фудбал

Борусија Дортмунд му поставува краен рок за одговор на Халанд

Челниците на Борусија Дортмунд се нестрпливи да го дознаат планот на Ерлинг Халанд за тоа каде мисли да ја продолжи својата фудбалска кариера.
Голем број врвни тимови се поврзуваат со напаѓачот, вклучувајќи ги Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.
Халанд има договор со Борусија до 30 јуни 2024 година, но постои клаузула во договорот која му овозможува заминување во друг клуб кој би платил 75 милиони евра следното лето.
Од Борусија Дортмунд не сакаат да го продадат играчот и ќе се обидат да го задржат барем уште една година. Норвешкиот напаѓач засега одбива да одговори какви се неговите планови.
Поради оваа причина клубот му поставил рок на Халанд, до кога тој мора да ги открие на раководството своите планови за следната сезона. Според некои информации рокот е февруари 2022.
На овој начин Борусија ќе има време да реагира и да најде соодветна замена за него во летниот трансфер период.


Бернардо Силва заминува од Манчестер Сити?

Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината. Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а сега откри дека минатото лето имал понуда од шпански клуб.

Португалецот признава дека му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.

„Се зависи, постојат и лични причини кои се многу важни. На пример би бил поблиску до семејството“, изјави Силва.

Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.


Љајиќ раскрсти со Бешикташ, наскоро се враќа во Италија

Адем Љајиќ ќе го напушти Бешикташ во јануари и е во потрага по нов клуб, пренесуваат италијанските медиуми.

Поранешниот српски репрезентативец е надвор од плановите во Бешикташ. Не се вклопи во идеите на Јалчин, а истото го очекува и кај привремениот менаџер Ундер Каравели кој ќе го води тимот до крајот на сезоната. Поради тоа Љајиќ е во потрага по излезе од црно-белиот табор и веќе им порачал на своите претставници да му пронајдат нова средина.

Наводно контакти имало со Болоња и Џенова, но засега немало одговор. Михајловиќ и Љајиќ се во добар однос со Михајловиќ, двајцата имаа одлична соработка во Торино во периодот кога Љајиќ играше одличен фудбал.

Инаку, сезонава Љајиќ не настапи на ниту еден натпревар во дресот на Бешикташ.


Италија повторно со половичен капацитет на стадионите

Според информациите на „Газета дело Спорт“, поради рестриктивните мерки од корона кризата, капацитетите на стадионите во Италија повторно ќе се намалат на 50 проценти.

Новите мерки ќе се однесуваат на сите спортски настани и објекти во земјата.

Досега, на стадионите беше дозволено исполнетост од 75 %.

Новите мерките ќе стапат на сила од 6 јануари.


Тухел: Ќе треба да пронајдам подготвени играчи за Ливерпул

Тренерот на Челзи, Томас Тухел не ја криеше разочараноста од пропуштеното водство за победа над Брајтон во натпреварот кој заврши 1:1.

Челзи во дополнителното време од натпреварот, прими гол за израмнување и не успеа бодовно да се доближи до лидерот на табелата, Манчестер Сити.

„Беше доста разочарувачки, но дадовме се од себе“. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар против незгоден противник ноуспеавме да направиме големи шанси. Ги надминавме тешките моменти од натпреварот и имавме можност за победа,но на крајот мораше да се задоволиме со бод. Имаме играчи кои не можат да издржат повеќе од 60 минути. Се уште не ги знаеме деталите за Рис Џејмс и Кристијан Пулишиќ. Мора да најдеме подготвени играчи за натпреварот со Ливерпул. Повредена ни е целата бековска линија, играчите се враќаат по опоравувањето од коронавирусот, а ние играме и играме“, потенцираТухел.


Зијеч заминува од Челзи, наскоро се сели во Серија А

Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијех и повторно ќе се обиде во јануари.

Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп. Меѓутоа, Тухел не смета на него и Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.

„Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови и ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок на позајмица со право на откуп.


Газдите на Њукасл го купуваат Интер?

За неколку дена Интер ќе стане сопственост на Саудискиот државен инвестициски фонд (PIF), кој веќе е сопственик на Њукасл. Ова го наведува популарниот американски сајт International Business Times. Арапите ќе му платат околу една милијарда долари (884 милиони евра) на Сунинг, кој моментално има најголем удел во италијанскиот шампион.

Во наредните денови се очекува во канцелариите на „нероаѕурите“ да пристигнат документите за промена на сопственоста. Зад фондот стои престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.


Два премиерлигаши го сакаат Фабиан Руиз од Наполи

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Англиските гиганти подолго време го следат Фабиан Руиз и сега се спремни да преземат конкретни чекори за негов ангажман.

Јунајтед бара наследник на Погба, кој најверојатно ќе замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната и верува дека Шпанецот би бил идеално решение.


Габигол се враќа во Европа, Њукасл го сака Бразилецот

Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Габриел Барбоса, може да добие понуда да заигра за екипата на Њукасл.

Англискиот тим кој неодамна доби нови богати сопственици, ќе се обиде во јануари да го освежи драстично ростерот и да остане конкурентен во битката за опстанок.

Барбоса кој во минатото настапуваше за Интер и Бенфика, во моментов ги брани боите на Фламенго. Њукасл има намера да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната.


Легендарниот Роберто Карлос тренер на Фенербахче?

Легендата на бразилскиот фудбал, Роберто Карлос, е тренерска опција за турскиот гигант Фенербахче.

Турските медиуми пишуваат дека пропаднале преговорите со Германецот Јоаким Лев кој ја одбил понудата за тренерското место во клубот. Поради оваа причина раководството на Фенербахче размислува за ангажирање на 48-годишниот Бразилец.

Роберто Карлос има искуство како тренер во турското првенство каде претходно ги водеше Сиваспор и Ахисарспор. 

Познато е дека беше и дел од играчкиот кадар на Фенербахче од 2007 до 2009 година.