фудбал

Адама Траоре повторно на радарот на Тотенхем

Ѕвездата на Вулверхемптон, Адама Траоре повторно се споменува како можно засилување на Тотенхем оваа зима.

Шпанскиот репрезентативец се поврзуваше со премин во клубот од Лондон и во текот на летото кога тренер на екипата беше Нуњо Еспирито Санто.

По се изгледа заинтересираност за доведување на крилниот напаѓач покажува и новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте кој во Траоре гледа одлично засилување за тимот кој би помогнал во борбата за пласман за учество во Лигата на шампионите.

На Адама Траоре му остануваат уште 18 месеци од неговиот актуелен договор со популарните „Волци“ кои доколку сакаат да заработат на играчот, големи се шансите да ја прифатат евентуалната понуда која би пристигнала од Тотенхем.


Конор Галагер е посакуван од Париз Сен Жермен

Играчот на Челзи, Конор Галагер, е трансфер цел на францускиот гигант Парис Сен Жермен.

21-годишниот Галагер привлече голема заинтересираност со своите одлични фудбалски партии кои ги прикажува во дресот на Кристал Палас, каде игра како позајмен играч од Челзи.

Според пишувањата на англискиот весник „Сан“, тренерот на парижаните Маурисио Почетино бил голем фан на младиот англиски фудбалер кој настапува на средината од теренот. 

Галагер на 17 натпревари во Премиер лигата, досега има постигнато 6 гола и 3 асистенции. Информациите од Челзи се дека ќе причекаат да видат како ќе се одвива формата на играчот во останатиот дел од сезоната па ќе одлучат дали ќе го вратат во Лондон или ќе се одлучат за негова евентуална продажба доколку пристигне богата понуда.

Според проценките, од ПСЖ се подготвени да понудат околу 30 милиони фунти за услугите на супер талентот од „Стенфорд Бриџ“.


Поместено првото пролетно коло во Бундеслигата

Враќањето на Бундеслигата по божиќните и новогодишните празници може да пропадне. Речиси сите екипи имаат голем број заразени, а шампионот Баерн, кој во петок ја отвора фудбалската година со домашен натпревар против Борусија Менхенгладбах, објави четворица позитивни на коронавирусот. „Следните неколку дена ќе ги поминам во карантин бидејќи сум позитивен на коронавирус“, напиша Нојер на Фејсбук. „Се чувствувам добро и имам само благи симптоми. Ви благодарам на сите за вашите желби. Бидете здрави и внимавајте“.

Поради кризата, Баерн го откажа почетокот на тренинзите за понеделник. Сите играчи прво ќе бидат тестирани. Во Борусија (М) досега исто така има четворица позитивни играчи.

Со оглед на многуте случаи на коронавирус во тимовите, челниците на фудбалската федерација допрва треба да одлучат дали натпреварите ќе бидат одложени и дали може да биде прескокната цела прва рунда.


Возобновен интересот за фудбалската Суперлига

Гигантите како Реал Мадрид, Јувентус и Барселона и натаму се решени да го оживеат проектот наречен Суперлига на Европа.

Според „Фајненшл Тајмс“, сите три клуба остануваат посветени на идејата, разговарајќи за можно рестартирање на турнирот во 2022 година.

На 19 април 2021 година, 12 европски клубови најавија создавање на Супер лигата, но два дена подоцна, 9 екипи објавија повлекување од натпреварувањето. Гигантите најавиле неколку заеднички средби уште на стартот на оваа година за да разговараат за нови идеи околу рестартирањето на натпреварувањето.


Алими: Чест ми е што потпишав за Работнички

Арменд Алими, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен член на Шкендија, е првото засилување за Работнички во зимскиот преоден рок. Искусниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб и ќе биде големо засилување за тимот на Борче Христов во вториот дел од сезоната.

На Работнички тој треба да му донесе победнички менталитет, шампионски дух и потребното искуство, толку драгоцено за младиот состав на „романтичарите“.

„Чест ми е да го носам дресот на Работнички. Тоа е еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија и навистина не размислував премногу кога ја добив оваа понуда. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството  и дека заедно ќе успееме да ги оствариме целите на клубот. Ќе се потрудам максимално да им го пренесам моето искуство на помладите фудбалери на Работнички и верувам дека напролет ќе бележиме успеси. Сакам на сите фанови на клубот и на сите останати во државата да им ги честитам празниците и да им посакам многу здравје, среќа и успеси во 2022 година“, изјави Арменд Алими.


