фудбал

Баерн се вклучи во трката за капитенот на Наполи

Лоренцо Инсиње може да продолжи кариера во германското првенство. Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на 30-годишниот италијански фудбалер. Клубот од Минхен упати барање до Наполи за трансфер на Инсиње. Клубот од Неапол очекува да го задржи напаѓачот, но со кратење на платата. Самиот Инсиње сака да остане, но бара зголемување на платата. Интерес за напаѓачот покажува и Тотенхем.

Да потсетиме дека Инсиње настапува за првиот тим на Наполи од 2009 година. Оваа сезона напаѓачот учествуваше во 15 натпревари од италијанската Серија А, постигна 4 гола и 5 асистенции. Минатото лето Инсиње стана европски првак со италијанската репрезентација.


Ливерпул му нуди нов договор на Салах, ќе го направи најплатен во Премиер лигата

Ливерпул со нов договор може да го направи египетскиот напаѓач Мохамед Салах најплатен играч во Премиер лигата.

Договорот на 29-годишниот Салах истекува на крајот од следната сезона и Ливерпул ќе мора да работи напорно за да го задржи фудбалерот, пренесува „ЕСПН“.

Ливерпул може да ја зголеми платата на Салах на 592.000 евра неделно, што ќе го направи најплатениот играч во англискиот шампионат. Египетскиот фудбалер за англискиот тим настапува од 2017 година.

Сезонава Салах во сите натпреварувања одигра 24 натпревари и постигна 22 гола и девет асистенции. Ливерпул треба последниот натпревар во 2021 година да го игра против Лестер Сити во Премиер лигата на 28 декември.


Левандовски е фудбалер на годината според „Гардијан“

Реномираниот „Гардијан“ ја објави листата на десет најдобри фудбалери за 2021 година.

На првото место на листата на реномираниот медиум се најде полскиот голгетер Роберт Левандовски. Ова е втора година по ред Левандовски да биде на врвот на оваа листа.

Името на Левандовски се најде на списокот на сите гласачи, а 115 од 219 го избраа да биде на врвот. Зад Левандовски се најде освојувачот на Златната топка, Лионел Меси, потоа Салах, па Бензема, Жоржињо, Мбапе, Халанд, Роналдо, Канте и Кевин Де Брујн.


Јуве го сака Скамака на позајмица до крајот на сезоната

Раководството на Јувентус е заинтересирано за купување на напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака. Клубот од Торино активно бара нов напаѓач. Преговорите со Мауро Икарди и Пјер-Емерик Обамејанг се во ќорсокак, па Јувентус се заинтересира за 22-годишниот Италијанец.

Станува збор за позајмување на напаѓачот со опција за откуп. Скамака оваа сезона во Серија А постигна шест гола. Тој е втор стрелец на Сасуоло. Јувентус има освоено 34 бода на 19 средби и се искачи на петтото место на табелата на италијанската Серија А, додека лидер е Интер со 43 бода од 18 натпревари.


Шкрињар; Среќен сум во Интер, но во фудбалот никогаш не се знае

Милан Шкрињар не ја исклучи можноста да го напушти Интер. Сепак, фудбалерот забележува дека се чувствува удобно да биде шампион на Италија.

„Не размислувам за заминување, се чувствувам добро во Интер. Сепак, никогаш не знаете што може да се случи. Сè уште не сме преговарале за продолжување на договорот, бидејќи тој завршува дури во 2023 година“, изјави Шкрињар.

26-годишниот Шкрињар му се приклучи на Интер од Сампдорија во летото 2017 година за 34 милиони евра. Оваа сезона словачкиот дефанзивец постигна три гола на 23 натпревари од италијанската Серија А и Лигата на шампионите. Пазарната вредност на фудбалерот се проценува на 60 милиони евра. Претходно беше објавено дека за услугите на Шкрињар се заинтересирани англиските премиерлигаши и екипи од шпанската Ла Лига.


Барса нема да го откупи Австриецот Јусуф Демир

Австрискиот млад напаѓач Јусуф Демир важи за голем талент, но најверојатно веќе го изигра последниот меч за Барселона.

Причината за тоа се крие во интересната клаузула која ја има во неговиот договор. Како што е познато 18-годишниот Демир е сопственост на Рапид Виена и игра на „Камп Ноу“ како позајмен фудбалер.

Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула според која Каталонците се задолжени да го откупат талентот за 10 милиони евра, доколку Дамир одигра 10 меча за Барселона. Во моментов тинејџерот има одиграно 9 меча во сите натпреварувања за Барса, но поради финансиската ситуација клубот одлучи да не го откупува и нема да плати 10 милиони евра.


Конте: Кејн денес не сака да си оди, сака да остане во Тотенхем

Антонио Конте тврди дека голгатерот Хари Кејн со ништо не покажува дека сака да си замине од клубот.

Кејн во текот на целото лето инсистираше на трансфер, но Тотенхем ги одби сите понуди, па напаѓачот остана во клубот.

„Хари покажа дека комплетно е фокусиран на проектот на Тотенхем. Го гледам секој ден и забележувам дека тој е среќен тука. Кејн е лидер на тренинзите, во соблекувалната и на теренот. Многу се радувам што го имам во тимот“, изјави Конте.


Барса и Севиља се договорија, Лук де Јонг се сели во Кадиз

Лук Де Јонг кој во последниот ден од преодниот рок пристигна во клубот на позајмица од Севиља вториот дел од сезоната би можел да го помине во Кадиз.

Шпанските медиуми пренесуваат дека трите клуба постигнале договор и сега се чека одобрение само од фудбалерот. Така Де Јонг се сели во клуб ќе мора да се бори да опстанок затоа што во овој момент Кадиз е претпоследен тим на табелата.

Лук Де Јонг во клубот дојде по барање на Роналд Куман, но целосно потфрли, па не е во плановите на новиот стратег Чави Хернандез. Се шпекулираше дека Фенербахче е заинтересан, меѓутоа преселба во Кадиз во овој момент е најверојатна опција.


Конте го кани Де Врај во Тотенхем

Дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај е мета на интерес на Тотенхем. Менаџерот на лондончани, Антонио Конте е лично заинтересиран за услугите на холандскиот дефанзивец, кој беше негов тренер во италијанскиот клуб.

29-годишниот Де Врај игра за актуелниот италијански шампионат од 2018 година, кога „нероаѕурите“ го доведоа како слободен играч. Според информациите од Италија, Интер за неговата слобода ќе бара над 50 милиони евра.


Њукасл Јунајтед со изненадувачки трансфер за Одион Игало

Според угледниот „Скај Спортс“, екипата на Њукасл планира во јануари да го доведе искусниот напаѓач, Одион Игало.

Според изворот, враќањето на Игало во Премиер лигата ќе му помогне на тимот да ја подобри ефикасноста во нападот и на тој начин да се обезбеди опстанокот во најдобрата англиска лига. 

Нигерискиот напаѓач пред една година, како позајмен играч настапуваше за Манчестер Јунајтед, а сега е член на Ал Шабаб од Саудиска Арабија.

Игало,својата популарност во Англија ја стекна како член на екипата на Ватфорд од 2014 до 2017 година.