фудбал

Две репрезентации се откажа од настап на Копа Америка

Фудбалските репрезентации на Катар и Австралија го откажаа учеството на овогодинешното издание на Копа Америка, кое ова лето ќе се игра во Аргентина и Колумбија, соопшти Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ. Тие две селекции го откажаа учеството поради ограничувањата во патувањето предизвикани од пандемијата на коронавирусот, но и пренатрупаниот фудбалски календар. Портпаролот на КОНМЕБОЛ, Ариел Рамирес изјави дека други репрезентации веќе изразиле желба да настапат на местото на Катар и Австралија. „Би сакале да имаме 12 репрезентации.“ – рече Рамирес и додаде дека Копа Америка ќе се игра со 10 тимови, како и обично, доколку не дојде до замени за тие две репрезентации. Австралија требаше да игра во групата А со Аргентина, Чиле, Уругвај, Парагвај и Боливија, додека Катар имаше место во групата Б со Колумбија, Еквадор, Венецуела, Бразил и Перу. Копа Америка ќе се одигра од 11. јуни до 11. јули.


Реал десеткуван кај Аталанта, Сити гостува на Менхенгладбах

Играчот за врска на Реал Мадрид, бразилецот Касемиро ќе мора да заврши голема работа против Аталанта, а притоа да не добие жолт картон. Бразилецот е единствениот на кој му се заканува суспензија во тимот на Реал, а Зинедин Зидан не може да си дозволи да остане и без Касемиро.
Реал во Бергамо отпатува без девет играчи и скоро извесно е дека никој освен Бензема нема да се опорави ниту за реваншот, а во прашање се – Карвахал, Рамос, Марсело, Милитао, Одриозола, Валверде, Родриго, Азар и веќе споменатиот Бензема.
Со тоа, Касемиро е и најдобриот стрелец на екипата која отпатува во Италија, а сите играчи вкупно имаат постигнато 23 погодоци.
На другиот натпревар, на неутрален терен во Будимпешта на Пушкаш арената како домаќин, екипата на Борусија Менхенгладбах ја дочекува екипата на Манчестер Сити, без некои непредвидени изостаноци и проблеми во составите. Кај екипата од Германија неизвесен е Маркус Турам, додека екипата на Гвардиола доаѓа со полн состав и во топ форма.


Фиорентина му нуди тригодишен договор на Сари

Маурицио Сари има шанса да ја предводи Фиорентина. Италијанскиот тренер и клубот воделе преговори, при што Сари добил понуда за тригодишен договор. Маурицио Сари има време да размисли пред крајот на сезоната. Исто така е потврдено дека преговорите меѓу двете страни ќе продолжат.
Во моментов екипата на Фиорентина е предводена од Чезаре Прандели. Тој се врати во тимот во 2020 година, претходно работеше во клубот од 2005 до 2010 година. Фиорентина има освоено 25 поени по 23 одиграни кола во италијанската Серија А и се наоѓа на 14-тото место на табелата. Заостанува зад лидерот Интер со цели 28 поени.
Маурицио Сари има добро искуство во работа со клубови од Италија, бил на чело на Јувентус, Наполи, Емполи и неколку други италијански клубови.


Јунајтед испратил понуда, но најдобриот дефанзивец на Монако ја одбил

Беноа Бениашил откри дека ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед минатото лето.
Младиот Французин смета дека донел правилна одлука и не жали што не се преселил на „Олд Трафорд“.
„Донесов исправна одлука да останам во Монако. Една од причините е што последните сезони играме добро. Овде добивам големо искуство да играм во тим кој се бори за врвот. Оваа сезона покажа дека донесов правилна одлика. Воопшто не жалам што го одбив Манчестер Јунајтед“, изјави дефанзивецот.


Се залетуваше за пенал 20 метри, еве што се случи на крајот! (видео)

Гонзало Коронел не е фудбалер кој е познат на широката фудбалска јавност. Играчот на аргентинскиот второлигаш Атлетико Атланта сепак стана вирално познат на социјалните мрежи поради бизарно изведен пенал. Атлетико играше во првото коло од аргентинскиот Куп против Вила Сан Карлос. По 0:0 во регуларниот дел, се пристапи кон изведување на пенали. Резултатот беше 3:3, топката ја зеде Коронел, а потоа го изведе еден од најбизарните пенали во историјата на фудбалот. Се залета од преку 20 метри, за пред самата топка да застане, потскокне и да шутира млитаво по средината на голот, што беше лесна задача за голманот.


