фудбал

Арсенал раскина со Гркот Папастатопулос

По разговорите кои ги имаше со својот фудбалер Сократис, Арсенал донесе одлука да го прекине неговиот договор со заедничка согласност. Ова му дава слобода на популарниот Папа Сократис да преговара за договор со нов клуб и да се врати во натпреварувачки ритам што е можно побрзо. Грчкиот интернационален дефанзивец му се приклучи на Арсенал од Борусија Дортмунд во јули 2018 година и оствари 69 настапи за оваа екипа. Тој беше дел од составот на „Емирати“, освојуваќи го ФА купот во август и одигра 12 натпревари во Лигата на Европа во 2019 година. „Во име на Микел Артета, нашите тренери, играчи и сите во клубот, јас би сакал да му се заблагодарам на Папа Сократис за неговиот придонес во клубот. Тој беше важен дел од нашата екипа и беше професионалец во текот на целиот период. Преговорите за раскинување на неговиот договор завршија успешно и посакуваме многу успеси на Сократис и неговото семејство“ изјави техничкиот директор Еду.


Мурињо го сака Ингс наместо Винициус, напаѓачот заминува од Саутемптон

Дени Ингс не брза со одлуката за својата иднина со „светците“. Тој доби понуда за нов четиригодишен договор, според кој би станал најплатениот играч во историјата на клубот. Сепак, 28-годишниот напаѓач има амбиции да игра на повисоко ниво или поточно во Лигата на шампионите. Тотенхем имаше интерес за него изминатото лето, но сеапак отиде на поевтина опција во лицето на Карлос Винисиус. Ингс има договор со Саутемптон за уште 18 месеци, а клубот веројатно нема да сака да го пушти без пари. Ако две страни не се договорат, тој најверојатно ќе замине ова лето. Играчот сака да има клаузула за раскин на новиот договор, но од Саутемтон не сакаат да вклучат такво нешто, бидејќи не сакаат да бидат ограничени во однос на износот на трансферот.


Ливерпул го позајмува Ориги на „Сан Сиро“

Дивок Ориги може да го напушти Ливерпул во зимскиот преоден рок и да се преслеи во Италија. Веста ја објави новинарот Николо Шира на Твитер.
Според него, услугите на 25-годишниот белгиски фудбалер му биле понудени на Интер. Претходно беше објавено дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за Дивок.
Ориги се приклучи на Ливерпул во 2014 година од Лил, по што помина уште една година во Франција на позајмица. Потоа, тој замина на позајмица во Волфсбург. Со Ливерпул, напаѓачот стана шампион на Англија, ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, но оваа сезона одигра само четири натпревари во англиската Премиер лига.


Познато од каде доаѓа новиот тренер на Челзи!

Челзи и понатаму е во длабока фудбалска и резултатска криза, а се поизвесно е дека Лампард ги брои последните денови на клупата на Стемфорд Бриџ.
Според пишувањата на медиумите, потрагата за нов тренер е веќе започната, се чини дека тој ќе биде од германско потекло, а се споменуваат имињата на Тухел, Рангник и Нагелсман.
Тухел моментално е без ангажман, откако заврши неговата епизода во ПСЖ. Тој веќе соработувал со Пулишиќ, а нема сомнеж дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд лесно ќе најде заеднички јазик и со Хаверц и Вернер.
Нагелсман и понатаму реди успеси во Лајпциг, на четири бода се од водечкиот Баерн, а ги чекаат и дуели со Ливерпул во Лигата на шампионите, па се чини дека Нагелсман е најтешка мета за клубот од Лондон.
Од друга страна, Рангник по шпекулациите за преземање на Милан остана во Лајпциг. Тој ја обавува функцијата директор за спорт и развој во Ред Бул компанијата, па прашање е колку е заинтересиран за враќање покрај аут-линијата.
Јасно е дека големата мотивација за промена е во тоа најголемите две засилувања, Хаверц и Вернер конечно да проработат.


Се сеќавате на него? Аталанта преговара со Лисандро Лопез

Лисандро Лопез е на мета на Аталанта. Наводно започнале преговорите помеѓу Аталанта и сегашниот клуб на Лисандро, Расинг.
Ништо не би било изненадувачки во овој трансфер ако Лисандро немаше 37 години и не беше на залезот на кариерата.
Меѓутоа Аталанта не е единствениот клуб во игра за неговиот потпис. Лисандро Лопез има понуда и од Атланта Јунајтед. МЛС тимот му нуди договор на Лопез до декември 2021 година, а оваа опција изгледа како најреална.
Лисандро Лопез во кариерата најголема трага остави во Лион за кој постигна 59 голови на 119 натпрвеари. Дресот на Порто го носеше на 106 натпревари и постигна 48 гола.


