фудбал

Конте казнет со еден натпревар, по протестите против Аталанта

Интер чекори кон титулата, а во наредното коло „нероаѕурите“ ќе биде без Антонио Конте. Тимот на Интер ќе игра против Торино, а Конте нема да биде на клупата со оглед дека ќе мора да оди на „ладење“. Конте е суспендиран на еден натпревар поради жолтиот картон и непримерното однесување во натпреварот против Аталанта. Серија А пред почетокот на сезоната воведе правилник според кој секој неспортски гест, па и оној најмалиот ќе се казнува. Од тој правилник очигледно не се отстапува и кога во прашање се поголемите тимови.


Халанд: Беше луд натпревар, пресреќен сум што поминавме

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, повторно беше главен играч на својата екипа на мечот со Севиља во осминафиналето од Лигата на шампионите. Норвежанецот ги постигна двата гола за својата екипа за нерешените 2-2, што беше доволно за неговата екипа обезбеди пласман во четвртфиналето. „Беше тежок натпревар. Уморен сум во моментов, но чувството да се биде во следната рунда е одлично. Очекувавме да одиграат силно на реваншот, но откако поведовме, знаевме дека мораат да постигнав три гола. Беше одлично. Да поведеме со 1-0 на полувремето, и постигнав убав гол. Го промашив првиот пенал, но ако голманот останеше на голот, ќе постигнев гол, како што се случи во вториот обид. Бев малку нервозен при вториот пенал, но знаев дека е убаво да се постигне втор гол. Беше луд натпревар, одлично е што одиме понатаму“, изјави Халанд по натпреварот.


Судот потврди! Робињо оди зад решетки!

Своевремено еден од најдобрите фудбалери на светот, Бразилецот Робињо ќе мора на отслужување на затворска казна од девет години поради групно силување, потврди Апелациониот суд во Милано, а пренесуваат медиумите. Случајот за кој поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид е обвинет се случил во 2013. година во овој италијански град, кога Робињо силувал тогаш 23-годишна девојка. Судот висината на казната ја образложи со зборовите дека Бразилецот брутално ја понижил жртвата. Робињо таа вечер беше во друштво на пријателот Рикардо Фалко, кога несреќната девојка со албанско потекло го славеше својот 23. роденден во еден клуб во Милано. Година дена подоцна, Робињо негираше дека беше вмешан во такво кривично дело.


Берлускони го сака Рибери во Монца

Фиорентина сезонава не игра на нивото на кое се очекува од овој клуб, а еден од незадоволните во клубот е ветеранот Франк Рибери.
Рибери од доаѓањето во Фиорентина одигра 40 натпревари, а во април ќе наполни 38 години, сепак нема намера да се пензионира. Монца чиј газда е Берлускони се бори за влезе во Серија А и ако успее во таа мисија би можеле да тргнат по потписот на Рибери.
Во Монца веќе настапуваат Боатенг и Балотели, па нив би можел да им се придружи и Рибери. Ќе потсетиме член на Монца од наредната сезона ќе биде македонскиот супер талент, Лука Станковски.


Кајо Жорге од Сантос на радарот на Милан

Милан е силно заинтересиран за талентот на Сантос и млад бразилски репрезентативец, Кајо Жорге, пренесуваат италијанските медиуми. 19-годишниот напаѓач важи за еден од најголемите бразилски таленти и веќе го добие епитетот „новиот Нејмар“.
Кајо Жорге го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Познато е дека „росонерите“ следат многу млади таленти, а Бразилецот е една од најголемите трансфер желби.
Сепак, на Милан нема да му биде лесно да го донесе на „Сан Сиро“ бидејќи играчот има откупна клаузула со Сантос од 50 милиони евра.


