фудбал

Ансу Фати по девет месеци се врати на фудбалските терени

Тренерот на Барселона, Роналд Куман наскоро би можел во тимот да го добие младиот Ансу Фати, кој по подолго време се врати на тренинзите.

Младиот шпански репрезентативец на стартот на минатата сезона го повреди коленото, по што мораше да направи дури четири операции и да паузира девет месеци.

Според лекарите, Фати е далеку од враќање на натпреварите, бидејќи ќе му требаат неколку недели тренинзи со тимот за Куман за да се врати во физичка и тактичка подготвеност.


Шкотот Робертсон го продолжи договорот со Ливерпул

Англискиот гигант Ливерпул продолжи да ги продолжува договорите со важни фудбалери, а последен кој стави потпис е Енди Робертсон.

После продолжувањето на договорот со Трент Александер-Арнолд, Фабињо, Алисон Бекер и Вирџил ван Дајк, сега на ред дојде и Робертсон.

Робертсон денес стави потпис и се обврза на верност до „црвените“ до 2026 година.

Робертсон пристигна на „Енфилд“ пред четири години и се етаблираше како еден од најдобрите леви бекови во светот.


Осимен два натпревари ќе паузира заради исклучувањето со Венеција

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, заработи суспензија од два натпревари по црвениот картон што го доби на дуелот со Венеција.

Дисциплинската комисија во Серија А е казнет за „намерно удирање во лицето на противнички фудбалер, додека топката не била во негова близина“. Поради тоа, Осимен ќе го пропушти неделното гостување против Џенова, како и големото дерби со Јувентус.


Европскиот првак преговара со Саул од Атлетико

Саул Нигез го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер ова лето.

26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на „црвените ѓаволи“ кои минатата година направија конкретен обид да го донесат на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа, сега во трката за потписот сериозно се вклучи Челзи, кој веќе спремил понуда за Саул Нигез.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, па се очекува двата клуба наскоро да седнат на преговарачка маса.


Симеоне побара доведување на уште еден напаѓач

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не крие дека е задоволен од минималната победа во второто коло во Ла Лига против екипата на Елче.

Неговите избраници на домашен терен славеа минимално со 1:0 иако имаа изобилство на шанси, но, не ги искористија.

„Мислам дека немаше свежина кај моите фудбалери. Имавме многу обврски во летниот период. Сакаме да ангажираме уште еден играч во нападот“’, потенцираше популарниот „Чоло“.


Меси се сели во нов дом вреден 25 милиони евра

Лионел Меси во еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот се пресели од  Барселона во ПСЖ. Сагата заврши, Меси заврши со подготовките и се очекува да дебитира во недела против Ремс од 20.45 часот.

На Аргентинецот, според таблоидите во Франција, а тоа го пренесува и Мирор, понудена му е куќа од 25 милиони евра во престолнината на Франција.

Меси треба наскоро да го одбере својот нов дом, а според медиумите вака изгледа новата куќа на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.


Навивачите на Интер не го заборавија Ериксен!

Кристијан Ериксен се уште закрепнува по инцидентот на ЕУРО, неизвесно е кога и дали ќе се врати на теренот. Иако има многу шпекулации, Данецот засега е во мирување.

Ериксен нема да може да продолжи да игра за Интер, бидејќи според правилата на Серија А, не е дозволено да играат фудбалери со вграден дефибрилатор.

Навивачите не го заборавија данскиот интернационалец, а оваа фотографија се прераскажува во Италија. 


Реал Мадрид објави кога се враќа на својот Сантијаго Бернабе

Реал Мадрид објави дека се враќа на својот стадион на 11. септември, кога ќе биде домаќин на Селта Виго во првиот домашен натпревар сезонава.

Уште од почетокот на пандемијата во 2020. година, која го забрза почетокот на работењето на култниот стадион, Реал играше на помошниот стадион „Алфредо Ди Стефано“.

Капацитетот на Сантијаго Бернабе ќе остане 81.000 места, но со потполно нов надворешен изглед ќе добие и бројни нови атракции, како голем екран од 360 степени, шопинг центар, хотел, нови ресторани и подземна гаража на пет нивоа.

На стадионот има се уште многу да се работи, а клубот очекува целосно да биде завршен до крајот на 2022. или почетокот на 2023. година.


Кој може да си го дозволи Кристијано Роналдо?

Поранешниот извршен директор на Баерн и легенда на светскиот фудбал, Карл Хајнц Румениге се осврна на ситуацијата која владее во тој спорт и ја повика УЕФА да направи ред, бидејќи би можеле да следат тешки моменти за фудбалот.

Румениге го изјави тоа анализирајќи ја состојбата на пазарот и разликите помеѓу клубовите, па а пример го наведе Кристијано Роналдо. Португалскиот напаѓач, се верува, сака да го напушти Јувентус, а Румениге предупредува:

„Најголем проблем е неговата плата. Тој заработува 35 милиони евра годишно за што треба да се издвојат 70 милиони бруто. Кој може тоа да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некој од англиските клубови? Тоа не е здрав начин на напредок, УЕФА мора да интервенира и нешто да направи.“

„Потребна е регулација на цените, бидејќи трошоците повторно растат и ако нешто не се направи, за фудбалот следат тешки времиња.“ – додава Румениге.


Норич го доби Брендан Вилијамс на позајмица од Манчестер Јунајтед

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Брендан Вилијамс, ќе биде на позајмица во Норвич до крајот на сезоната.

„Канаринците“ ја добија трката со Њукасл и Саутемптон, кои исто така беа заинтересирани за младинскиот репрезентативец на Англија.

„Првпат играм за друг клуб, но навистина сум возбуден. Мислам дека менаџерот ќе ми помогне да се развивам . Имам чувство дека ќе биде добра година”, рече Вилијамс.