фудбал

Се повреди и Бензема, неизвесен неговиот настап во Бергамо

Реал Мадрид загуби еден од своите клучни играчи, напаѓачот Карим Бензема , пренесуват шпанските медиуми. 33-годишниот Французин го пропушти тренингот и нема да му помогне на тимот на следниот натпревар. Денес Реал Мадрид игра со Ваљадолид натпревар од 24. коло на шпанскиот пример. Натпреварот ќе се одржи Ваљадолид со почеток од 21 часот. Според информациите, под знак прашање би било и учеството на Бензема на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со Аталанта следната недела. Средбата ќе се одигра на 24 февруари на стадионот „Атлети Азури“ во Бергамо. Бензема играше на последниот натпревар на Реал Мадрид со Валенсија и помина 78 минути на теренот и постигна гол.


Сити спреми петгодишен договор за Лео Меси

Манчестер Сити подготви нова понуда за напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Од Манчестер Сити сè уште очекуваат да потпишат со Аргентинецот, но тие ги скратиле условите за договорот за плата.
Во 2020 година, Манчестер Сити му понуди на Меси 693 милиони евра за пет години, но сега клубот ја намали понудата на 496 милиони евра, со објаснување дека финансиската клима е променета.
Забележано е дека Манчестер Сити сака Меси да помине најмалку две години во клубот, по што ќе се пресели во нивната филијала – Њујорк Сити, кој игра во МЛС лигата на САД. Како дел од зделката, тој исто така треба да служи како амбасадор во „Сити фудбал груп“, која опфаќа десет клуба на четири континенти.
Договорот на Меси со Барселона важи до 30 јуни 2021 година. Минатото лето, аргентинскиот напаѓач се обиде да го напушти каталонскиот клуб, но на крајот реши да остане.


Нејмар останува, но Мбапе го напушта Париз, а позната е и цената!

Летниот трансфер рок може да донесе повеќе измени во ростерот на Маурисио Покетино, откако Килијан Мбапе одби нов договор и одолговлекува во целиот процес на преговори.
Последната најава од Франција е дека Мбапе, кој има договор со ПСЖ до јуни 2022. година е достапен за трансфер, но за 200 милиони евра.
Мбапе, кој ја декласираше Барселона на „Камп Ноу“ е трансфер цел на Реал Мадрид и на Ливерпул, очекува плата од половина милион евра неделно, плус бонуси.
Се верува дека Нејмар наскоро ќе го продолжи договорот со ПСЖ до јуни 2026. година, а во случај Мбапе да си замине, извесно е дека Меси ќе пристигне во Париз, тврдат дел од медиумите во Франција.


Дали ова е најбизарниот авто-гол во историјата на фудбалот? (видео)

Руи Филипе Фереира Фариа е фудбалер на португалскиот третолигаш Вилаварденсе, а воедно е автор на еден од најбизарните авто-голови кои некогаш сте ги виделе.
Дефанзивецот на португалската екипа успеа на натпреварот против Вианенсе да постигне авто-гол за кој веќе зборува цела Португалија, а и многу европски спортски медиуми.
Се играше судиското продолжение од натпреварот кога фудбалерите на Вианенсе изведоа брза контра во момент кога имаа водство од 1:0, а по лоб ударот на гостите, топката ја погоди пречката и падна пред Фариа кој беше сам на пет метри.
Додека сите очекуваа дефанзивецот на Вилаварденсе мирно да ја реши ситуацијата и да ја исфрли топката во корнер, Фариа скокна и со глава ја смести топката во својата мрежа. Натпреварот заврши со победа на Вианенсе со резултат 2:0.

https://twitter.com/CosmosLampiao/status/1361723831904309248

Халанд е идејата на Барса за наследник на Меси

Барселона веќе сериозно размислува за „живот после Меси“, бидејќи се поголема е веројатноста Аргентинецот да си замине од „Камп Ноу“. Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната и нема никакви најави за негово продолжување. Меси уште минатото лето сакаше да ја промени средината, па најверојатно ќе замине ова лето, а како следна дестинација се споменува ПСЖ. Во Барселона веќе размислуваат за наследник на Аргентинецот, а најголема желба е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.


Позитивни на ковид-19 двајца фудбалери на Торино

Двајца фудбалери на Торино се позитивни на корона-вирус пред значајниот натпревар против Калјари, потврди елитниот италијански клуб. Имињата на играчите на „биковите“ не се објавени. Тие според протоколите веднаш се ставени во изолација. Торино е 17-ти во Серија А, додека Калјари е веднаш зад него. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одржи утре на теренот на Калјари.


Манчестер Јунајтед го сака Кунде од Севиља

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец. Откако стана јасно дека Упамекано ќе се пресели во Баерн Минхен, „црвените ѓаволи“ се насочија кон стоперот на Севиља, Жул Кунде. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер останал воодушевен од квалитетите на 22-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ на лето. Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, па на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе, бидејќи и конкуренцијата е голема.


Сенси пак се повреди, ќе го пропушти Миланското дерби

Mиланското дерби кое се игра во недела ќе биде еден од најважните во последните десетина година бидејќи и двата тима се во игра за скудетото. На три дена пред натпреварот лоши вести пристигнуваа за тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте. На тренинг натпреварот против екипа од Серија Д се повредил Стефано Сенси. Според информациите Сенси заработил повреда на мускулот и големо е прашањето дали ќе биде во протоколот за дербито. Повредите Сенси го мачеа и кога беше во Сасуоло, а таа пракса продолжува и во Интер. Од таа причина тој веќе пропушти шест натпревари во периодот од 24 октомври до 24 ноември 2020.


Тотенхем ја одреди цената за продажба на Хари Кејн

Тотенхем ќе побара 150 милиони фунти за потписот на Хари Кејн доколку се појави кандидат кој ќе сака да го купи. Ако некој ја плати бараната сума, тоа ќе биде нов трансфер рекорд на Островот и воедно трет најголем во светот по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра) во Пари Сен Жермен. Кејн договор со „мамузите“ до 2024 година и добива неделна плата од 200.000 фунти. Во април во 2020 година, медиумите ја објавија информацијата дека Тотенхем би сакал да добие најмалку 200 милиони фунти за Кејн. Сега таа сума е драстично намалена.


Барса го имала Мбапе в раце, но го избрала Дембеле

Синот на познатиот фудбалски агент Жосеп Марија Мингеа, откри дека Барселона во 2017 година била на чекор од реализација на трансферот на Килијан Мбапе.
На крајот сепак Каталонците се одлучиле да го купат Осман Дембеле, за кого платија 105 милиони евра.
„Тоа можам да го потврдам. Дури еден од директорите потврди, па ова не е никаква новост. Мојот татко ми соопшти дека Нејмар постигнал договор со ПСЖ и дека се сели во Париз. Тоа беше момент во кој поради бонус во договорот, Нејмар се уште немаше потврдено дека заминува. Барселона рече дека не сака да прави ништо додека Нејмар не си замине“, изјави синот на агентот.