„Сантијаго Бернабеу“ комплетно ќе биде реновиран до есента 2022 година

Градежните работи на трансформација на „Сантијаго Бернабеу“ во најмодерен стадион во светот се одвиваат со задоволително темпо и се очекува да финишираат во рок од 18 до 21 месец. Иако сè уште не е завршена ниту половина од работата на реконструкцијата на стадионот, во Реал Мадрид се убедени дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе добие целосно нов лик до септември 2022 година. Како што објавија шпанските медиуми, на реконструкцијата на „Бернабеу“ секојдневно се ангажирани над 700 работници, кои вложуваат максимални напори во предвидениот рок да ја завршат реконструкцијата на стадионот. Целта на раководството на „Кралскиот клуб“ е да се обезбеди присуство на публика на стадионот до септември оваа година, бидејќи предвидувањата на УЕФА се дека фудбалските натпревари во Европа од следната сезона ќе се играат пред публика. Реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува да го чини Реал Мадрид околу 400 милиони евра.


Арсенал пронајде решение за одбраната, познато колку ќе ги чини!

Арсенал веќе неколку години мака мачи со одбраната, па на мета на „топџиите“ се најдоа неколку дефанзивци кои би можеле да пристигнат во Лондон на крајот од сезоната. Еден од нив е и дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате, тврдат медиумите. Клубот од Лондон е подготвен да издвои дури и до 50 милиони евра како би го довел 21- годишниот фудбалер на „Емирати“, а преговоите се наводно веќе во тек. Сепак, вистинско прашање е дали самиот Конате би прифатил да ја замени Бундеслигата и Лигата на шампионите со Премиерлигата и големата неизвесност кога станува збор за настапите во некое од европските натпреварувања. Екипата на Микел Артета се наоѓа на 10. позиција во Премиерлигата со освоени 38 бодови.


Бенфика пред потпис со Диего Коста

Диего Коста е слободен агент уште од декември, кога го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Од тогаш е во потрага по нов клуб, а португалските медиуми откриваат дека Бенфика испратила официјална понуда за Бразилецот. Португалскиот гигант му нуди договор на две години според кој ќе заработува три милиони евра по сезона. Исто така спремни се да му дадат и уште три милиони евра во име на бонуси, со цел да го добијат неговиот потпис. Диего Коста се поврзуваше со трансфер во Вест Хем, но португалските медиуми се сигурни дека сега е многу блиску до потпис со Бенфика.


Солскјер останува без напаѓач, догодина ќе го гледаме во Аргентина?

Единсон Кавани пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување откако му истече договорот со Париз Сен Жермен. Сега, на ист начин би можел да го напушти и Олд Трафорд, тврдат медиумите од Островото. Уругваецот кој има 34 години, наводно ја одбил можноста да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ кој му истекува на крајот од сезонава, па многу лестно би можел да го напушти клубот и да замине за Јужна Америка. Аргентинските медиуми пишуваат дека Кавани е мета на двата најголеми клубови од таа земја, Бока Јуниорс и Ривер Плата. Бока сакаше да го доведе и минатата година, меѓутоа сега „милионерите“ фрлија око на напаѓачот на Јунајтед кој од почетокот на годианта има право да преговара со заинтересираните клубови. Кавани засега остави пристоен впечаток на Островото, седум голови и две асистенции на 25 настапи на сите натпреварувања, што е сосема добар учинок земајќи ги во обзир и повредите. Можеби е вистинско време за враќање во Јужна Америка?


УЕФА го суспендира романскиот судија Себастијан Колтеску

Романскиот судија Себастијан Колтеску е суспендиран до крајот на сезоната, објави УЕФА. Да потсетиме, Колтеску предизвика голем скандал за време на натпреварот во ЛШ помеѓу ПСЖ и Башакшехир во Париз на 8 декември минатата година. Тогаш Романецот го искористи зборот “негро“ додека се обидуваше да му објасни на еден од играчите на Башакшехир, по што сите играчи на турскиот првак го напуштија теренот. Натпреварот продолжи следниот ден, а ПСЖ славеше убедливо. Иако Колтеску упати извинување и убедуваше дека немал намера да навреди некој, УЕФА го суспендираше и тој нема да биде на фудбалските терени до крајот на сезона 2020/21.