Реал Мадрид, Јувентус и Барселона повторно ја заживуваат идејата за Суперлигата

Неколку спортски медиуми од Европа, ја пренесуваат веста дека трите фудбалски гиганти, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона повторно ќе се обидат да го заживеат проектот за формирање на европската Суперлига.

Дури и угледниот бизнис весник Фајненшал Тајмс ја потврдува веста дека наведените три клуба остануваат посветени на проектот, меѓутоа сеуште не се знае дали ќе им се приклучат повеќе клубови.

Реал, Јувентус и Барса пред неколку дена одржаа состанок на кој се разговарало за рестартирање на Суперлигата во 2022 година.

Да се потсетиме дека 12 европски клубови најавија создавање на Суперлигата преку веста објавена на 19 април 2021 година, но само два дена подоцна 9 екипи се повлекоја од своето учество во таквиот проект.


Кристијано Роналдо ја расплака својата мајка со неговата роденденска честитка до неа (Видео)

Познат е фактот дека Роналдо е многу приврзан за своето семејство. Тој во неколку наврати ја истакнува важноста на неговата мајка Долорес во неговото одгледување.

По повод роденденот на својата мајка, Кристијано и испрати емотивна порака која се појави на социјалните мрежи како видео на кое се гледа колку содржината на таа порака успеа да ја трогне неговата мајка.  

„Се најдобро за најдобрата мајка на светот, воин која ме научи никогаш да не се откажувам. Ти си најдобрата баба што моите деца би можеле да ја посакаат. Те сакам многу! Бакнежи“, напиша Роналдо во роденденската порака до својата мајка.

Нејзината емотивна реакција можете да ја погледнете во видеото:

https://twitter.com/ESPNFC/status/1477393006311489547?s=20

Конте побара засилувања за својот Тотенхем

Антонио Конте јавно му порача на раководството дека му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок.

Конте пред неполни два месеци пристигна во Тотенхем и вели дека очекувал нивото на тимот да биде повисоко, па поради тоа бара нови засилувања.

„Потребни ни се нови играчи, по само две недели тука видов дека мора да го подобриме квалитетот на овој состав. Ќе видиме какви ќе бидат нашите решенија, но јасно е дека сакаме да ги задржиме најдобрите и да се засилиме со квалитени фудбалери“, изјави Конте.


Коентрао не сака да слушне за фудбал, се посвети на риболов

Поранешниот португалски репрезентативец Фабио Коентрао својата фудбалска одисеја ја започна во Рио Аве, а потоа се пресели во Бенфика во 2007 година, па по неколку позајмици доби шанса во првиот тим. Со одличните игри го привлече вниманието на Реал Мадрид кој во 2011 година му плати 30 милиони евра, а останатото е историја.

По завршувањето на кариерата, левиот бек не се одлучи за тренерска работа или трошење милиони заработени за патувања и забава, туку фудбалското игралиште го замени со море. Решил да го исполни својот втор сон, па се посветил на риболовот.

„Луѓето кои го сакаат морето и кои сакаат да почувствуваат нови искуства треба да ги следат своите соништа. Ова е работа за новите генерации. Животот на море не е срам, како што мислат многу луѓе. Тоа е работа како и секоја друга. Не само тоа, морето е прекрасно и ни треба. Некои луѓе мора да работат. Тие луѓе заслужуваат почит како и луѓето од другите професии“, рече тој.

Својот прв брод го купил додека играл за Реал Мадрид. Сега е сериозно посветен на риболовот и вработува 45 луѓе.


Њукасл Јунајтед конечно со официјална понуда за Трипие

Њукасл испрати официјална понуда за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Киран Трипие.

Тренерот на екипата, Еди Хау, одлучи Трипие да биде првото засилување откако клубот е со нови сопственици. Хау му беше тренер на Трипие кога двајцата беа членови на Барнли.

Има големи очекувања кај фановите на Њукасл за тоа клубот да направи сериозни зимски трансфери со цел опстанок на екипата во Премиер лигата.

Во моментот популарните „чавки“ се претпоследни на премиерлигашката табела и ги очекува сериозна битка за опстанок во продолжението на првенството

Трипиер пристигна во Атлетико Мадрид во 2019 година после четири години поминати во Тотенхем. Тој минатата сезона стана шампион на Шпанија и се најде во тимот на годината во Ла Лига.