фудбал

Животот на Сер Алекс Фергусон излегува на филмско платно

Животот на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ќе биде прикажан на филмско платно во режија на неговиот син, а премиерата ќе ја има на Филмскиот фестивал во Глазгов.
Филмот гледачите ќе можат да го видат од 29. мај, а истиот го следи животот на трофејниот стручњак, но и деталите кои се однесуваат на неговиот најголем страв.
Шкотскиот тренер во еден момент призна дека стравуваше од губење на меморијата поради крварење на мозокот.
„Губењето на меморијата беше мој најголем страв кога доживеав крварење на мозокот во 2018. година.“ – вели Фергусон во филмот додавајќи дека во формирањето на ова остварување ги рекапитулира сите добри и лоши работи кои му се случиле во животот.
Фергусон во 2013. година ја заврши тренерската кариера по скоро три децении на клупата на Манчестер Јунајтед, каде ги испиша најславните страници во клупската историја.


Баерн во корона проблеми пред дуелот со Ајнтрахт

Фудбалерот на минхенски Баерн, Бенжамин Павар е позитивен на КОВИД-19 и се наоѓа во карантин, потврди европскиот и светски шампион.
Освојувачот на Мундијалот со репрезентацијата на Франција минатата недела го постигна победоносниот погодок против Тигрес во финалето на Светското клупско првенство, со што Баерн ги освои сите можни трофеи во сезоната.
За потсетување, непосредно пред финалето се зарази и Томас Милер, кој не можеше да настапи на тој одлучувачки натпревар.
Во меѓувреме, Павар во понеделникот беше на клупата за резервни играчи во ремито против Арминија Билефелд.
Неговото место покрај десната аут линија го презеде Буна Сар, но реално е да се очекува дека Ханси Флик за саботното дерби против Ајнтрахт ќе се одлучи за „универзалецот“ Џошуа Кимих.
Баерн претстојното 22. коло од Бундеслигата го дочекува со пет бода повеќе од второпласираниот Лајпциг.


Зидан ќе го наследи Пирло во Јуве?

Зинедин Зидан може да ја продолжи професионалната кариера во Италија, објавија медиумите во Шпанија. Истите тврдат дека Јувентус е заинтересиран за услугите на 48- годишниот француски тренер. Се вели дека претставници на клубот од Торино веќе стапиле во контакт со Зинедин Зидан. Да потсетиме, главен тренер на Јувентус е Андреа Пирло. Минатата сезона, Реал Мадрид под водство на Зидан стана шампион на Шпанија. Оваа сезона, клубот од Мадрид има 49 поени на 23 средби и е на второто место на табелата во Примера. Јувентус има 42 поени на 21 натпревар и е на четврто место на табелата што е разочарување за навивачите на оваа екипа.


Сон не потпишува нов договор, Јуве му нуди 90 милиони евра на Тотенхем

Јувентус покажува силен интерес за ѕвездата на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, пренесуваат италијанските медиуми. Кореецот, игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 17 гола и 9 асистенции за Тотенхем. Сон има договор со тимот од Лондон до 2023 година, но Јувентус е спремен да му понуди многу поголема плата и да плати 90 милиони евра за неговиот потпис. „Старата дама“ верува дека покрај фудбалските квалитети Сон ќе придонесе и за комерцијални придобивки на клубот во азискиот пазар.


Милано фаворит за домаќин на финалето на Купот на Италија

Последниот натпревар од Купот на Италија, финалето меѓу Аталанта и Јувентус може да се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим, а не на „Сан Сиро“ во Милано, како што првично беше планирано. Финалето на Купот на Италија традиционално се одржува на Олимпискиот стадион во Рим, но оваа година УЕФА побара натпреварот да се игра на друг стадион, поради подготовките на стадионот „Олимпико“ за ЕП 2020. Сега УЕФА може да дозволи натпреварот да се одржи во главниот град на земјата, но наверојатно ќе биде одлучено да се игра оваа средба без гледачи на трибините. Италијанската фудбалска федерација ќе треба да се договори со УЕФА и да го организираат овој натпревар во Рим. Последниот натпревар од Купот на Италија кој го играат Аталанта и Јувентус ќе се одржи на 19 мај.


