фудбал

Онана потпишал за Интер, италијанскиот првак доби бесплатна замена за Хандановиќ

Голманот на Ајакс, Андре Онана ставил потпис на договор со Интер и од следната сезона ќе игра за нероазурите. Онана синоќа беше во Милано на медицински тестови кој завршија успешно.

Според Фабрицио Романо, голманот потоа потпишал петгодишен договор според кој ќе заработува годишна плата од 3 милиони евра.

Тој ќе ја доигра сезоната во Ајакс и од следната ќе се пресели во Интер како слободен играч.


Ливерпул фаворит за потписот на Дембеле

Од шпанските медиуми стигна информација дека најверојатно Усман Дембеле ќе ја напушти Барселона. Како фаворит за потписот на францускиот репрезентативец се јавува англискиот гигант Ливерпул.

Интересот од страна на „црвените“ за крилниот напаѓач е доста сериозен, па дури постои и шанса Јирген Клоп да се обиде да го доведе во јануари.

Оваа опција му одговара и на Барселона која на овај начин може да заработи на продажба на Дембеле, во спротивно тој ќе го напушти „Камп Ноу“ како слободен играч.

Усман Дембеле во Барселона пристигна од Борусија Дортмунд во 2017 година за 135 милиони евра.


Пјаниќ ги советува Де Лихт и Мората да не го менуваат Јуве за Барса

Миралем Пјаниќ им порача на Алваро Мората и Матијас де Лихт добро да размислат пред да го напуштат Јувентус.

Двајцата фудбалери се поврзуваат со трансфер во Барселона и можат да тргнат по истиот пат како Миралем Пјаниќ. Босанецот беше ѕвезда во Јувентус, направи трансфер на „Камп Ноу“, но работите не тргнаа по добро за него, па сега е на позајмица во Бешикташ.

„Мората има одлична кариера до сега и играше за големи клубовуи како Челзи, Атлетико и Јувентус. Понекогаш фудбалерите имаат потреба од нова мотивација, но треба да два пати да размисли пред да го напушти Јувентус. Не знам детали, но слушам дека Алваро е среќен во Јувентус. Де Лихт има уште три години од договорот со Јувентус. Според мене тој направи добар избор што дојде во Торино. Има можност да игра со големи дефанзивци како Бонучи и Киелини“, додаде Босанецот.


Лукаку: Се извинувам поради проблемите кои ги направив

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, упати официјално извинување поради својата изјава во која кажа дека направил грешка со своето заминување од Интер во Челзи и дека не е среќен во клубот од Лондон.

Центарфорот на екипата своето извинување кон навивачите го испрати преку клупската телевизија.

„Жал ми е за проблемите кои ги направив. Сите знаете дека во овој клуб пристигнав уште како тинејџер и поради тоа целата ситуација е уште потешка. Ќе сторам се како на тренинзите така и на теренот за да покажам колку сум посветен на Челзи“, ијави Лукаку.

„Му должам посебно извинување на тренерот Тухел, управата како и на моите соиграчи. Посакувам се ова што побрзо да се заборави и да се фокусираме на победите“.



Анчелоти го сака Демирал во Реал Мадрид

Карло Анчелоти е заинтересиран за турскиот дефанзивец Мерих Демирал, кој моментално игра во Аталанта. 23-годишниот дефанзивец игра одлична сезона и за него интерес покажуваат уште Челзи, Њукасл и Наполи.

Анчелоти сака да ја засили дефанзивната линија и верува дека Демирал идеално ќе се вклопи во неговиот тим и сака да ја победи конкуренцијата.

Демирал е во сопственост на Јувентус, но оваа сезона игра на позајмица во Аталанта.

„Бјанконерите“ за неговата слобода бараат 25 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „кралевите“.


Стефан Спировски потпиша за унгарски МТК

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Спировски, официјално потпиша две годишен договор со тимот на МТК од Унгарија.

За 31-годишниот Битолчанец, ова ќе биде враќање во првенството на Унгарија, каде од 2017 до 2019 година настапуваше за екипата на Ференцварош.

Стефан Спировски пред МТК кратко се задржа во Украина каде го носеше дресот на Мариупол.


Полјаков Пјонтек пред враќање во Џенова

Криштоф Пјонтек играше фантасичен фудбал по доаѓањето во Џенова во 2018 година.

Тимот од Луиџи Ферари го доведе од Краковија за само четири милиони евра, а тој експлодираше со постигнати 19 голови на 21 натпревар. Таквата форма му донесе трансфер во Милан вреден 30 милиони евра, но на „Сан Сиро“ Пјонтек не успеа да ги повтори настапите од Џенова.

Помеѓу „росонерите“ Пјонтек се задржа само една година. Направи трансфер во Германија каде што исто така не се пронајде и не играше на високо ниво.

Сега таквите лоши настапи можат да го вратат во Џенова. Според информациите на италијанските медиуми договорено е негово враќање. Џенова се бори за опстанок и сигурно дека Пјонтек може да добро да дојде на тимот на Андреј Шевченко.


Ливерпул побара одложување на натпреварот со Арсенал

Екипата на Ливерпул поднесе официјално барање за одложување на полуфиналната средба против Арсенал во Лига купот на Англија закажана за во четврток. 

Како причина за барањето за одложување е наведен недоволниот број на играчи кои Ливерпул ги има на располагање поради зголемениот број на позитивни случаи на Ковид-19, како и многуте повредени фудбалери.

Екипата од „Енфилд“ го откажа и одржувањето на последниот тренинг и се надева дека нивното барање ќе биде прифатено од страна на надлежните во англиската фудбалска федерација.


Кутињо пред потпис со лондонски Арсенал

Филипе Кутињо готово сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок. Според шпанските медиуми, Кутињо не е во плановите на новиот тренер на Барселона Чави и се поизвесно е дека овој јануари ќе го напушти „Камп Ноу“.

Барселона го купи Кутињо 120 милиони евра, но Бразилецот никогаш не ги оправда очекувањата, а Барселона сега сака да се ослободи од неговата висока плата.

Интерес за Кутињо покажуваат неколку клубови, а шпанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот го избрал Арсенал.

Арсенал сака да го ангажира на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната, а двете страни се блиску до договор.


Лидс му нуди астрономска плата на Ељиф Елмас

Пред три недели турскиот новинар Талха Арслан објави дека Лидс спрема голема понуда за Ељиф Елмас, меѓутоа изгледа дека таа „астрономска“ како што ја нарече новинарот ќе биде далеку од доволна.

Имено, последните информации се дека Лидс е спремен да понуди 18 милиони евра за Елмас. Со оглед на формата во која игра Елмас и големите пофалби од медиумите во Неапол, јавноста и луѓето во клубот тешко дека Де Лаурентис ќе ја прифати.

Сезонава Елмас зад своето име има шест гола и три асистенции, а веќе надмина 100 натпревари во дресот на Наполи.

Со името на Елмас Талха Арслан ја поврзуваше и Борусија Дортмунд, но засега нема информации колку би изнесувала понудата на „милионерите“. Елмас во Наполи дојде во 2019 година за 16 милиони евра од Фенербахче.