фудбал

ФК Вардар бара присуство на „Комитите“ на дербито со Пелистер во Битола

Во сабота се игра дерби натпреварот од 14.коло во Втората македонска фудбалска лига, помеѓу вечните ривали Пелистер и Вардар. Натпреварот ќе се игра во сабота на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, кога во употреба ќе биде пуштена и новата трибина.

Пред дерби дуелот од управата на ФК Вардар преку соопштение бараат од раководството на Пелистер да дозволи гостување на своите најверни навивачи, полуларните „Комити“.„Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група “Комити Запад”. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група “Чкембари Битола” на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје. Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се  одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби. Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект. Недела ден за фудбал – навивачите заслужуваат!“ – се вели во соопштението од ФК Вардар.


Тите: Пласманот во осмина финалето е резултат на четиригодишен процес

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, после победата против Швајцарија со 1:0 изјави дека пласманот во осмина финалето од СП во Катар е резултат на четиригодишен процес на работа и квалитет кој го поседуваат играчите.

„Нашиот проект е процес кој го градевме четири години. Ова е победа на тој процес и работа. Тука до израз дојдоа и индивидуалните квалитети на играчите. Знаевме дека Швајцарија имаше најдобра одбрана во квалификациите, и дека имаат подруг стил на игра од Србија“, вели Тите.

Во последното коло, Бразил во петок ќе игра против Камерун, додека Србија ја чека дуел со Швајцарија.


Сонг го исфрли Онана од репрезентацијата на Камерун

Во пресрет на мечот со Србија, селекторот на Камерун Ригоберт Сонг, го избрка голманот Андре Онана од селекцијата. Голманот на Интер е еден од најважните играчи на африканската селекција, но денеска не беше во составот поради одлуката на селекторот Ригоберт Сонг.

Камерунските медуми да откријат дека Онана и Сонг имале кавга, а тема бил стилот на игра на Камерун на овој Мундијал.

Онана си заминал од репрезентацијата и повеќе нама да настапува на Мундијалот.


Целата управа на Јуве неочекувано си поднесе оставка

Вистински бум синоќа се случи во Италија – цело раководство на Јувентус си поднесе оставка! На итен состанок со акционерите на клубот бордот директори вклучувајќи ги и претседателот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед си поднеле оставки.

Повеќе информации засега не се објавени и наскоро се очекуваат. Во последниот период на Јувентус почна да му оди подобро и пред зимската пауза влезе во серија од шест победи во низа во Серија А без примен гол и затоа оваа вест е изненадувачка.

Наводно се повлекуваат од функциите поради тековната истрага за финансиска малверзација. Се очекуваат повеќе информации и во однос на тоа кој ќе ги превземе нивните места.


Стојковиќ: Фрустриран сум, ни се повторуваат грешките

Селекторот на фудбалерите на Србија, Драган Стоковиќ- Пикси, вели дека проблемите со повредите и натаму му создаваат проблeми на Мундијалот во Катар. Неговите играчи денеска ремизираа со Камерун 3-3 и максимално си ја искомпликуваа ситуацијата.

„Имавме повторно проблем, два централни стопери ни бараа измени и моравме да реагираме. Немаме среќа со тие повреди, здравствениот билтен не загрижува. Фрустриран сум поради резултатот, имаше убави акции, посебно за третиот гол но, тогаш дојдоа двата гола на Камерун. Штета , поради грешките останавме без победи“, изјави Стојковиќ.


Клоп се ослободува од двајца свои резервисти

Јирген Клоп им соопштил на двајца фудбалери дека не смета за идната сезона. Како што јавуваат медиумите во Англија, но и Фабрицио Романо, Окслејд Чембрлејн и Наби Кеита веќе биле во потрага по нови клубови, затоа што Клоп не сметал на нив веќе.

Романо е попознат како специјалист за трансфери, а сега ги предвидува овие две заминувања.