Ампонсах претставен во Битола, Пелистер доби искусен напаѓач

Битолски Пелистер денес го претстави најновото засилување, интернационалецот од Гана, Принц Апонсах. Напаѓачот кој пристигна од Тајланд, од вчера се приклучи на тренинзите со своите нови соиграчи и веќе му е на располагање на тренерот Димитар Капинковски. Принц Апонсах денес позираше во зелениот дрес, кој ќе го носи во следните една и пол година, во друштво на претседателот на клубот Пеце Стојчевски. „Многу сум среќен што сум тука. Сакам напаѓачки фудбал, играм на офанзивните позиции. Задоволен сум што дојдов во Пелистер, сакам да им покажам на фановите и на тимот што можам. Не знам многу за екипата, но имав време додека да дојдам во Македонија, па на Интернет гледав натпревари на Пелистер. Луѓето во клубот се љубезни, исто и соиграчите. Задоволен сум што сум тука“, рече Принц Ампонсах.


Ливерпул и Севиља подготвуваат трампа Окампос-Минамино

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе се обиде да издејствува размена на играчи со Севиља и тоа Такуми Минамото да замине во Шпанија а на Островот да допатува Лукас Окампос. Минамото не успеа да се докаже во дресот на „црвените“ по што Ливепрул ќе го стави на трансфер листата или ќе направи напор да го размени со Окампос. Извесно е дека Севиља покрај Минамото ќе бара и пари за Окампос кој игра одлично во шпанскиот шампионат.


Тотенхем веќе ја пронајде замената за Мурињо

Пред нешто повеќе од месец дена, Тотенхем се споменуваше како сериозен конкурент за титулата во англиското првенство. Тимот на Жозе Мурињо не играше најубаво, но беше ефикасен и држеше чекор со водечките екипи во лигата. Но, во последните пет натпревари, Тотенхем победи само на еден и падна на деветтото место со исто толку бодови заостанување зад позициите кои водат во Лигата на шампионите. Тотенхем се мачи, не игра добро, а „Телеграф“ тврди дека позицијата на Мурињо е „раздрмана“ и има четири натпревари да го „разбуди“ тимот. Тој весник тврди дека раководството на клубот веќе го пронајде човекот кој треба да го замени Мурињо и кој често се поврзува со големи клубови. Тотенхем е заинтересиран за Јулијан Нагелсман, а клупските претставници веќе го контактирале германецот кој сакаат да го доведат и пред крајот на сезоната. Нагелсман беше желба и на Челзи по отказот на Лампард, но Нагелсман ја одби понудата.
Единствен кој и понатаму стои зад Мурињо е претседателот на клубот Даниел Леви, што би можело да значи дека португалецот сепак ќе остане до крајот на сезоната, па потоа клубот ќе одлучува што понатаму.


Балерин се сели меѓу „светците“ во Париз

ПСЖ планира да го обнови интересот за дефанзивецот на Арсенал, Хектор Белерин. Според изворот, Белерин сака нов предизвик во друг клуб. Во врска со ова, некои европски клубови, вклучително и ПСЖ, размислуваат за потпишување договор со играчот во текот на летниот преоден рок. Ектор Белерин е потекнува од фудбалската школа на Барселона, но Арсенал го купи Шпанецот за 500 илјади евра летото 2011 година на 16-годишна возраст. Неговиот договор со „Топџиите“ е со важност до 30 јуни 2023 година. Во моментов неговата пазарна вредност се проценува на 28 милиони евра.


Мурињо го враќа Ди марија во Премиер Лигата

Анхел ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ и на лето би можел да си замине како слободен агент. Англиските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и дека големи се шансите од следната сезона да се врати во Премиер лигата. Сериозен интерес за Ди Марија покажува Тотенхем, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент. Мурињо одлично ги познава неговите квалитети и сака да го донесе во неговиот тим, но сепак се ќе зависи од новиот тренер на ПСЖ, Маурицио Почетино.