фудбал

Фудбалерите на Интер добија дозвола да настапат за репрезентациите

На фудбалерите на Интер сепак ќе им биде дозволено да играат за своите национални тимови. Интер беше „затворен“ поради неколку позитивни случаи на коронавирус, но на некои играчи ќе им биде дозволено да настапат за своите репрезентации под одредени услови. Тие ќе мора да патуваат со приватни авиони, а ќе им биде ограничено и движењето колку што е можно, односно ќе им биде дозволено да тренираат во спортскиот центар и да се вратат во својата „резиденција“. Хрватска, Словачка, Данска и Белгија испратија барања за Брозовиќ, Перишиќ, Шкринијар, Ериксен и Лукаку да добијат дозвола да играат за своите тимови. Истото го направи и Мароко за Хакими. По враќањето на репрезентативците, Интер ќе биде главен фаворит за освојување на титулата, бидејќи има шест бодови повеќе од Милан (и натпревар помалку), а десет бодови повеќе од Јувентус.


За малку киднапирана цела фудбалска репрезентација! (видео)

Репрезентацијата на Белизе за влакно избегна киднапирање на целата екипа по доаѓањето на Хаити на квалификациски натпревар за СП 2022. Игарчите на Белизе со автобус патуваа кон хотелот, кога на патот излегоа неколку лица вооружени со автоматски пушки. Набрзо автобусот беше обиколен со неколку мотоцикли, а вооружените лица му наредија на возачот да го спушти прозорот и да разговара со нив. Се чинеше дека ќе го киднапираат автобусот, но потенцијалната трагедија во последен момент ја спречи полицијата која ги следеше. „Згрозени се од она што се случи по пристигнувањето на Хаити и во контакт сме со ФИФА и КОНКАКАФ, како би им дале максимална безбедност на наите фудбалери при нивниот престој таму. Иако се видно потресени од она што се случи, сите играчи се добро и покажаа огромна храброст.“ – стои во соопштението на репрезентацијата на Белизе.


Бирхоф: Германија ќе покаже дека е фаворит во групата

Репрезентацијата на Германија со нетрпение го чека стартот на квалификациите за Светското првенство и да обезбеди пласман на завршниот турнир следната година во Катар, и покрај тешкотиите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, изјави директорот на Германскиот фудбалски сојуз (ГФС) Оливер Бирхоф.
„Ние сме возбудени и многу мотивирани за овие натпревари. Сакаме да покажеме дека сме фаворити во групата”, изјави Бирхоф пред новинарите пред домашниот натпревар против Исланд во четврток. Германија потоа ќе отпатува за Романија во недела, пред да биде домаќин на Македонија во Дуизбург, каде ќе ја пречекаата нашата репрезентација на 31 март.
Тренерот Јоаким Лев треба да почека на доаѓањето на Џошуа Кимих доцна во понеделник или вторник, бидејќи sвездата на Баерн Минхен има настинка, додека левиот бек на Аталанта, Робин Госенс ​​е со повреда на мускулот и е незивесен. Германија ќе игра за прв пат откако ја заврши сезоната во Лигата на нациите со пораз од Шпанија од 0:6 во ноември.
Првите натпревари, според Бирхоф, треба да испратат „добар сигнал“ и „да соберат самодоверба за летото“. Тој додаде дека Лев останува оптимист и има многу очекувања за завршување на неговата 15- годишна кариера како селектор на Германија.


Халанд: Имам уште три години договор со Борусија, не обрнувам внимание на другите клубови

Норвешката репрезентација се собра во Марбеља каде ќе се спрема за престојните квалификации за Светското првенство.
Таму новинарите го дочекаа Ерлинг Халанд и веднаш му поставија прашање за неговата иднина со оглед на фактот дека е желба на Реал Мадрид и Барселона.
„Имам уште три години договор со Борусија, па не обрнувам внимание на многуте гласини и не се вознемирувам кога е во прашање мојата иднина“, изјави Халанд.
Напаѓачот исто така го коментираше својот бес после ремито со Келн и фактот што само му го фрли дресот на противничкиот играч наместо да го размени.
„Бев многу лут после натпреварот и не требаше така да постапам. Бев надвор од контрола и тоа не е во ред“, истакна Халанд.


Дел Пиеро: Јуве треба да му даде поддршка на Пирло

Алесандро Дел Пиеро, зборуваше за она што се случува во Торино оваа година, не многу успешниот настап и само третото место во шампионатот и на -10 од лидерот Интер.
Сепак, поранешниот напаѓач го поддржа својот поранешен соиграч Андреа Пирло, кој во моментов е тренер на „старата дама“ и рече дека му треба повеќе време.
„Јуве беше успешен девет години по ред и успеа да го одржи ова ниво на концентрација и енергија, што е многу тешко. Но, сега има нов предизвик на клупата. Гледате што се случи во последните три години. Прво беше Макс Алегри, а потоа беше направена целосна промена со Маурицио Сари за една година. Потоа нова промена со Пирло, кој е одлична личност, поранешен мој соиграч и секако го сакам, но тој е нов на оваа работа со сосема поинаков предизвик. Јувентус реши да се обложи на него во текот на летото за да изгради проект. Видовме дека многу проекти продолжуваат по неуспешната прва година, како и оние што застануваат веднаш штом се појави голем проблем. Тој доби голема поддршка затоа што мораше да стане тренер од никаде. Но, сега му е потребна и оваа поддршка, како и за следната сезона“, прокоментира Дел Пиеро.


