Несторовски двоен стрелец во ремито на Удинезе против Унион Берлин
Илија Несторовски ја потврди својата голгетерска форма во претсезоната. Несторовски постигна два гола за Удинезе во пријателскиот меч со Унион Берлин, кој заврпи без победник 3-3.
Македонецот на теренот влезе во 15. минута, кога го замени повредениот Деулофеу. Првиот гол Несторовски го постигна во 26. минута, а вториот во 43. минута од натпреварот.
Неколку полски клубови ќе добијат финансиска компензација по трансферот на Левандовски
Неколку клубови во Полска ќе бидат особено задоволни од трансферот на Роберт Левандовски од Баерн (Минхен) во Барселона. Двата гиганти на европскиот фудбал се договорија за зделка вредна 45+5 милиони евра, која наскоро треба да биде финализирана.
Во татковината на стрелецот откриваат дека неговите поранешни локални клубови ќе поделат вкупно нешто повеќе од 2 милиони според правилата на ФИФА, бидејќи учествувале во неговиот развој како фудбалер.
Варшава – училиштето во кое поминал 7 години како дете и важи за предводник во обликувањето како играч, ќе го земе „лавовскиот дел“ од 625.000 евра. После тоа, кариерата на младиот Лева се пресели во Делта (Варшава), која моментално е во седмата лига. Овој клуб ќе земе 125.000 евра.
Потоа на ред доаѓа Легија Варшава за која одат 250.000 евра, а потоа следат Зниќ (Прушков) и Лех (Познан) со по 500.000 евра.
Манчестер Јунајтед пронајде напаѓач кој би го заменил Роналдо
Екипата на Манчестер Јунајтед покажува интерес за ангажман на напаѓачот од Брентфорд Иван Тони, пренесува весникот Мирор.
Тимот од Олд Трафорд засега не планира конкретна понуда за Тони, туку ќе ја почека разврската околу иднината на Кристијано Роналдо, и дали тој планира да остане во Јунајтед и следната сезона.
Иван Тони во дресот на Брентфорд минатата сезона постигна вкупно 14 гола и реализира шест асистенции. За 26-годишниот голгетер интерес пројавуваат Њукасл Јунајтед и Вест Хем.
ПСЖ и Челзи преговараат за Кимпембе
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека претставници на Челзи и Рома се во преговори за дефанзивецот Преснел Кимпембе.
Имено, од ПСЖ за евентуална продажба на Кимпембе бараат износ помеѓу 60 и 65 милиони евра, додека од Челзи се подготвени да понудат 45 до 50 милиони евра.
Иако во ПСЖ , Кимпембе го сметаат за важен дел од проектот на екипата, сепак ќе дозволат негово заминување доколку пристигне добра понуда за него.
Рома му нуди рекордна плата на Пауло Дибала
Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала ќе продолжи да игра во Серија А бидејќи речиси сигурно ќе се пресели во Рома, пишуваат италијанските медиуми.
28-годишниот Аргентинец си замина од Јувентус како слободен играч, а голем интерес за играчот имаше од Интер. Двете страни преговараа, се разговараше и за бонусите за Дибала, но по доаѓањето на Ромелу Лукаку се чини дека нема место за него во тимот на Инзаги.
Затоа Пауло Дибала започна преговори со Рома. За да ја добие аргентинската ѕвезда, „волчицата“ ќе направи исклучок и ќе го направи најплатен фудбалер во сегашниот состав со годишен приход од 6 милиони евра. Сепак, претходно Мурињо сака да го продаде Никола Заниоло, кој е на чекор до Јувентус.
Галтие негира продажба на Кимпембе
Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие не ја сфати сериозно информацијата која се појави во некои медиуми како „Радио Монте Карло“ и „Екип“ дека дефанзивецот Преснел Кимпембе е несреќен и бара начин веднаш да си замине.
Како можна дестинација дури се споменуваше и Челси.
