фудбал

Ибрахимовиќ – Вие одите, а јас летам

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, после натпреварот против Верона објави пост на Инстаграм во негов стил .

 40-годишниот Ибрахимовиќ објави фотографија од натпреварот на која изведува популарни “ножички“ и напиша  „Ти одиш, а јас летам“.



Нури Сахин објави крај на играчката кариера

Играчот за врска на Анталијаспор, Нури Сахин објави крај на својата играчка кариера. “Нема повеќе да играм фудбал “, изјави Нури за шпанскиот весник  АС.

Сахин , во текот на месецов беше назначен за тренер на турскиот тим.

33-годишниот Нури Сахин професионалната кариера ја започна во екипата на Борусија Дортмунд на свои 16 години. Во кариерата настапуваше и за екипите на Феенорд, Реал Мадрид, Ливерпул и Вердер Бремен.


Матиќ заминува на Ноу Камп?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, би можел да го напушти клубот од Олд трафорд. 

Како што пренесува британскиот магазин Сан, Барселона изразила интерес за доведување на српскиот фудбалер. Тренерот Роналд Куман бара искусен играч кој би го засилил средниот ред во тимот, и на Матиќ се гледа како на одлично решение.

Сумата што би ја платил каталонскиот клуб не би требало да надмине 10 милиони евра и истата би била прифатлива во сегашната финансиска ситуација на Барса.

Договорот на Немања Матиќ со екипата на Манчестер Јунајтед истекува во 2023 година, но играчот не е во прв план кај тренерот Солскјер па реализацијата на овај трансфер не е исклучена.


Инфантино: Мундијал на секои две години може да донесе само нешто добро

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и натаму го брани својот план Светското првенство да се одржува на секои две години. За време на посетата на Венецуела, земја која во својата историја никогаш не се квалификувала за Светско првенство, тој вели дека двогодишниот проект за Светското првенство, е реална опција.

„Нашата работа во ФИФА е постојано да размислуваме како можеме да го подобриме фудбалот во светот, да го направиме фудбалот вистински глобален спорт. Претседателот на ФИФА е претседател на 111 земја и сите овие земји имаат право да сонуваат. Тие, исто така, мора да бидат способни да го остварат овој сон, бидејќи ако треба да сонувате засекогаш, на крајот претпочитате да правите други работи“, изјавил првиот човек на светскиот фудбал.


Икарди има нова девојка, Ванда Нара најави развод

Врската меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара беше контроверзна уште од самиот старт поради минатото кое го имаше аргентинскиот модел со поранешниот најдобар пријател на напаѓачот (Макси Лопез), но сега оваа сапуница доби нова епизода во јавноста.

Ванда Нара предизвика земјотрес на социјалните мрежи откако го обвини својот сопруг Икарди за неверство, алудирајќи на тоа дека трета личност ја уништила нивната врска која трае повеќе од седум години.

„Уништи уште едно семејство поради курва“, гласи Инстаграм сторито на Ванда, по што Нара веќе престана да го следи фудбалерот на социјалните мрежи.

Угледните медиуми од Аргентина уверуваат дека причина за разделбата е неверството на Икарди, односно аферата која ја имал со актерката Евгенија Суарез.


Таневски си поднесе оставка, Македонија ЃП без тренер

Македонија Ѓорче Петров влезе во резултатска криза и не знае за победа цели пет натпревари во Првата македонска фудбалска лига, а денешниот нов неуспех во домашното првенство резултираше со радикална одлука.

„Лавовите“ загубија од Брегалница со уверливи 4:1 на гостувањето, што се покажа како доволно добра причина тренерот Александар Таневски да ја презема одговорноста и да си поднесе оставка.

Поранешниот предводник на Академија Пандев реши да стави крај на својата втора авантура како шеф на стручниот штаб во тимот од Ѓорче Петров, за што стигна потврда и од самиот клуб.

„По денешниот пораз Александар Таневски поднесе оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Ти благодариме Клајне и ти посакуваме среќа во кариерата“, гласи објавата на „лавовите“.


Хет-трикот на Фирмино донесе бразилски рекорд во Премиер лигата

Роберто Фирмино постигна три гола на натпреварот од англиската Премиер лига против Ватфорд. Овој хет-трик беше втор за Фирмино во англиската Премиер лига по оној во декември 2018 година, Фирмино постигна три гола против Арсенал.

Покрај тоа, Фирмино стана првиот Бразилец во историјата на англиското првенство кој постигнал повеќе од еден хет-трик. Лукас Моура (Тотенхем), Афонсо Алвеш (Мидлсброу) и Робињо (Манчестер Сити) претходно постигнаа три гола на еден натпревар од Премиер лигата.

Натпреварот Ватфорд – Ливерпул заврши со победа на „црвените“ со резултат 5-0. За Ливерпул, Фирмино постигна хет-трик, а Мане и Салах постигнаа по еден гол.


Клоп: Салах е најдобар фудбалер во светот

Ливерпул одигра фантастичен меч и со 5-0 победи на гостувањето кај Ватфорд. Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп не ја криеше радоста и после мечот особено го пофали Салах и тврди дека во моментов нема подобар играч од него.

„Беше прекрасно! Не можам да кажам ништо друго. По репрезентативната пауза е тешко е да се најде ритам, но момците беа фантастични, иако имавме само еден заеднички тренинг. Салах е топ фудбалер. Сите го гледаме тоа. Кој е подобар од него? Не мораме да зборуваме за она што го имаат направено Роналдо и Меси за светскиот фудбал и нивната доминација. Но во моментов, Салах е најдобар на светот“, заклучи Клоп. 


Салах е најновата желба на Перез и „кралевите“

Реал Мадрид спрема „бомбастичен“ трансфер и е силно заинтересиран за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Египќанецот на „Енфилд“ експлодираше и стана еден од најдобрите фудбалери во светот, но се уште не може да постигне договор за продолжување на соработката со „црвените“. Се погласнис е шпекулациите за негово заминување од Ливерпул, а најсериозен интерес за неговиот потпис покажува Реал Мадрид.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран и ќе направи се за да го доведе Салах во текот на летото.

Имено, „кралевите“ веќе спремиле понуда и се спремни да го понудат Еден Азар плус пари за да дојдат до потписот на Салах.


Барса уште должи пари за Кутињо, Ливерпул сака да наплати со Дембеле

Барселона се уште му должи пари на Ливерпул за трансферот на Филипе Кутињо на „Камп Ноу“. Како што е познато, Бразилецот пристигна во Барса зимата 2018 година, а Каталонците се согласија да му платат на Ливерпул 160 милиони евра за неговите права.

Добрата вест е што Барселона им плати на Борусија 

Дортмунд и Атлетико Мадрид за уште две мега трансфери – Осман Дембеле и Антоан Гризман.

Сите три трансфери беа направени за време на владеењето на Хозе Марија Бартомеу, кого многу фанови на клубот го обвинуваат за тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат Каталонците.