Фонсека: Рома нема менталитет за место меѓу четирите најдобри во Серија А

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, по вчерашниот пораз од Наполи на домашен терен со 2-0 беше исклучително лут на своите фудбалери.
„Веројатно немаме менталитет да се бориме за место меѓу најдобрите четири. Во првото полувреме видов тим без храброст, ментално ранлив, но по паузата, сè беше спротивно. Генерално, ова не е играта што сакам да ја прикажеме. Не успеавме во првото полувреме затоа што ни недостасуваше храброст. Сите сме одговорни за ова, затоа што кога се плашите да играте и да изгубите, станува премногу тешко. Фактот дека второто полувреме беше сосема поинакво зборува за проблемите во психологијата“, рече Фонсека.
По 28 натпревари, Рома се наоѓа на шестото место на табелата.


Гвардиола: Не жалам што Санчо си замина од Сити

Џејдон Санчо ќе игра против својот поранешен клув Манчестер Сити< во Лигата на шампиони. Манчестер Сити многу лесно се откажа од Санчо, кој во Борусија Дортмунд се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Сега многу европски гиганти се борат за неговиот потпис, но Гвардиола тврди дека не жали што го пуштил да замине од Манчестер Сити. „Не жалам за ништо. Тој донесе одлука, добро му оди. Честитки, тој е исклучителен играч, репрезентативец со огромен квалитет, кој навистина добро се снаоѓа во Дортмунд. Сакавме тој да остане но тој одлучи да замине и кога луѓето ќе одлучат да заминат се што можеме е да им дозволиме. Му посакувам се најдобро, освен кога игра против нас. Воопшто не жалам. Ако тој е среќен, јас сум среќен“, изјави Гвардиола.


Суарез „раситни“ 500 голови во кариерата!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Луис Суарез, вчера го постигна јубилејниот 500-ти гол во кариерата. 34-годишниот напаѓач го реши мечот со Алавес и му донесе нова победа на својот тим.
Тој во кариерата имаше 198 голови за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 63 за Уругвај, 19 за Атлетико, 15 за Гронинген, 12 за Национал.
Минатото лето Суарез се пресели во Атлетико од Барселона. Оваа сезона се појави на 18 натпревари во шпанскиот шампионат постигна 19 голови (2 од пенал) и има 2 асистенции.


Растат тензиите во Торино!

Јувентус разочара уште еднаш, овој пат на свој терен беа поразени од Беневенто со 1:0, што стави точка на амбициите за освојување на титулата. Доколку вака продолжи, Јувентус не само што ќе ја загуби титулата, туку ќе го загрози и пласманот во Лига шампиони идната сезона. По крајот на натпреварот, Паратичи изјави дека Роналдо ќе остане и идната сезона, но и дека раководството и понатаму верува во својот тренер. Дебитантската сезона на Пирло е шокантна, со него паѓа и доминантната ера на Јуве во Серија А, но се продолжува и неуспешната низа во Лигата на шампионите. Паратичи изјави дека верува во Пирло, што веројатно значи и негово останување на клупата, но сепак се знае „метата“, доколку Зидан објави дека ќе го напушти Мадрид, Јувентус ќе тргне по него. Алегри исто така е без ангажман уште од отказот од Јувентус, прашање е дали би можеле повторно да го ангажираат. Покрај овие две имиња, се споменува и Симоне Инзаги. Тој е одличен во Лацио, го врати римскиот тим во Лигата на шампионите. Се чини дека е вистински момент за нареден чекор во неговата кариера.


Роналдо доби дрес кој ќе ги разлути фановите на Меси! (видео)

Воочи натпреварот помеѓу Јувентус и Беневенто во рамки на 28. коло од Серија А беше приредена мала церемонија во чест на Кристијано Роналдо. Португалскиот фудбалер неодамна стигна до бројката од 770 погодоци во кариерата, со што го сруши рекордот на легендарниот бразилски фудбалер Пеле. Во таа чест, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели му врачи посебен дрес. На грбот, заедно со бројката на погодоци пишува Г.О.А.Т, кратеница на англиски јазик за најдобар на сите времиња. Роналдо во кариерата постигна 491 погодок со десна, 143 со лева нога и 134 со глава. Два погодоци постигна со останати делови од телото.

https://twitter.com/juventusfcen/status/1373635965697323010