фудбал

„Кралевите“ се распрашуваат за Дани Олмо

Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.

Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација. Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блескаше оваа сезона, па сега е стандарден член  на шпанската репрезентација.

Лајпциг нема намера да се откаже од услугите на 23-годишниот Олмо за сума помала од 50 милиони евра, па „кралевите“ ќе треба да го одврзат паричникот.

Главна мета на Реал Мадрид ова лето е Килијан Мбапе, а доколку не успеат да го реализираат тој трансфер ќе се насочат кон Дани Олмо.



Де Хеа се повреди на тренинг, го пропушта осминафиналето против Шпанија

Голманот на Шпанија, Давид де Хеа, по се изгледа нема да брани на денешниот осминафинален меч на Европското првенство 2020 со репрезентацијата на Хрватска. Шпанскиот фудбалер бил принуден предвреме да го заврши последниот тренинг поради проблеми со нозете.

„Де Хеа доживеа непријатност во задниот дел на левата нога за време на тимска сесија. Како резултат на првичниот преглед, играчот покажа мала повреда на мускулите на бутот“, велата од шпанската репрезентација.



Јунајтед ги стави на трансфер-листа Марсијал и Ван де Бек

Манчестер Јунајтед може да се раздели со четворица фудбалери ова лето, од кои две големи ѕвезди.

Според „ЕСПН“ клубот од Олд Трафорд ги ставил на продажба Антони Марсијал и Ван де Бек и за нив очекува понуди ова лето. Неколку клубови веќе покажуваат интерес за двете ѕведи. Холанѓанецот пристигна минатото лето за 40 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата и главно ја грее клупата за резерви.

Што се однесува до Марсијал тој самиот побарал да ја промени средината со оглед на се поизвесното доаѓање на Џејдон Санчо. Французинот така ќе го загуби местото во тимот и го известил агентот да му бара нов клуб.



Димитриевски ја менува клупската средина во Шпанија

Столе Димитриевски за Македонија на Европското првенство беше еден од најдобрите фудбалери, па неговите настапи не останаа незабалежани. Тој и покрај тоа што прими 8 гола, беше еден од најдобрите голмани на групната фаза, со своите интервенции, смиреноста и сигурноста која што ја покажа на голот, па сето тоа најверојатно ќе му донесе трансфер.

Неговиот клуб Рајо Ваљекано влезе во Примера, откако победи во баражот, каде што ја немаше помошта од нашиот голман, бидејќи тој беше на Европското првенство, а следната сезона сигурно ќе го гледаме во Примера, но не се знае дали во дресот на Рајо Ваљекано или во некој многу посилен клуб.

Според шпанските медиуми, интерес за него покажуваат Гранада и Гетафе, кои се наметнуваат како први фаворити за потписот на Македонецот, посебно ако се знае дека се клубови со многу поголеми амбиции од Рајо, односно последниве сезони редовно играат во Европа, додека тимот од Ваљекано го чека битка за опстанок во новата сезона.



Се огласи Перишиќ по заразата со КОВИД-19

Иван Перишиќ нема да може да и помогне на Хрватска во осминафиналето до ЕУРО 2020 против Шпанија. Тоа ќе биде голем хендикеп за селекторот Златко Далиќ, откако дозна дека тој ќе мора 10 дена да биде во изолација поради позитивен тест на коронавирус.

Меѓутоа Перишиќ денеска по прв пат се огласи од изолација и испрати порака со надеж. Во изолација ќе мора да остане најмалку десетина дена, тоа значи дека Хрватска би морала да стигне до финалето, за тој повторно да заигра на овој турнир.

„Како што веројатно знаете, бев позитивен на КОВИД-19. Ви благодаран на сите за пораките на поддршка. Се чувствувам подобро, но многу сум тажен затоа што нема да можам да и помогнам на Хрватска. Уверен сум дека момците ќе одиграат голем натпревар со поддршка од нашите неверојатни навивачи. И кој знае, можеби на крајот сепак ќе заиграм на овој турнир.“– напиша Перишиќ.



Јуве го продава Турчинот Мерих Демирал

Дефанзивецот Мерих Демирал може да го напушти Јувентус ова лето. Турскиот репрезентативец имал средба со управата на клубот и потенцирал дека не е задоволен од улогата која ја има во екипата.

Јувентус е подготвен да ги разгледа предлозите за трансфер на Демирал, доколку за него бидат понудени најмалку 40 милиони евра. Евертон, Тотенхем, Аталанта и Рома покажуваат интерес за турскиот дефанзивец, но засега нема клуб кој може да ја плати целата сума на трансферот. Затоа многу поверојатно е тој ова лето да оди на позајмица со опција за откуп на договорот следната сезона.



„Кралевите“ сакаат само супер-ѕвезди: Или Халанд и Мбапе или никого!

Реал Мадрид не планира да прави голем број трансфери ова лето. Од клубот се децидни, летово се заинтересирани само за две имиња: Халанд од Борусија и Мбапе од ПСЖ.

Новиот тренер Карло Анчелоти најавил дека клубот нема намера да купува нови играчи ова лето, освен ако двајцата млади голгетери успеат да се договорат со управата на мадридскиот тим.

Италијанецот е подготвен да работи со постојниот состав, со едно конкретно засилување во името на Мартин Одегард, кој се врати на „Бернабе“ по позајмицата во Арсенал. Анчелоти верува дека тој ќе биде изненадувањето на Реал во новата сезона.



Перишиќ позитивен на ковид-19, нема да игра против Шпанија в понеделник

Хрватскиот фудбалски сојуз соопшти дека Иван Перишиќ е позитивен на коронавирусот ковид-19 и ќе го пропушти осминафиналниот меч против Шпанија. Еден од најдобрите хрватски репрезентативци е ставен во самоизолација 10 дена и во тој период нема да конкурира за натпреварите на Хрватска.

Останатите фудбалери, членови на стручниот штаб и делегацијата се негативни на задолжителните тестови пред мечот од осминафиналето кој се игра утре во Копенхаген.



Oсимен одморот го минува играјќи фудбал во ненормални услови

И покрај астрономската сума која ја заработува, Осимен не заборавил каде ги направи своите први фудбалски чекори.

Некои играчи уште не ја завршиле сезоната поради настапот на Еуро, други уживаат со семејствата на егзотични дестинации, а Осимен одморот го поминува на еден посебен начин.

На социјалните мрежи се појавија фотографии како фудбалерот за кој Наполи плати 70 милиони евра игра фудбал со пријателите во неговото родно место.



Чилвел и Маунт се враќаат во тимот на Англија против Германија

Фудбалерите на Англија, Мејсон Маунт и Бен Чивел, кои беа во карантин откако имаа контакт со шкотскиот интернационалец Били Гилмор, кој беше позитивен на ковид-19, полека се вратија на индивидуални тренинзи.

Бидејќи периодот за карантин им истекува в понеделник на полноќ, тие добија дозвола да работат одвоено од главната група и да вежбаат во теретаната на хотелот. Тоа значи дека дефанзивецот и играчот за врска ќе му бидат на располагање на селекторот, Герет Саутгејт за осмина-финалето со Германија во вторник.

Чилвел сè уште нема запишано ниту една минута на Евро 2020 додека Маут беше меѓу главните играчи на „Трите лава“ на стартот на групната фаза.