фудбал

Ван де Бек решен да остане во Евертон

Холандскиот фудбалер, Дони ван де Бек планира да ја продолжи својата кариера во екипата на Евертон.

Играчот пристигна во Евертон минатиот месец како позајмен играч од Манчестер Јунајтед, но веќе е решен да потпише постојан договор со „сините“ од Ливерпул доколку клубот избегне испаѓање од Премиер лигата.

Дони ван де Бек е презадоволен од новиот клуб и од тренерот Френк Лампард, кој најави дека тој ќе биде редовен првотимец во екипата, за разлика од периодот во Манчестер Јунајтед каде претежно беше резерва.


Интер го продава Лаутаро Мартинез ова лето

Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, пренесува „Газета дело Спорт“.

Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор дп 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра.

Лаутаро оваа сезона  не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.


Реал Мадрид се интересира за Бразилецот Додо

Спортските портали во Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид ќе започне преговори со дефанзивецот на Шахтјор Доњецк, Додо.

Според написите, мадридскиот клуб го смета 23-годишниот Бразилец како опција за засилување на десното крило на одбраната и потенцијална замена за Даниел Карвахал.

Се очекува Реал Мадрид да достави понуда за играчот во текот на летниот трансфер период.

Во сезоната 2021/22, Додо запиша 26 натпревари за Шахтјор со 4 асистенции. Вредноста на играчот се проценува на 20 милиони евра.


Челзи нема да дели дополнителни бонуси за светската клупска титула

Иако повеќе од 7 милиони фунти влегоа во клупската каса за освојување на Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, фудбалерите на Челзи нема да добијат ниту фунта плус на плата.

Тие според договорот ќе добијат финансиски награди само во случај на триумф во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Фа купот и Лига купот.

Победата над Палмеирас во Абу Даби им донесе на „сините“ донесе 3,6 милиони фунти додека Суперкупот на УЕФА беше вреднуван со 3,7 милиони.


Флоренци перманентно останува во Милан

Фудбалерот на Милан, Алесандро Флоренци, кој настапува како позајмен од неговиот матичен клуб – Рома, сака да потпише перманентен договор со „росонерите“, објавија денеска дел од медиумите во Италија.

Според наведеното, Милан ќе може да го купи десниот бек во април или мај за околу 4,5 милиони евра.

30-годишниот фудбалер во тековната сезона е еден од најстандардните во составот на Стефано Пиоли.


Интер се разделува со Лаутаро Мартинез

Весникот „Газета дело спорт“ излезе со тврдење дека италијанскиот шампион Интер е подготвен на лето да се раздели со својот напаѓач Лаутаро Мартинез. 

Аргентинецот претходниов период беше побаруван од доста клубови, посебно од Арсенал, но во меѓувреме западна во голгетерска криза и нема постигнато гол од игра од почетокот на 2022 година.

Поради оваа причина „нероазурите“ се подготвени да го продадат по крајот на сезоната. Весникот додава дека на Аргентинецот друштво би можел да му прави и Алексис Санчез, кој исто така може да биде продаден.

Интер веќе идентификуваше тројца напаѓачи кои ќе го заменат Мартинез. Една од главните цели е Џанлука Скамака од Сасуоло. Италијанскиот шампион е заинтересиран и за Пауло Дибала од Јувентус и Џонатан Давид од Лил.


Диого Жота нема да настапи на дуелот со Норвич

Диого Жота со сигурност нема да настапи на натпреварот на Ливерпул против Норвич Сити в сабота, но од клубот се уште чекаат дополнителни информации за сериозноста на неговата повреда на скочниот зглоб. Португалецот беше изваден од игра на полувремето од дуелот со Интер во Лигата на шампионите, кој Ливерпул го доби со 0:2. 

Тренерот на екипата даде одговор на новинарски прашања за време на редовната прес-конференција пред натпреварот.

„Жота нема да биде достапен за овој натпревар, бидејќи се уште не е јасно каква е неговата состојба. Ни требаат повеќе информации. Има некои проблеми со лигаментите околу глуждот на ногата. Се е можно во овој момент, но мора да почекаме“, изјави Клоп.


Де Пол по само една година се враќа во Серија А

Родриго де Пол минатото беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ за неговиот потпис на Удинезе му платија 35 милиони евра и Аргентинецот се очекуваше да биде големо засилување.

Меѓутоа Де Пол не се снајде баш најдобро во Мадрид, нема голема минутажа и би можел на крајот на сезоната да се врати во Серија А. Имено, Милан и Јувентус се силно заинтересирани за Аргентинецот и сакаат да го донесат во своите редови.

Де Пол е отворен да се врати во Серија А, бидејќи не е задоволен во Атлетико Мадрид.


Трипие нема да игра за Њукасл до крајот на сезоната?

Прашање е дали дефанзивецот на Њукасл, Киран Трипие, повторно ќе заигра за тимот до крајот на сезоната, откако беше опериран поради здобиена скршеница на стапалото, само неколку недели откако му се приклучи на клубот.

Англискиот десен бек заработи скршеница на коска на левото стапало при победата од 1-0 над Астон Вила во рамките на Премиер лигата. 31-годишниот играч имаше клучна улога во извлекувањето на тимот од зоната на испаѓање, откако во јануари пристигна од Атлетико Мадрид.


Аргентинската легенда Хернан Креспо бил блиску да заигра за Реал Мадрид

Еден од најдобрите поранешни напаѓачи, Хернан Креспо, откри дека на два пати бил пред трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Поранешниот член на Ривер Плата, Парма, Лацио, Интер, Челзи, Милан и Џенова, можел да игра во Ла Лига за белиот дрес на Реал Мадрид, но објасни зошто тоа не се случи.

„Во 2002 година играв за Лацио и имав разговори со Реал Мадрид и Интер. Евентуалниот трансфер зависеше од Бразилецот Роналдо. Да останеше во Интер, јас ќе се преселев во Реал Мадрид. На крајот, тој одлучи да се приклучи на „кралскиот клуб“, па јас потпишав со Интер, изјави 46-годишниот Креспо.

Неколку години подоцна, од Реал Мадрид имале уште еден обид за ангажман на Аргентинецот.

„Имав уште 6 месеци до истекот на договорот со Интер кога ме повикаа од Реал Мадрид во јануари. Можев да потпишам со нив, но решив да останам за да го освојам Скудетото“, објасни прославениот напаѓач.

Креспо освои 3 титули во Серија А со Интер , а беше и освојувач на Купот на УЕФА со Парма .