Доколку не се постигне договор до крајот на сезоната, Баварците би можеле на лето да го продадат играчот


Куман се враќа како селектор на Холандија

Фудбалскиот сојуз на Холандија соопшти дека од 2023. година, 59-годишниот Роналд Куман ќе биде селектор на репрезентацијата и ќе го замени Ван Гал, кој поради болест нема да биде во можност да ја извршува функцијата.

Куман потпиша договор на три години, па така се очекува тој да ги води популарните „Лалиња“ до 2026. година. Ова ќе биде негов втор мандат на оваа позиција. Претходно успешно ја водеше Холандија од 2018. до 2020.година.

„Со нетрпение очекувам да воспоставам нова соработка. Пред една и пол година не ја напуштив репрезентацијата поради незадоволство. Уживав во минатиот мандат и мислам дека резултатите беа добри“, изјави Роналд Куман.

На Светското првенство во Катар, репрезентацијата ќе биде водена од Ван Гал. Холандија се наоѓа групата А, со селекциите на Катар, Еквадор и Сенегал.


Халанд на крајот на април ќе пресече за својата иднина

Ерлинг Халанд ќе донесе конечна одлука за својата иднина до крајот на април. 21-годишниот Норвежанец е еден од најпосакуваните играчи во моментов и еден куп клубови се подготвени да конкурираат за неговиот потпис на лето.

Халанд е целосно свесен за интересот за него и наскоро планира да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Тој во моментов е тесно поврзан со Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона, но и други клубови како Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Баерн (Минхен) внимателно ја следат ситуацијата.

Се тврди дека агентот на играчот, Мино Раиола веќе разговарал со сите засегнати страни и ги претставил условите под кои играчот е подготвен да потпише договор со еден од нив.


Играчите на Манчестер Јунајтед поделени по прашањето за нов тренер

Ѕвездите на Манчестер Јунајтед се поделени во два табора околу можноста Ерик тен Хаг да биде назначен за нов тренер на тимот.

Тренерот на Ајакс е еден од водечките кандидати за оваа функција, заедно со Маурицио Почетино од ПСЖ.

Според медиумите од Манчестер, некои играчи на „црвените ѓаволи“ едвај чекаат да соработуваат со холандскиот стручњак, но други не веруваат во него и не го гледаат како подобар избор од Ралф Рангник.

Се зборува дека многу играчи го претпочитаат Почетино  поради неговото познавање на Премиер лигата и играчите во неа. 

Јунајтед се бори за место во Топ 4 од Премиер лигата, но шансите за тоа се намалуваат со секое изминато првенствено коло.


Бекам: Данска може да биде изненадување на Мундијалот

Дејвид Бекам го чека почетокот на Мундијалот во Катар, кој е закажан за период од 21 ноември до 18 декември.

Бекам кажа дека има свој фаворит за освојување на трофејот и ги изненади навивачите со неговиот избор.

„Јас мислам дека Англија има големи шанси за трофејот, ова е вистинска шанса. Ќе бидеме во одлична форма, а ќе имаме конкуренција и од Бразил, Аргентина, Франција, но мислам дека и Данска ќе биде големо изненадување“, вели Бекам.

Англичанецот, исто така, кажа дека е голема предност тоа што Светското првенство (СП) ќе се игра сред сезона бидејќи така фудбалерите ќе бидат во ритам.


Халанд ќе го избере новиот клуб до крајот на април

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе донесе конечна одлука за својата иднина до крајот на април. 

Менаџерот на Халанд, Мино Раиола веќе разговарал со сите клубови кои сакаат да го купат младиот Норвежанец. Италијанецот ги претстави условите под кои играчот е подготвен да потпише договор со новиот клуб.

Во информациите се вели дека Халанд донел конечна одлука да ја напушти Борусија. Одамна е познато дека неговиот договор вклучува откупна клаузула од 75 милиони евра, која стапува на сила на 1 јули.