фудбал

Артета го отстрани Обамејанг од тимот на Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, неочекувано го отстрани од тимот капитенот на екипата, Пјер-Емерик Обамејанг.

Како наводна причина за тоа, Артета ја наведува несериозноста и недисциплината од страна на Обамејанг во изминативе денови.

„Некои правила во клубот се многу јасни и за нив не треба да има дискусија. Затоа одлучив тој да биде надвор од тимот“, изјави Артета.

Репрезентативецот на Габон, последниве неколку кола игра во очајна форма и има постигнато само еден гол и промашени безброј шанси. Неговото место во тимот го зазеде Французинот Лаказет кој играше на натпреварот со Саутемптон и постигна гол во победата од 3:0.


Нагелсман е најмладиот тренер со 100 победи во Бундеслигата

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман стана најмладиот тренер со 100 победи во германската Бундеслига.

Нагелсман овој успех го постигна со победата на неговиот Баерн против Мајнц со 2:1 на домашен терен. Со оваа победа екипата на Баерн Минхен го задржа првото место на табелата со предност од 6 бода пред Борусија Дортмунд.

Јулијан Нагелсман има само 34 години и 141 ден, а неговата прва победа во Бундеслига исто така ја забележа против екипата на Мајнц, во периодот кога беше тренер на Хофенхајм. 


УЕФА на „зелена маса“ ќе го решава исходот на дуелот Тотенхем – Рен

Натпреварот меѓу Тотенхем и Рен во Конференциската лига, кој оваа недела беше откажан поради бројни случаи на коронавирус во редовите на англискиот тим, воопшто нема да се одигра, соопшти УЕФА.

Од УЕФА објаснија дека се обиделе да најдат нов датум за дуелот во Лондон за комплетирање на групната фаза, но таков нема.

„За жал, без разлика на трудот, не успеавме да најдеме решение кое би им одговарало на двата клуба. Следствено, натпреварот нема да се одигра и случајот ќе биде префрлен на комисијата за етика и дисциплинска комисија која ќе донесе одлука согласно прописите на натпреварувањето“, велат од УЕФА.


Ето крунисан во претседател на Фудбалскиот сојуз на Камерун

Славниот Камерунец Самуел Ето стана прв човек на Фудбалскиот сојуз на Камерун.

Ето бепе избран за нов претседател откако на Генералното собрание собрал 43 гласа и го победил противкандидат Саиду Мбомбо Ноја кој освоил 31.

„Сакам да се заблагодарам за довербата и ветувам напорна работа со цел на просперитет на камерунскиот фудбал. Пред нас е многу работа, има многу нешта кои сакаме да ги промениме“, изјави Ето.


„Ѓаволите“ сакаат супер-засилување: Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда за Жоао Феликс

Екипата на Манчестер Јунајтед е еден од четирите премиерлигашки клубови заинтересирани за услугите на Жоао Феликс. Португалскиот напаѓач пристигна на „Ванда Метрополитано“ за сума од 126 милиони евра од Бенфика во 2019 година. Сепак, оттогаш тој се мачи да ги покаже своите вистински квалитети.

Атлетико е подготвен да се откаже од 22-годишниот фудбалер, бидејќи тој не се вклопува добро во системот на Диего Симеоне. „Кадена Сер“ објави дека Манчестер Јунајтед е еден од четирите тимови заинтересирани за него. Ралф Рангник наводно фасциниран од потенцијалот на Феликс, чии настапи во Бенфика му ја донесоа престижната европска награда „Златно момче“ во 2019 година.


Перишиќ одби да се врати во Баерн Минхен

Иван Перишиќ вели дека нема намера да се врати во германскиот шампион Баерн. Хрватското крило има поголема минутажа во Интер и засега не размислува за заминување.

Перишиќ не е заинтересиран за враќање во Баерн и засега ќе чека од Интер да му понудат нов договор.

Неговиот договор со Интер истекува на крајот од оваа сезона и не се знае дали Интер ќе му понуди нов.


Хулијан Алварез ќе биде нов член на Барселона

Сосема е сигурно дека екипата на Барселона во своите редови ќе го доведе играчот на Ривер Плата, Хулијан Алварез.

Претставници на каталонскиот клуб веќе се во Аргентина на преговори со челниците на Ривер Плата со цел доведување на популарниот „пајак“ на „Камп Ноу“ во зимскиот трансфер период.

Алварез е во последната година од договорот со шампионот на Аргентина и неговата откупна клаузула изнесува 25 милиони евра. Но од Барселона се надеваат дека за негово доведување ќе бидат доволни 15 милиони евра.

Хулијан Алварез е еден од најдобрите аргентински напаѓачи во моментов. Тој во шампионската сезона на Ривер Плата одигра 44 натпревари и забележа 21 гол и 7 асистенции.


Бензема спремен за дербито со Атлетико

Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема се врати на тренизните и ќе биде спремен за настап на  градското дерби со Атлетико Мадрид.

Францускиот напаѓач го пропушти натпреварот со Интер во Лигата на шампионите  поради повреда на бутниот мускул, но според информациите од „кралскиот клуб“ тој веќе се опоравил и се очекува да игра против тимот на Диего Симеоне.

Реал Мадрид се наоѓа на чело од првенствената табела со освоени 39 бодови, додека Атлетико Мадрид е четврт со 29 бода.


Жорди Алба се повреди, се враќа на терените следната година

Жорди Алба се повреди во натпреварот помеѓу Баерн и Барселона (3-0) во средата во натпреварот од Лигата на шампионите.

Поради таа повреда Алба нема да биде во конкуренција за настап до крајот на годината. 32-годишникот заработи истегнување на мускулот и ќе паузира околу еден месец. Алба така ќе ги пропушти натпреварите во Ла Лига против Осасуона, Елче и Севиља. Нема да биде во комбинација и за настап на пријателскиот натпревар против Бока Јуниорс на 14. декември на „Диего Марадона“.

Очекувањата се Алба да се врати на почетокот на 2022 година. Сезонава одигра 16 натпревари запиша пет асистенции, но се уште е без постигнат гол. Неговата повреда ќе биде само уште еден проблем за тимот на Чави кој испадна од Лигата на шампионите не е баш најдобро пласиран во домашното првенство.


Манчестер Јунајтед заинтересиран за Жоао Феликс

Манчестер Јунајтед е еден од четирите клубови од Премиер лигата кои покажуваат интерес за услугите на Португалецот, Жоао Феликс.

Тренерот Ралф Рангник е голем фан на 22-годишниот фудбалер кој одлично би се вклопил во системот на игра кој го практикува Германецот.

Освен тимот од „Олд Трафорд“ за младиот Португалец се интересираат и Ливерпул, Арсенал и Њукасл. 

Од Атлетико Мадрид веќе соопштија дека нема да го стопираат заминувањето на Феликс од клубот, но само ако за него пристигне сериозна финансиска понуда.