Роналдо и Перез се сретнаа во Торино, загрижени навивачите на Јувентус

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез деновиве беше во Торино. Тој се сретна со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели како би разговарале за прашањата поврзани со фудбалската политика.
Се разговараше за иднината на меѓународниот фудбал, односно идеите низ наредните години да се креира фудбалска Суперлига за која и двајцата се залагаат.
Перез имаше време да се сретне и со Кристијано Роналдо, кој го дочека во кампот на Јувентус.
Таа вест ги загрижи навивачите на Јувентус. Старата дама во неделата загуби од Интер со 2:0 и се подалеку е во трката за Скудетото, а португалецот на тој натпревар беше непрепознатлив. Претходните месеци се пишуваше дека Роналдо беше пред трансфер во ПСЖ, но истиот пропадна поради коронавирусот.
Сепак, состанокот на Роналдо и Перез беше само пријателски, сметаат италијанските медиуми.


Симеоне добива нов договор во Атлетико Мадрид

Диего Симеоне најверојатно ќе добие понуда да ја продолжи соработката со шпанскиот елитен состав до 2024 година , објавија дел од медиумите на Пиринеите. Сегашниот договор на 50-годишниот аргентински специјалист е валиден до 2022 година. Симеоне се активираше во клубот во 2011 година и досега успеа да се израдува на шампионската титула (сезона 2013/2014), во Купот (сезона 2012/2013) и Супер Куп на Шпанија. Тој имаше шанса да ги подигне трофеите и во Лигата на Европа на УЕФА (сезона 2011/2012, 2017/2018), Суперкупот на УЕФА (2012, 2018 година). Атлетико Мадрид во тековнава сезона во Примера се наоѓа на челната позиција на табелата со 41 бод од 16 одиграни натпревари.


Зидан: Не е исто да играш за Реал и за Ајнтрахт!

Лука Јовиќ повторно е во центарот на вниманието откако постигна два гола на своето деби во дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Јовиќ пристигна во Реал Мадрид како големо засилување за 60 милиони евра, но една година и половина постигна само еден гол. Јовиќ не добиваше голема минутажа во Мадрид па реши да се врати во Ајнтрајт на позајмица, каде блеска уште на првиот меч и постигна два гола. „Секогаш вината е моја, секогаш. Меѓутоа, тешко е да се игра за Реал, го искусив тоа како играч. Има моменти кои мора да ги искористиш и да покажеш дека си играч за Реал. Мислам дека не погрешивме кога го купивме и среќен сум за него. Еден ден ќе постигнува многу голови и за Реал Мадрид, сигурен сум во тоа. Меѓутоа, мора да знаете дека не е исто кога играш за Реал или за некој друг клуб“, истакна Зидан.


Манџукиќ: Чест ми е што ќе го носам дресот на Милан

Марио Манџукиќ го одработи првиот тренинг во дресот на Милан. Навивачите очекуваат добри настапи од поранешниот напаѓач на Јувентус кој со клубот потпиша договор на шест месеци со опција истиот да продолжен. „Благодарен сум на сите во Милан што ми дадоа чест да бидам во ваков клуб. Навистина е голема чест што ќе имам прилика дресот на овој клуб со богата историја. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе на секој натпревар за да помогнам во остварување на зацртаните цели“, изјави Манџукиќ.


Карагер му порача на Клоп да го промени напаѓачкото три

Џејми Карагер го советува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, да го промени напаѓачкото трио кое функционира повеќе од 4 години. Станува збор за Мане, Салах и Фирмињо. „Најдобрите напаѓачки формации обично функционираат 2-3 години. Можеби треба да се направат промени во Ливерпул. Тие имаат по 30- тина години и порано или подоцна работите ќе мора да се менуваат“ – вели Карагер. „Се разбира, за две години не можете да купите повеќе нови играч. За тоа ќе биде потребно време. Мислам дека Мане и Салах може да се вратат во ритам, но, ме загрижува Фирмињо“, рече поранешниот дефанзивец на тимот од „Енфилд Роуд“.