„Прочитав се што излезе како гласини за Кимпембе. Дури и јас и тој се смеевме на сето ова заедно. Ми се допаѓа Преснел бидејќи е одличен централен дефанзивец. Сепак, не знам што ќе се случи“, објасни тренерот за „Екип“.
Францускиот интернационалец не учествуваше во вчерашната прва контрола на ПСЖ летово. Сепак, тој се најде во тимот за турнејата во Јапонија.
Верати ќе поднесе барање за француско државјанство
Марко Верати веќе десет години игра за Пари Сен Жермен. Се наметна како апсолутно суштински играч во тимот на францускиот шампион за кого одигра 378 натпревари. Верати е дури третиот играч во историјата на ПСЖ по број на натпревари, а по овој показател е само втор по Жан Марк Пилорже и Силвен Арман, но сосема е можно наскоро да ги престигне.
„Отидов од едно мало село во Абруцо Монопело во престолнина како Париз каде што сте потопени во толку многу култури. Тоа се случи на возраст кога го градите вашиот карактер, вашата личност. Париз е голем град и Франција ми даде толку многу “, признава Верати во интервју за „Газета дело спорт“.
„Се чувствувам многу Французин додека останувам Италијанец. Еден ден ќе побарам француско државјанство, со оглед на тоа што моите деца се родени овде“, изјави 29-годишниот Верати.
Аргентинецот Молина најблиску до Атлетико Мадрид
Атлетико Мадрид е во преговори со колегите од Удинезе во обид да го ангажираат Науел Молина, пренесуваат медиумите во Италија. Шест месеци по разделбата со Киеран Трипие, кој минатата зима се пресели во Њукасл, Мадрид сака да го ангажира Аргентинецот, кој се претстави добро минатата сезона.
Молина запиша 7 гола и 5 асистенции во Серија А, што го импресионираше Диего Симеоне. Покрај тоа, Молина има и 16 натпревари за репрезентацијата на Аргентина и е меѓу играчите за кои се смета дека речиси сигурно ќе бидат во тимот за Светското првенство во Катар.
Од „Ванда Метрополитано“ се подготвени да му понудат сериозна сума на Удинезе, но и на Нојен Перез кој минатата сезона ја мина на „Дачиа Арена“.
Левандовски: Во Минхен поминав осум посебни години
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски се огласи за прв пат откако ги засили редовите на Барселона.
Искусниот голгетер во интервју за германскиот Скај Спортс изјави дека поминал осум прекрасни години во Баерн од Минхен.
„Ќе се вратам за да се збогувам со сите вработени во клубот како што доликува. Не заборавајте дека поминав посебни осум години во Минхен и дека ми беше прекрасно тука. Наскоро заминувам но после тренинг кампот со Барселона, ќе се вратам во Минхен за да се поздравам со сите. Со моите соиграчи од Баерн веќе се збогував на последниот одржан тренинг“, изјави Левандовски.
Полскиот напаѓач ќе им се придружи на неговите нови соиграчи од Барселона на подготовките во Мајами. Барса за неговите услуги на Баерн му исплати 45 милиони евра, а дополнители пет милиони ќе бидат платени низ бонуси.
Гнабри уште четири години во Баерн Минхен
Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Серж Гнабри и покрај интересот од лондонски Челзи и Реал Мадрид, потпиша нов договор со Баерн Минхен, според кој ќе остане во клубот до летото 2026 година, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на својот Твитер.
Германскиот фудбалер имаше само една година од договорот, а неговата иднина во Баерн беше доведена во прашање. Претходно беше објавено дека раководството на Баерн Минхен би можело да го отстрани 26-годишниот фудбалер од главниот тим доколку Гнабри не сака да го продолжи договорот.
Играчот од средниот ред, пак, сакаше да остане во тимот, но беше незадоволен од односот на раководството на Баерн. Гнабри се пресели во Баерн Минхен во летото 2017 година од Вердер Бремен. За Баерн на 171 натпревар постигна 64 гола и имаше 40 асистенции. Гнабри постигна 20 гола на 34 натпревари за репрезентацијата на Германија.