Јунајтед ја пронајде замената за Погба?

Статусот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед се менува од недела во недела.
Во еден момент, Рајола изјавува дека французинот ќе го напушти Олд Трафорд, додека во нареден Погба го игра можеби и најдобриот фудбал откако се врати во Манчестер. Французинот во моментот е надвор од тимот поради повреда, а се чини дека опоравувањето ќе трае подолго од предвидените 15 дена.
Погба има договор до јуни 2022. година, јасно е дека сериозните клубови го планираат секое можно сценарио. Едно од тие е и заминување на Погба, а Јунајтед неговото потенцијално заминување ќе се обиде да го надокнади со шопинг во Мадрид.
Федерико Валверде е мета број еден, доколку Погба замине од Манчестер. 22-годишниот фудбалер се мачеше со повреди оваа сезона, но јасно е каква разлика прави во тимот на Зидан кога е на теренот. Трансферот нема да биде нималку лесен, Федерико има клаузула од неверојатни 160 милиони евра, а неговиот договор со Реал Мадрид е до 2025. година.
Јунајтед веќе промаши со доведувањето на Ван де Бек, а наредното засилување во средниот ред мора да биде полн погодок.


Атлетико го враќа Хамес Родригез во Шпанија

Хамес Родригез сака да го напушти тимот и да се врати во Мадрид, објавија неколку медиуми на Островот.
Според истите, колумбискиот фудбалер е незадоволен од временските услови во Англија и сака да се пресели во Атлетико Мадрид.
Оваа сезона, 29-годишниот Родригез одигра 16 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна пет гола и направи три асистенции. Поранешниот играч на Реал Мадрид се пресели во Евертон пред почетокот на тековната сезона. Неговиот договор со англискиот клуб трае до летото 2022 година. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 35 милиони евра.
Претходно, Хамес играше за Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, аргентински Банфилд и колумбиски Енвигадо.


Братот на Погба ќе игра во Словенија (фото)

Матиас Погба е нов играч на словенечкиот прволигаш Табор од Сежана.
Клубот од малото место со шест илјади жители на социјалните мрежи се пофали со доведувањето на 30-годишниот напаѓач, кој е брат на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Матиас Погба во Словенија пристигнува како слободен играч, откако половина сезона помина во Расинг од Мурсија. Претходно, играше за неколку нисколигаши како Врексам и Кру во Англија, Пескара во Италија, Тур во Франција, Сиудад и Лорка во Шпанија.
За Мурсија не одигра ниту еден натпревари, а најмногу настапуваше во дресот на Кру, каде одигра 63 натпревари и постигна 21 погодок.
Матиас е роден во Гвинеја, а за таа репрезентација има пет настапи.

https://twitter.com/nktaborsezana/status/1361719479948951552

Мбапе испиша историја на Камп Ноу

Париз Сен Жермен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите ја „прегази“ Барселона со 1:4. Јунак на натпреварот е Килијан Мбапе, францускиот напаѓач кој беше незапирлив за одбраната на домашната екипа. Мбапе постигна три од четирите погодоци за францускиот шампион. Со тоа, Мбапе стана само третиот играч кој против Барселона постигнал хет-трик на Камп Ноу, по Фаустин Асприља и Андреј Шевченко. И двајцата тоа го направија во 1997. година, Асприља во дресот на Њукасл, а Шевченко за киевски Динамо. Мбапе стана и првиот фудбалер кој на стадионот на Барселона во нокаут фаза на Лигата на шампионите постигнал два или повеќе погодоци, а неговиот ПСЖ е првата екипа која славеше во на Камп Ноу во елиминационен натпревар по Баерн во 2013. година.


Хакими се враќа во Реал Мадрид уште ова лето

Ашраф Хакими би можел на лето да го напушти клубот и да се врати во Реал Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми Интер се уште не почнал да му ги плаќа ратите на Реал Мадрид за трансферот на Хакими вреден 45 милиони евра. Последниот рок кој го поставија „кралевите“ истекува на 31 март, па постои шанса доколку Интер не ја уплати првата рата да биде во голем проблем. Не само што Хакими ќе биде вратен во Мадрид по завршувањето на сезоната, туку и Интер да биде казнет од УЕФА за не завршување на своите обврски кон други клубови.