фудбал

Матија Перин од Џенова пред потпис со Интер

Интер се надева дека ќе успее да го договори голманот на Јувентус, Матија Перин како ново засилување на лето. „Нероазурите“ бараат играч кој ќе биде алтернатива на капитенот Самир Хандановиќ. Јувентус е подготвен да го продаде голманот, а Интер се надева дека ќе биде постигнат договор за размена, во кој ќе може да го вклучи играчот за врска Матијас Весино. Перин моментално игра на позајмица во екипата на Џенова.


Ибрахимовиќ се враќа во репрезентативниот дрес!

Долго се шпекулираше за евентуалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во шведската репрезентација, а сега дојде време тоа и официјално да се објави, наведува шведскиот медиум ФотболДирект. Шведскиот медиум објави дека има потврда од повеќе извори дека Ибрахимовиќ ќе се најде на следниот список на селекторот Јане Андерсон за квалификациите за Светското првенство во Катар. Така, Златан ќе има право на настап на натпреварите против Грузија, Косово и Естонија во првиот репрезентативен циклус кој на распоредот е на крајот на овој месец. За потсетување, Ибрахимовиќ за репрезентацијата не настапува уште од Европското првенство 2016 година, а во своите 116 настапи за репрезентацијата има 62 погодоци, најмногу во историјата на Шведска.


Протекоа новите дресови на Барселона, еве како ќе изгледаат! (фото)

Барселона од наредната сезона би можела да игра во дресови какви што немала баш никогаш во својата историја, а клубот е основан во далечната 1899. година. Судејќи според она што го објави специјализираниот Footy Headlines, медиум кој секогаш прв ги објавува фотографиите од новите дресови на фудбалските клубови кога ќе протечат надвор од кругот на луѓето кои работат на нив, Најк се одлучи на големи промени. Изгледот на дресот повторно е во боите на Каталонија, но има и низа нови детали на себе. Како тој би требало да изгледа, погледнете на фотографиите.

https://twitter.com/QueThiJugues/status/1367868003333849091

Македонскиот „дијамант“ се сели во Лисабон?

Македонскиот бисер, нашиот репрезентативец Елиф Елмас на крајот од оваа сезона би можел да ја заврши авантурата во Наполи и да се пресели во Португалија и тоа во дресот на Бенфика, пишуваат италијанските медиуми. Според информациите, португалскиот великан нуди 20 милиони евра за услугите на Елмас, а новинарот Емануеле Камарато за „Наполи Магазин“ вели дека останува да видиме дали клубот ќе ја прифати понудата. Еминентниот Трансфермаркт моментално го вреднува Елмас на 18 милиони евра, а со Наполи има важечки договор до 30. јуни 2025. година. Елмас ја игра втората сезона во Наполи, во тековниот шампионат од Серија А има 21 настап и два погодоци. Наполи најавува сериозни промени, не се задоволни од Елмас како се интегрираше во тимот, а не се задоволни и од неговиот учинок и затоа можна е разделба.


Агуеро е адутот на Лапорта за претседателските избори во Барса

Во секој клуб ветувањата за трансфери се составен дел од претседателската кампања. На крајот од неделата Барселона би требало да добие нов претседател, а еден од кандидатите е Хуан Лапорта. Во случај да победи Лапорта веќе даде големо ветување, на Камп Ноу ќе го донесе Серхио Агуеро. После заминувањето на Суарез и извесното заминување на Лео Меси, на Барселона и е потребен врвен стрелец, а Лапорта сите карти ги фрли на Агуеро.


ФИФА го укинува правилото кое им сметаше на сите!

Меѓународниот борд на фудбалски асоцијации задолжен за промена на фудбалските правила одлучи дека случајното играње со рака на играч во акција со прилика за постигнување погодок веќе нема да биде казниво. По оваа одлука, гол нема да биде поништен кога играч, според проценка на судијата, случајно игра со рака во акција и прилика за постигнување на погодок или ако со рака постигне погодок. Промената на правилото стапува на сила од 1. јули, но наведено е дека натпреварувањата имаат можност да го променат и порано. Уредбата е прменета по се поголемото незадоволство на играчите, тренерите и навивачите по престрогото поништување на голови, откако правилото беше воведено пред две години. „По анализите, постоеше чувство дека можеби е претерано. Тоа беше перцепцијата на јавноста и перцепцијата која и ние ја имавме. Затоа ја променивме оваа уредба.“ – вели Џани Инфантино.


Борусија десеткувана пред гостувањето кај Баерн

Фудбалерите на Борусија Дортмунд отпатуваа ослабени во Минхен на дербито Класикер против Баерн, кое се игра денеска во 18.30 на Алијанц Арената. Тренерот на „милионерите“ Един Терзиќ истакна дека до пред почетокот на натпреварот нема да се знае дали ќе може да смета на Џејдон Санчо и Рафаел Гереиро. Надежта траеше се до денес, кога англиско-португалскиот двоец дефинитивно отпадна, а на нив му се придружи и Џовани Рејна, кој исто така остана во Дортмунд. Нема сомнеж дека Баерн е голем фаворит во саботното дерби, а веќе сега е голема бодовната разлика помеѓу двата тима. Додаваме на тоа и дека „милионерите“ последен пат во Минхен славеа во април 2017. година, така што патуваат на денешното дерби со прилично мали шанси за успех.


Два калчолигаши го сакаат Даглас Коста во своите редови

Даглас Коста оваа сезона е на позајмица во Баерн Минхен, но јасно е дека нема да остане на „Алијанц Арена“. Тренерот Ханзи Флик не му дава голема минутажа оваа сезона, а Баварците веќе објавија дека нема да го откупат неговиот договор. Даглас Коста има уште една година од договорот со Јувентус, но јасно е дека за него нема место во тимот на Пирло. За Бразилецот интерес покажуваат Милан и Рома, а тој самиот не крие дека преферира да остане во Серија А. Двата клуба веќе се поврзале со агентот и сакаат да го донесат во своите редови налето.


Реми на футсал репрезентацијата против Србија во Врање

Нашата најдобра футсал селекција денеска одигра нерешено кај селекцијата на Србија 1-1 во рамките на 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Пршиќ им донесе водство на домаќините по што Крстевски израмни на 1-1.За три дена во С.Ц. „Јане Сандански” ќе го одиграме и возвратниот дуел со Србија. Македонија претходно загуби со 2-1 против БиХ на гости а на домашен терен одигра 2-2 против Романија.


Робертсон: Не сме ни приближно добри како минатата сезона

Дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон, по поразот на тимот на натпреварот против Челзи во рамките на 29. коло од Премиер лигата вели дека овој Ливерпул не е ни налик на оној од минатата сезона. „Пет домашни натпревари без победа не е ниту близу до прифатлив резултат. Ние стануваме премногу досадни кога губиме со 0-1. Ливерпул не може да се потпре на минатото. Минатата сезона заврши, тоа е тоа. Ние не сме ни приближно добри како што треба да биде Ливерпул. Нашиот пад продолжува и ова не е добро. Остануваат сè помалку натпревари, треба да извршиме притисок врз екипите под нас. Луѓето мислат дека сме во криза и треба да победуваме за да докажеме дека не сме. Во моментов не го правиме тоа“, рече Робертсон.