фудбал

Давид Бабунски кариерата ја продолжува во Унгарија

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски во новата сезона ќе го носи дресот на седумкратниот првак на Унгарија, Дебрецин.

Бабунски, кој не успеа вистински да се докаже во Романија во екипите на Ботошани и Виторул, се обврза на двегодишна верност со Дебрецин.

Кариерата ја започна во Барселона Б, потоа играше и за Црвена Звезда, Јокохама, Омија, пред да се пресели во Романија.

Бабунски има девет настапи за сениорската репрезентација на Македонија.



Ван Гал ќе ја прекине пензијата за да ја преземе холандската репрезентација

Луj Ван Гал би можел да се врати од пензија и да го наследи Франк Де Бур!

Звучи неверојатно, но и не толку нереално затоа што Холанѓаните не сакаат репрезентацијата да м ја води странец. Проблем им е што веќе долго време немаат некој адекватен кандидат, ако се исклучи Ерик Тен Хаг кој нема намера да го напушти Ајакс.

Се споменуваше Џован Ван Бронхорс кој се прослави со титулата со Фејенорд, Роналд Куман ја затвори вратата за заминување од Барселона, а Франк Де Бур не беше достоен. Ван Гал на СП 2014 година ја предводеше Холандија до полуфиналето каде што Аргентина беше подобра после пенали, потоа „лалињата“ го победијата домаќинот во мечот за трето место 3:0.

Тоа беше последниот голем резултат на Холандија која и не успеа да се пласира на Мундијалот во 2018 во Русија, а сега потфрли со елиминацијата од Чешка во осминафиналето.


Овен: Кому му е гајле дали имаше пенал за Англија или не?

Мајкл Овен се огласи после вчерашната победа на Англија.

Англија ја победи Данска со еден контроверзен пенал во продолженијата. Овен не го интересира премногу дали било или не било пенал.

„Не сум сигурен дали беше пенал, но на кого му е гајле?“, истакна Овен па додаде:

„Не мислам дека замената на Грилиш беше добра и покрај резултатот, тој е одличен кога треба да се задржи топката, добро знае да добива прекршоци и да го забави темпото на натпреварот“, објасни поранешниот голгетер.

Ќе потсетиме, Англија во финалето кое се игра во недела ќе се сретне со Италија.


Дибала на преговори за нов договор со Јуве

Пауло Дибала ќе се врати во Торино во недела за да ги започне подготовките за новата сезона.

Заедно со него во Италија ќе пристигне и неговиот агент, Жорже Антун, кој ќе има средба со раководството на „старата дама“. Главна тема ќе биде иднината на Аргентинецот, кој веќе влезе во последната година од договорот.

Преговорите за продолжување на соработката беа во застој, но сега ќе продолжат бидејќи едно од барањата на Алегри е Дибала да остане во Јувентус.

Наводно Јувентус е спремен да ги задоволи финаниските бањата и ќе му понуди плата од 10 милиони евра по сезона на 27-годишниот напаѓач.


Чеферин го кани Ериксен на финалето на Европското првенство

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, испрати покана до данскиот капитен Кристијан Ериксен, неговата сопруга и шестмината медицински лица кои му го спасија животот, да му бидат гости на финалниот меч на ЕП.
Сепак, сè уште нема потврда дека Ериксен, кој се избори со смртта, ќе може да присуствува на натпреварот в недела. Како што е познато, играчот за врска на Интер доживеа срцев на првиот меч со Финска на Евро 2020.
Вечерва Данска ќе игра против Англија на стадионот „Вембли“ во второто полуфинале на турнирот.


Кејн: Момент на кој се гордеам, но се уште не сме освоиле ништо

Англија се пласираше во финалето на ЕУРО откако ја победи Данска со сомнително досуден пенал, а капитенот на Гордиот Албион е горд што репрезентацијата е во финале.

Ова е посебен момент, испишување на историја и прво финале, но Кејн предупредува дека ништо не е завршено, потребно е да се одигра добро и да се победи Италија во финалето.

„Ова е врв на мојата кариера, ние сме првпат во финале на Европско првенство и ќе играме на нашиот ’Вембли‘. Ова е момент со кој се гордеам но морам да кажам, ништо не сме освоиле, имаме уште еден чекор кој мора да го завршиме“ – изјави Кејн.


Агентот на Жоржињо одреди дека неговиот клиент вреди 50 милиони!

Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо одигра фантастична сезона и е еден од најдобрите фудбалери на Европското првенство. Агентот Жоао Сантош откри дека неколку европски гиганти го сакаат Италијанецот и ја откри неговата цена.

„Жоржињо има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, изјави агентот.

После фантастичната сезона тешко е да се поверува дека Челзи ќе се согласи за продажба на плејмејкерот и е спремен да му понуди нов договор.


Бен Арфа преговара со Олимпик Марсеј

Францускиот играч за врска Хатем Бен-Арфа може да се врати во Олимпик Марсеј во летниот преоден рок. 34-годишниот играч во моментов е без клуб, бидејќи неговиот договор со Бордо заврши.

Според изворот, главниот тренер на Олимпик, Хорхе Сампаоли е заинтересиран за играчот со кого сакаше да работи уште кога беше тренер на Севилја, но тогаш трансферот не беше реализиран. Сега Сампаоли ќе се обиде да се договори со претседателот на Марсеј за потребата од транзиција на Бен Арфа.

Минатата сезона играчот за врска одигра 25 натпревари, постигна два гола и направи пет асистенции.


Мурињо: Не знам што виде ВАР, но ваков пенал не се суди

Жозе Мурињо за „Ток Спорт“ изјави дека Англија е заслужено во финалето, на Вембли победи подобриот тим, но за Мурињо пеналот е непостоечки.

Португалецот е разочаран што е досуден ваков пенал, но смета дека подобриот тим победил на вчерашното полуфинале во Лондон.

„Како човек од фудбалот сум разочаран што беше досуден пенал за Стерлинг, веројатно англиските фанови нема да се согласат со мене, но тоа никогаш не е пенал. Победи подобриот тим, но на вакво ниво, во полуфинале на Европско првенство, не можам да ја сфатам одлуката на судијата. Главниот судија не смее да спие мирно.“ – изјави Мурињо.


Стерлинг објасни зошто беше досуден пенал за Англија

Англија ја елиминираше Данска во полуфиналето на ЕУРО. Англичаните победија со 2:1 во продолжението, а одлучувачкиот погодок беше дело на Хари Кејн во 104. минута. Контактот во шеснаесетникот помеѓу Рахим Стерлинг и Даниел Јенсен за холандскиот судија Дани Макели беше пенал, кој по долга консултација и со ВАР беше досуден.

Стерлинг, кој го избори пеналот, вака ја коментираше ситуацијата:

„Дефинитивно беше пенал. Влегов во казнениот простор, тој ја испружи ногата и тоа беше чист пенал.“

За натпреварот тој изјави:

„Беше тоа одличен натпревар. Моравме да дадеме максимум, прв пат примивме погодок на овој турнир. Израмнивме, а потоа знаевме да бидеме трпеливи. Знаевме дека можеме да ги победиме и на крајот добивме пенал. Сега мораме да се фокусираме на викендот.“

Англија и Италија го играат финалето на Европското првенство во недела од 21. часот на Вембли.