фудбал

Роналдо се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед, после суспензијата и исфрлањето од првиот тим за дуелот со Челзи кој заврши 1:1.

Роналдо беше казнет од клубот поради одбивањето да влезе како резерва на натпреварот со Тотенхем, после што тој самоволно ја напушти клупата за резервни играчи и си замина кон соблекувалните пред крајот на натпреварот.

Како што е објавено, Роналдо имал состанок со тренерот Ерик Тен Хаг, на кој било разговарано за натамошната соработка и неговата улога во тимот.


Варди руши рекорди, раситна сто гола во Премиер лигата

Џејми Варди постигна гол во 79. минута од средбата на премиерлигашкиот натпревар со Вулверхемптон (4-0). Така, напаѓачот стана првиот играч кој успеал да постигне 100 гола во Премиер лигата откако наполнил 30 години. Ова го соопшти прес-службата на Премиер лигата.

Џејми Варди, пред да се пресели во Лестер Сити во 2012 година, играше за клубови од различни дивизии на Англија.

Лестер, кои играа во Чемпионшип во 2012 година, платија 1 милион фунти за напаѓачот – рекордна сума за играч од пониските дивизии во тоа време.

Откако се приклучи, Варди одигра 345 настапи за Лестер во сите натпреварувања, постигнувајќи 154 гола. Во сезоната 2015/2016, Лестер Сити сензационално ја освоија Премиер лигата, покрај тоа, тимот успеа да ги освои ФА Купот и Суперкупот во 2021 година.


Манчини наскоро ја напушта селекторската функција

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини проговори за емоциите од селекцијата за СП 2022 година и призна дека размислувал да си замине од функцијата.

„Мораме да ги прифатиме поразите, дури и ако се толку тешки, и да почнеме од почеток. Во текот на селекцијата постојано бевме пред Швајцарија, доминиравме на мечот во Базел. Втората средба со нив во Рим беше малку потешка, но не реализиравме пенал во 89. минута… На натпреварот со Македонија примивме гол во 94. минута, отпаднавме од плеј-офот. Желбата за тренирање е секогаш тука. Дали размислував да заминам? Кога работите ќе тргнат наопаку, јасно е дека одговорноста е на тренерот, па да, размислував за тоа“, беа зборовите на селекторот Манчони за „Газета дело Спорт“.


Кејн подготвен да го продолжи договорот со Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е спремен да стави потпис на нов договор и да ја продолжи верноста со „спарси“, пренсуваат медиумите на Островот.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува во 2024 година, но 29-годишниот Англичанец донел одлука да го продолжи својот престој во клубот.

Во медиумите се појавија шпекулации дека Кејн на лето може да го напушти Тотенхем и да се пресели во Баерн Минхен, а наводно интерес за Кејн покажува и Челзи.


Мбапе за три години во ПСЖ ќе заработи 630 милиони евра

Францускиот весник „Паризијен“ пренесува дека Фудбалерот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе, до 2025.година од клубот ќе добие 630 милиони евра.

Според информациите кои ги пренесува весникот, челниците на ПСЖ пред пет месеци му понудиле на Мбапе тригодишен договор според кој фудбалерот ќе заработува 72 милиони евра по сезона. Според истите информации, Мбапе само за потпишување на договорот добил бонус од 180 милиони евра.

Ако Килијан Мбапе остане во редовите на ПСЖ, тогаш тој до јуни 2025.година со сите дополнителни бонуси ќе заработи најмалку 630 милиони евра.


Кике Сетиен седнува на клупата на Виљареал

Поранешниот тренер на Барселона, Енрике Кике Сетиен би можел да го замени Унаи Емери во Виљареал. Астон Вила денеска објави дека Емери ќе стане тренер на тимот.

Сетиен, кој не е менаџер откако ја напушти Барселона во 2020 година, веќе е во Валенсија, каде што ќе преговара за потпис со Виљареал, објави „Марка“.

Првично, раководството на „жолтата подморница“ размислуваше за кандидатурата на Марселино Торал, но поранешниот тренер на Атлетик Билбао ја чека одлуката на селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике за неговата иднина во националниот тим по претстојното Светското првенство во Катар.


Фримпонг е јануарска желба на Тен Хаг во Јунајтед

Ерик Тен Хаг е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг.

Холанѓанецот сака да ја засили десната страна од одбраната и во јануари е спремен да испрати понуда за 21-годишниот Фримпонг.

Фримпонг пристигна во Леверкузен во јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година.

Интересно е што играчот е продукт на школата на Манчестер Сити, но не успеа да се наметне кај „граѓаните“, па беше продаден во 2019 година.


Рамос добива нов договор во ПСЖ

ПСЖ има намера да го продолжи договорот со дефанзивецот Серхио Рамос, пренесуват медиумите во Франција.

Според истите, Рамос успеал да се прилагоди и наметне во ПСЖ. Тој има одлични односи со главниот тренер Кристоф Галтие и добро влијание во соблекувалната на клубот. Во оваа насока, ПСЖ сака да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалер.

Да потсетиме, Серхио Рамос се пресели во ПСЖ во летото 2021 година од Реал Мадрид. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на овој играч на 6 милиони евра.

Рамос оваа сезона има девет настапи за ПСЖ во сите натпреварувања без постигнат гол. По дванаесет кола, ПСЖ е на чело на табелата во францускиот шампионат со 32 бодови.


Киеза спремен за кам-бек по долгата пауза

Федерико Киеза е блиску до враќање на натпреварувачкиот фудбал.

Италијанскиот репрезентативец и еден од најзаслужните за триумфот на „аѕурите“ на Европското првенство во 2021 година, Федерико Киеза, паузира од јануари годинава, кога заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на левата страна. коленото.

На проблемите на напаѓачот им дојде крајот, па 25-годишниот одигра едно полувреме во пријателскиот натпревар со помладите категории на „старата дами“ и постигна два гола.

Алегри нема веднаш ризикува со Киеза против Бенфика во Лигата на шампионите и Лече во Серија А идниот векенд, но Киеза сигурно се враќа во ноември.


Челзи во јануари ќе проба да го доведе Кристијано Роналдо

Англиските медиуми пренесуваат дека е можно фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, својата кариера да ја продолжи во Челзи каде би се преселил веќе во јануарскиот преоден рок.

Роналдо пред неколку дена беше исфрлен од првата екипа на Манчестер Јунајтед, после скандалот од натпреварот со Тотенхем, кога Португалецот пред крајот на дуелот ја напушти клупата за резервни играчи и замина од теренот.

Според информациите, главниот човек во Челзи, Тод Боели, наводно има желба веќе во јануари да проба да го доведе Роналдо на Стенфорд Бриџ. Роналдо има договор со Јунајтед до крајот на сезоната, но големи се шансите фудбалерот да биде продаден во следниот трансфер период.