Кеита во Ливерпул дојде пред четири години и од него се очекуваше многу, но во клубот од Енфилд не се импресионирани. Неговата вредност е околу 20 милиони евра, но Ливерпул ќе го ослободи на крајот од сезоната како слободен фудбалер.

Чембрлејн дојде од Арсенал, а од доаѓањето во новиот клуб имаше постојани проблеми со повредите и не успеа да блесне на Енфилд.


Суарез потпишува за ЛА Галакси или за Интер Мајами?

Луис Суарез би можел да преговара за нов договор за време на Мундијалот. Суарез моментално е член на Национал од својата земја, но веќе подолго време се поврзува со голем број клубови. Тој се врати во Национал летото и му помогна на клубот да ја освои титулата во лигата.

Актуелниот договор е до крајот на оваа година, а уругвајскиот портал Релево наведува дека сопругата на Суарез и неговата сестра веќе преговараат со неколку клубови.

За неговите услуги се заинтересирани ЛА Галакси и Интер Мајами од МЛС, а на маса има понуда и од бразилски Гремио. Гремио се врати во елитните редови на бразилскиот фудбал и има големи планови.

Според некои информации, Суарез би можел дури и да се врати во Шпанија по само половина година, бидејќи за него огромен интерес покажала Севиља на која навистина и треба нов напаѓач, а Хорхе Сампаоли наводно го сака Суарез.


Ходл: Ако не го освои Светското првенство, Меси секогаш ќе биде во сенка на Марадона

Поранешниот англиски фудбалер и селектор Глен Ходл смета дека аргентинскиот напаѓач Лионел Меси секогаш ќе биде во сенка на легендарниот Диего Марадона доколку не успее да го освои Светското првенство.

„За мене, Марадона е најдобриот играч што светот некогаш го имал, подобар од Меси, Кристијано Роналдо, Пеле, Јохан Кројф, кој било. Мислам дека беше чист гениј. Светското првенство во Катар е последната шанса на Меси да го надмине или да се искачи на нивото на Марадона, инаку тој секогаш ќе биде во негова сенка“, изјави Ходл за „Дејли Стар“.

35-годишниот Меси учествува на петтото светско првенство во кариерата. Марадона имаше четири вакви турнири на своето конто, но за разлика од напаѓачот на ПСЖ, тој успеа да освои еден од нив во 1986 година.


Катар ќе ја стави Португалија на црната листа веднаш по Мундијалот

Катарските власти ќе ја стават на црна листа на Португалија на крајот на Светското првенство поради изјавите на претседателот Марсело Ребело де Соуза и премиерот Антонио Коста.

Да потсетиме дека Де Соуза даде изјава за човековите права на конференцијата во Доха, на маргините на натпреварот помеѓу Португалија и Гана. Иако овие зборови беа прилично благи, владата на Катар веќе ги разгледа претходните изјави на лидерите на земјата, по што португалскиот амбасадор во земјава беше повикан кај вицепремиерот на Катар.

Црната листа може да има политички и економски импликации и да влијае на движењето на луѓето меѓу двете земји. На Катар, исто така, наводно не му се допаѓаат јавните критики од Данска, Германија и Франција.


Бензема ќе добие медал ако Франција заврши на пиедесталот

Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе биде меѓу играчите кои ќе добијат медал на Светското првенство доколку неговата репрезентација го освои турнирот во Катар.

Според изворот, ФИФА ќе додели 26 медали на играчите на тимот што ќе го освои турнирот. Карим Бензема, кој не беше во можност да настапи за француската репрезентација, беше во нејзиниот состав за турнирот, но поради повреда беше принуден да се откаже од учеството на Светското првенство. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп можеше да побара замена, но одлучи да не го стори тоа.

Да потсетиме дека Франција е актуелен шампион од претходното СП вп Русија 2018 година. Светското првенство во Катар ќе трае до 18 декември.