фудбал

Најбогатиот Британец и официјално влезе во трка за купување на Манчестер Јунајтед

Компанијата Инеос, која е во сопственост на британскиот милијардер Џим Ретклиф, и официјално влезе во трката за купување на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

Медиумите од Англија, шпекулираат дека Јунајтед би можел да го промени сопственикот до крајот на март оваа година.

Актуелните сопственици на англискиот фудбалски гигант, семејството Глејзер, во ноември минатата година објавија дека размислуваат за продажба на клубот.


Сарабија од ПСЖ се пресели во Вулверхемптон

Досегашниот играч на Париз Сен Жермен, Шпанецот Пабло Сарабија, својата кариера ќе ја продолжи во англиската Премиер лига, односно во Вулверхемптон.

30-годишниот Сарабија од трибините го следеше натпреварот на својот нов клуб против Ливерпул во ФА купот, а своето деби би можел да го има веќе во недела на гостувањето против Манчестер Сити.

Сарабија во Вулверхемптон повторно ќе соработува со тренерот Лопетеги, кој му беше негов тренер во Севиља и репрезентацијата на Шпанија до 19 години.


Надал го заврши учеството на Австралија опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да ја одбрани титулата на грен слем турнирот во Мелбурн, бидејќи доживеа пораз во второто коло од Американецот Мекдоналд со 3:0 во сетови.

Надал доживеа повреда во завршицата на вториот сет, после што имаше проблеми со движењето и трчањето, но сепак успеа да го заврши мечот.

„Ова е тежок момент за мене, но мора да ја прифатам реалноста и да продолжам понатаму. Размислував за предавање на дуелот поради повредата, но сакав да го завршам мечот и успеав во тоа“, истакна Надал.


Елмас првпат капитен на Наполи, но во пораз и елиминација од Купот на Италија

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас долго ќе ја памети вечерашната ноќ во која неговиот Наполи одигра натпревар од Купот на Италија против Кремонезе.

Елмас на оваа средба ја носеше капитенската лента, за прв пат на еден официјален натпревар за клубот, со што стана вториот најмлад капитен во историјата на Наполи, веднаш по Лоренцо Инсиње кој претходно долги години беше предводник од теренот на клубот од Неапол.

Она што ќе остави горчина кај Елмас и соиграчите од оваа средба е тоа што клубот доживеа неочекувана елиминација откако беше полош изведувач на пеналите, па сега избраниците на Лучијано Спалети ќе може целосно да се фокусираат кон настапите во Серија А и Лигата на шампионите.

Во регуларниот дел од средбата резултатот заврши 2-2, а стрелци на головите за двата тима беа Жуан Жезус и Џовани Симеоне за Наполи и Пикел и Афења Џиан за Кремонезе.


Де Фрај налето се сели во Атлетико Мадрид?

Атлетико Мадрид е силно заинтересиран да го доведе
дефанзивецот на Интер, Стефан де Фрај.
30-годишниот Холанѓанец влезе во последната година од
договорот и одби да го продолжи договорот со Интер, па веќе е
слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Атлетико ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со
неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.
Симеоне е во потрага по искусен стопер и верува дека
Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот.
Меѓутоа, ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Де Врај
силен интерес покажува и Тотенхем.
Де Фрај оваа сезона падна во втор план и често е на клупата за
резерви, па Интер одлучи да не испраќа нова понуда за
продолжување на соработката.


Митровиќ прва мета на Манчестер Јунајтед следното лето

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде
доведување на врвен голгетер.
Тен Хаг сака да донесе робусен напаѓач, а меѓу желбите е
напаѓачот на Фулам и српски репрезентативец, Александар
Митровиќ.
Митровиќ игра фантастична сезона и до сега во Премиер лигата
на 16 настапи постигна 11 гола и запиша 2 асистенции.
Со оглед на фактот дека првата мета Виктор Осимен е премногу
скап и Наполи за неговата слобода бара 140 милиони евра,

„црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Митровиќ. Србинот е многу
поефтина опција, има големо искуство во Премиер лигата и
самиот сака да направи чекор напред во кариерата.


Најбогатиот Британец го купува Манчестер Јунајтед?

Џим Ратклиф, кој е познат како најбогатиот Британец е првиот
кандидат за купување на акциите на Манчестер Јунајтед.
Денес неговата компанија „Ineos“ официјално за „Тајмс“ потврди
дека покажува интерес и го започнале процесот за купување на
акции од Манчестер Јунајтед.
Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед
последните 17 години во ноември потврди дека клубот е на
продажба. На почетокот на февруари сите кандидати треба да ги
достават понудите, а се тврди дека сопствените бараат 5
милијарди фунти. 70-годишниот Ратклиф е фан на Манчестер
Јунајтед од дете, а беше и еден од кандидатите за да го купи
Челзи, но не успеа да ја подобри понудата од Тод Боели, кој за
клубот од „Стенфорд Бриџ“ плати 4,25 милијарди фунти.
Неговата компанија веќе е сопственик на два клуба, француска
Ница и швајцарскиот Лозана Спорт.


Сарабија се сели кај Лопетеги во Вулверхемптон

Играчот на ПСЖ, Пабло Сарабија, ја прифатл понудата на Вулверхемптон и кариерата ќе ја продолжи во Премиер-лигата, тврдат медиумите во Англија.

Информацијата на Твитер ја потврди и познатиот италијански спортски новинар, Фабрицио Романо.

Тој напиша дека  Сарабија заедно со Жоао Гомез, деновиве ќе бидат претставени како засилувања за клубот.


Марко Ројс се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед

Островските медиуми пренесуваат дека е можно доаѓање во Манчестер Јунајтед на 33-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.

Според овие информации, менаџерите на Ројс, веќе оствариле контакт со челниците на Јунајтед околу можноста за трансфер на Германецот. Неговиот договор со Дортмунд истекува на крајот од сезонава.

Ројс требаше да настапува на СП во Катар, меѓутоа поради добиена повреда пред стартот на првенството, тој отпадна од списокот на репрезентацијата.

Ројс во жолто-црниот дрес на Дортмунд има одиграно вкупно 252 натпревари и постигна 110 гола.


Деклан Рајс е трансфер мета број еден за Арсенал ова лето

Водечкиот клуб во Премиер лигата, Арсенал, се насочува кон трансфер на играчот од Вест Хем, Деклан Рајс. Според информациите од медиумите, Рајс ќе биде трансфер мета број еден за Арсенал во летниот преоден рок.

Рајс има договор со Вест Хем до крајот на следната сезона. Во меѓувреме се појавија и шпекулации дека тој уште во јануари би можел да ги напушти популарните „чекани“, но нема никаква потврда за таков трансфер.

Сумата која се споменува за ангажман на англискиот репрезентативец изнесува околу 80 милиони фунти. Најголем конкурент на Арсенал во доведувањето на Рајс ќе биде Челзи, кој исто така има желба да го доведе фудбалерот во своите редови.