фудбал

Холандија забрани Македонци на натпреварот во Амстердам

Холандската амбасада во Скопје објави дека нашава земја останува на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19.

Аналогно на тоа, сите наши фанови кои обезбедија влезници за мечот Холандија – Македонија, нема да можат да патуваат во Амстердам.

„Ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку влегувате во една од категориите кои се надвор од забраната за патување“, се вели во соопштението на холандската амбасада во Македонија.


Панчев: Македонија може до изненадување!

Дарко Панчев, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, смета дека нашата репрезентација не треба да се задоволи само со учество на Европското првенство.

Нашата репрезентација е во групата Ц со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина.

„Не е тоа некоја претерано силна група. Можеме да направиме едно убаво изненадување. Холандија е единствена репрезентација од екстра класа. Со Австрија и Украина апсолутно може да се игра. Ова е одлична шанса на Европа да и демонстрираме висок квалитет. Немаме што да изгубиме бидејќи и така никој од нас ништо не очекува“– вели Панчев.

Како главен квалитет на Македонија, Панчев го гледа големиот квалитет во средниот ред.

„Тука имаме четири одлични играчи. Ги предводи Адеми, кој е капитен во Динамо Загреб, Тука се уште Барди, Алиоски и Елиф Елмас од Наполи, кој е еден од најголемите таленти на овие простори. Со сите можат да се надигруваат“- вели Панчев.



Олимпик Марсеј го сака Кутињо од Барселона

Бразилецот Кутињо сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето.

Кутињо на почетокот на 2018 година стигна во Барселона како големо засилување од Ливерпул за неверојатни 160 милиони евра. Бразилецот стана најскапо засилување во историјата на Каталонците, но не ги оправда очекувањата.

Куман му даде шанса на Кутињо да се докаже, но Бразилецот не ја искористи и не воодушеви со своите настапи. Скоро цел втор дел од сезоната го пропушти поради повреда и јасно станува дека повеќе нема да заигра за Каталонците.

Барселона ја добила и првата официјална понуда и станувало збор за француски Марсеј. Марсеј е спремен да започне преговори за Кутињо и одлучни се за да издвојат околу 30 милиони евра за негово доведување што е многу помалку од она што Барса го плати за него.



Почина еден од најдобрите фудбалер на СП 2002

Поранешниот репрезентативец на Јужна Кореја, Ју Санг-Чул почина во 49. година од животот по повеќегодишна борба со рак.

Чул беше една од најголемите ѕвезди на Мундијалот во 2002. година во Јапонија и Јужна Кореја, кога неговата репрезентација заврши на четвртото место, а тој се најде во идеалната постава на првенството.

Беше во ист тим со Роналдо, Роналдињо и Оливер Кан. Потоа, требаше да потпише за Тотенхем, но тоа не се случи.

Славниот играч за врска ја градеше кариерата во корејските и јапонските клубови, а за својата репрезентација одигра 124 натпревари, постигнувајќи осум погодоци.

Ќе остане запаметен како еден од најголемите азиски фудбалери на сите времиња.



Нема медиуми кој не го велича големиот Горан Пандев

Највлијателниот шпански спортски медуми „Марка“ му посвети текст на македонскиот капитен Горан Пандев. Во текстот со наслов „Две децении мит за Пандев“, „Марка“ пишува дека, Пандев, по Мартин Стеленбург и Јури Жирков ќе биде третиот највозрасен учесник на Европското првенство.

„На 12 ноември тој постигна гол против Грузија кој ја однесе Македонија за прв пат во завршницата на едно големо натпреварување. Тој е третиран како ѕвезда во својата земја за неговата долга кариера во Италија, каде ги има освоено сите можни титули. Дресот на својата земја го носел повеќе од 100 пати, постигнал повеќе од 30 голови“, стои во објаснувањето во весникот.

„Марка“ во текстот ја пренесува и изјавата на Жозе Мурињо, кој му беше тренер на Пандев во Интер кога италијанскиот тим ја освои Лигата на шампионите.

„Интелигентен напаѓач, кој не е голем стрелец, но кој му помага на тимот да биде подобар“.

