фудбал

Два шпански прволигаши го сакаат Диего Коста

Диего Коста би можеле повторно да го гледаме во Европа после сезоната во која му помогна на Атлетико Минеиро да стигне до шампионската титула во Бразил.

Коста долго време беше без клуб откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Шанса доби во Бразил во редовите на Атлетико Минеиро и солидно. На 19 натпревари Коста беше стрелец на пет гола.

Според информациите од Шпанија Кадиз и Елче ја следат ситуацијата со Коста и постои можност да го вратат на Пиринеите во зимскиот преоден рок.

Коста во Шпанија во два периода како играч на Атлетико Мадрид постигна 83 гола на 216 натпревари.


Коман ќе го замени Азар во Реал од следното лето

Се поизвесно е дека Еден Азар ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, а Анчелоти веќе ја избрал неговата замена.

Германски „Билд“ тврди дека Квинсли Коман нема намера да го продолжи договорот со Баерн Минхен и на крајот на сезоната најверојатно ќе биде продаден. Договорот на Коман истекува 2023 година, па се поизвесно е дека на лето ќе биде продаден, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Французинот преку својот агент Пини Захави му се понидил на Реал Мадрид, а Анчелоти сака да го доведе независно од доаѓањето на Килијан Мбапе.

Се очекува на крајот на сезоната Азар и Бејл да го напуштат „кралскиот“ клуб, па Реал сака покрај Мбапе да донесе уште еден врвен фудбалер.


Влаховиќ го израмни рекордот на Роналдо во Серија А

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ постигна гол во 18. коло од Серија А против Сасуоло (2-2). За 21-годишниот фудбалер на Фиорентина ова беше гол број 33 во италијанската елита во 2021 година.

Напаѓачот го повтори резултатот на поранешниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо по бројот на голови во Калчото за една календарска година, што Португалецот го забележа во 2020 година. Поранешниот напаѓач на Торино Омар Сивори беше првиот кој постигна 33 гола во 1961 година. Само двајца играчи имаат повеќе голови во една календарска година во Серија А.

Тоа се најдобриот стрелец на Милан Гунар Нордал со 36 гола во 1950 година и напаѓачот на Торино Феличе Борел со 41 гол во 1933 година.


Барса не може да пронајде купувач за Умтити

Барселона очигледно нема да може да го продаде дефанзивецот Самуел Умтити, бидејќи нема интерес од други клубови. Освојувачот на Светското првенство со Франција има 133 настапи за Каталонците во текот на пет и пол години на „Камп Ноу“.

Сепак, Французинот го одигра својот прв натпревар во 2021 година на 12 декември, бидејќи беше повреден или не беше дел од плановите на тренерите, Роналд Куман и сега Чави.

И покрај тоа што централниот дефанзивец си ја намали платата, „Спорт“ пренесува дека клупските челници не успеваат да најдат клуб кој сака да го купи.


Конте и Видал и во трет клуб заеднички ќе соработуваат

Артуро Видал во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти Интер.

Чилеанскиот играч од средниот ред се смета за важен елемент во тимот на Симоне Инзаги, но секогаш е на клупата.

Тоа веројатно е причина за негово незадоволство. Затоа Видал сериозно размислува за заминување во јануари и засега имал понуда од Антонио Конте, за да му се придружи во Тотенхем во Премиер лигата, лига во која Чилеанецот досега не се обидел да заигра.


Бразилецот Роналдо станува сопственик на Крузеиро

Легендата на бразилскиот фудбал Роналдо, продолжува со своите инвестирања во фудбалскиот бизнис. Популарниот „феномен“ веќе го поседува шпанскиот Реал Ваљадолид, но сега постигна договор и за купување на мнозинство од акциите во бразилскиот клуб Крузеиро.

Роналдо потврди дека постигнал договор со претседателот на клубот, Серхио Сантос Родриго кој бил склучен во Сао Паоло. Самиот играч има настапувано за Крузеиро во сезоната 1993/94.

Деталите се уште не се познати, но Роналдо ќе купи 90 % од акциите на клубот со што ќе стане мнозински сопственик. 

“Многу сум среќен што го реализирав овој договор. Му должам многу на Крузеиро и сакам да го вратам клубот таму каде што припаѓа, во бразилската елита. Но, имаме многу работа да завршиме. Ги повикувам навивачите да се вратат на стадионот бидејќи потребна ни е нивната поддршка и единство“, изјави легендарниот Роналдо.


Влаховиќ изедначи рекорд на Роналдо

Српскиот напаѓач во дресот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо во Серија А, постигнувајќи 33 гола во една календарска година. 

Толкав број на голови нема постигнато ниту еден играч во италијанската лига дури од 1961 година. 

Влаховиќ оваа сезона во Серија А има 16 погодоци, и подобар скор од него во петте најаки лиги во Европа има само Роберт Левандовски кој во Бундеслигата за Баерн Минхен постигна 19 гола.

https://twitter.com/SerieA/status/1472549822645391365?s=20

Роман Абрамович доби португалски пасош

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович, доби португалско државјанство.

Тој сега освен рускиот и израелскиот, има и пасош на Португалија. Оваа вест ја потврдува неговиот портпарол кој ја извести јавноста дека Абрамович има португалско државјанство од 30.април оваа година.

Рускиот милијардер го искористи законот кој португалската држава го донесе во 2015 година а според кој му се нуди натурализација на секој евреин кој има наследници кои во средновековната инквизација биле протерани од Португалија.

Богатството на Абрамович се проценува на 14,3 милијарди долари а сопственик на Челзи е од 2003 година.


Леонардо: Мбапе знае што сакаме ние од него

Иднината на Килијан Мбапе се уште е крајно неизвесна и никој не е сигурен каде младиот фудбалер ќе продолжи по крајот на оваа сезона.

Офанзивецот кој според многумина оваа сезона стагнира во формата ја игра последната година од договорот со ПСЖ и веќе во јануари ќе може да се договори со неговиот следен клуб кој би го ангажирал на лето како слободен агент.

Најсериозен кандидат за обезбедување на неговиот потпис е тимот на Реал Мадрид, но од ПСЖ не се откажуваат од намерата да го задржат фудбалерот во своите редови.

Тоа го потврди и спортскиот директор на клубот, Леонардо, кој пак не даде конкретен одговор дали самиот Мбапе изразил желба да остане на „Паркот на принцовите“.

„Килијан Мбапе е застрашувачко момче. Тој е поинаков од останатите, тој е фантастичен. Да, знае што сакаме ние, тоа е јасно како ден. Ќе видиме што ќе се случи на крај“, изјави Леонардо.


Канаѓанецот Дејвид ќе го менува Обамејанг на „Емирати“

Арсенал е заинтересиран во своите редови да го доведе напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид пренесуваат медиумите на Островот.

После последните случувања јасно е дека Обамејанг повеќе нема иднина на „Емирати“ и на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.

Прва желба за негова замена е токму Џонатан Дејвид, кој игра фантастична сезона во Лил и до сега има постигнато 14 гола.