Токму со погодокот на Пандев во бараж натпреварот со Грузија нашата репрезентација победи со минимални 1-0 и обезбеди учество на ЕП.



Алиоски: Сакаме да направиме нешто големо на ова првенство

Како што се ближи дебито на Македонија против Австрија во недела така се повеќе се македонските фудбалери го привлекуваат вниманието.

Сега за австриската новинска агенција АПА интервју имаше Езгјан Алиоски. Џани посочи дека тоа што Македонија е дебитант на едно вакво натпреварување не треба да создава притисок, туку дава простор опуштено да се влезе во сите натпревари.

„Навистина сме сконцентрирани, сакаме да направиме нешто на ова Европско првенство. Не е само да се пласираше, да горди сме, но сакаме повеќе затоа што знаеме дека овој тим може. Дебито воопшто не треба да биде оптоварување. Не треба да бидеме нервозни, ќе одиме натпревар по натпревар“.



Димитриевски: Не чувствуваме притисок, гледаме само позитивни на шампионатот

Репрезентацијата на Македонија на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18:00 часот го игра првиот натпревар против Австрија во рамките на групата Ц од Европското првенство.

На денешниот брифинг со новинарите, Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски ги споделија своите очекувања пред почетокот на Европското првенство и дуелот со Австрија.

„Не чувствуваме притисок, напротив. Се обидуваме да гледаме позитивно на првиот меч и тоа да ни биде дополнителна мотивација за натпреварот со Австрија, противник кој го знаеме многу добро. Австрија има исклучително квалитетен состав и веројатно очекувањата се најголеми од Алаба и Арнаутовиќ. Нашата одбрана и голманот мора да биде на високо ниво, тоа го работиме на тренинзите и се надевам дека ќе го исполниме на натпреварот.

Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде. Нашата цел е пласман во следната фаза, а првиот чекор за тоа е добар резултат против Австрија. Добро ги анализиравме, ова е сосема поинаков меч од нашите два претходно и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво“, рече голманот на Рајо Ваљекано. 



Бенитез фаворит за клупата на Евертон

Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез е се поблизу до договор со Евертон, информираат медиумите во Англија. Во моментов „карамелите“ се без менаџер, откако Карло Анчелоти замина од клубот за да го преземе Реал Мадрид.

Во моментов, исто така како кандидати за позицијата на „Гудисон парк“ се сметаат Нуно Еспирито Санто и поранешниот менаџер на тимот Дејвид Мојс.

Бенитез во моментов е без клуб и се наоѓа во Ливерпул.



Халанд избра во кој клуб сака да ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд го избра клубот каде сака да ја продолжи својата кариера, доколку било кој се одлучи да испрати понуда која ќе ја наговори Борусија Дортмунд да го продаде. Интерес за услугите на 20-годишнот норвешки напаѓач покажуваат повеќе европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ, но ниту еден од нив не е изборот на Халанд, бидејќи тој кариерата би сакал да ја продолжи во редовите на Челзи.

Тоа го тврдат англиските медиуми, додавајќи дека Халанд би бил последниот дел од сложувалката на Тухел, на кого му треба напаѓач да се вклучи во борбата за врвот во англиското првенство.

Повикувајќи се на норвешките медиуми, англиските извори тврдат дека Челзи и покрај високите барања на Дортмунд интензивно работи на тој трансфер за кој се претпоставува дека ќе се движи околу 170 милиони евра.

Доколку биде така, трансферот на Халанд ќе биде трет најголем на сите времиња. Поскапи ќе останат само трансферите на Нејмар (222 милиони евра) и Мбапе (180 милиони евра), кога и двајцата потпишаа за ПСЖ.


Португалецот Фонсека пред преземање на клупата на Тотенхем

Пауло Фонсека ќе биде нов тренер на Тотенхем и се очекува само официјализација.

Тотенхем долго време е во потрага по нов тренер и се поврзуваше со неколку големи тренерски имиња, но не успеа да постигне договор.

На крајот „спарси“ постигнаа договор со Пауло Фонсека, кој ја напушти Рома на крајот на оваа сезона.

Главна улога во преговорите имал новиот директор Паратичи, кој одлично ги познава квалитетите на Фонсека.