фудбал

Коваленко од Шахтјор е замената за Папу Гомез во Аталанта

Аталанта е во напредни преговори за офанзивниот играч на врска на Шахтјор, Коваленко. Украинецот веќе ги договори личните услови со Аталанта, па останува да се договорат уште деталите помеѓу двата клуба за да се официјализира трансферот.
24-годишниот фудбалер има само 8 одиграни меча оваа сезона во првеството, но постигна 4 гола.
Цената на Коваленко во моментов изнесува околу 6 милиони евра, а во Аталанта доаѓа како замена за Папу Гомез, кој се пресели во Севиља.


Видео кое ги воодушеви фановите, Меси и Марадона заедно на терен!

На Интернет и социјалните мрежи кружи ретко видео кое ја воодушеви аргентинската и светската јавност.
На видеото, Диего Марадона и Лионел меси одработуваат загревање воочи натпревар на аргентинската репрезентација.
Марадона ја предводеше Аргентина од 2008. до 2010. година, а Меси во тој период беше на самиот почеток од својата кариера.
На видеото кое деновиве кружи на социјалните мреди, Марадона и Меси се загреваат и додаваат на средината од теренот.
Марадона почина на 25. ноември 2020. година, во 60. година од животот.


Атлетико Минеиро е новиот клуб на Хулк

Бразилецот Хулк се врати во неговата татковина и потпиша договор со Атлетико Минеиро. Низ медиумите се шпекулираше дека Хулк би можел да се пресели во Порто во Португалија, Вест Хем од Англија, се споменуваа и клубови од Турција и Франција. На крајот ништо не испадна од тоа, после 15 години повторно ќе игра во Бразил.
За дебито во Атлетико Миениро ќе почека. Поради ситуацијата со коронавирусот првенството во Бразил е продолжено, па Хулк ќе мора да почека оваа сезона, па да биде регистриран за наредната.
Како што е објавено тој потпишал договор на две години со опција истиот да биде продолжен на уште една.


Алиоски: Во Премиер лигата се надигрувам со најдобрите во Европа

Езџан Алиоски влезе во последните шест месеци од договорот со тимот на Лидс.
Во островските медиуми се најавуваше дека договорот на Алиоски ќе биде продолжен, но тоа засега официјално не е направено и поради тоа се појавуваат шпекулации поврзани за неговата иднина. Последните денови актуелни се информациите дека преговара со турскиот гигант Галатасарај.
После таквите гласини Алиоски за „Би-Би-Си“ не ги коментираше директно ваквите шпекулации, но истакна дека е задоволен од својот престој во Лидс и можноста да игра против најдобрите играчи во светот.
„Убаво ми е тука, стилот на игра кој го имаме мене ми се допаѓа. Секој ден учам по нешто ново и најдоброто од се е што во Премиер лигата играте против најдобрите играчи во Европа. Навистина е посебно да се надигрувате со нив и да им покажете колку знаете“, изјави Алиоски.


Реал десеткуван го дочекува Леванте

Реал Мадрид денеска во рамки на шпанска Ла Лига го дочекува Леванте, на клупата повторно ќе го нема Зинедин Зидан кој се уште се опоравува од коронавирусот, но тоа не се единствените проблеми за кралскиот клуб.
Серхио Рамос, Дани Карвахал, Начо Фернандез, Лукас Васкез и Феде Валверде и понатаму се надвор од конкуренција и не се на списокот на фудбалери за овој натпревар.
Поради бројните проблеми со кои се соочува кралскиот клуб, дури тројца фудбалери од младинската екипа на Реал ќе бидат дел од овој натпревар, Серхио Арибас, Антонио Бланко и Виктор Чуст.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Леванте се игра денеска со почеток во 16.15 часот.


Баерн Минхен во корона проблеми

Фудбалерите на Баерн Минхен, Леон Горецка и Хави Мартинез се позитивни на последното тестирање на коронавирус, објави германскиот клуб.
Двајцата фудбалери нема да бидат во конкуренција за натпреварот против Хофенхајм во Бундеслигата, а покрај нив, Ханси Флик не може да смета ниту на Корентин Толисо, кој има повреда на мускул.
Баерн Минхен и понатаму е прв на табелата во германското првенство, по 18 одиграни кола има освоено 42 бода, седум повеќе од второпласираниот Лајпциг.


Мурињо збесна откако Орие на полувреме си заминал дома

Серж Орие го напушти стадионот на Тотенхем по жестоката расправија во соблекувалната на неговата екипа на паузата од дербито со Ливерпул.
Причината за вербалните зборови бил првиот погодок за Ливерпул, кој Роберто Фирмино го постигна неколку секунди пред крајот на полувремето. Беше постигнат при додавањето од Мане до Фирмино, кој ја доби топката неколку метри од голот. Орие не успеа да го запре сенегалецот, а потоа Лорис и Дајер исто така не успеаја да го спречат Фирмино. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо влегол во соблекувалната и рекол дека Орие нема да игра во второто полувреме бидејќи ќе биде заменет.
Играчот од Брегот на Слоновата Коска бил лут на оваа реакција на Мурињо и на некои од неговите соиграчи и веднаш потоа заминал од стадионот. На крајот, Ливерпул заслужено освои три бода во Лондон, откако постигна три гола против во втората најдобра одбрана во лигата.


Мертенс на радарот на Арсенал

Арсенал размислува да даде изненадувачка понуда за напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс.
Според информациите, лондончани по завршувањето на сезоната ќе се обидат да го земат 33-годишниот Белгиец. Минатото лето, Мертенс беше близу до трансфер во Челзи, но на крајот тој реши да потпише нов договор со Наполи до 2022 година. Во Арсенал, сепак, веруваат дека можат да го убедат Белгиецот да го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“ и да проба нов предизвик на крајот од неговата кариера.
Оваа сезона Мертенс има 4 гола и 6 асистенции на 13 натпревари во Серија А.


Парма се засили од европскиот првак

Парма постигна договор со Баерн Минхен за трансфер на младиот напаѓач, Џошуа Зиркзе, пренесуваат италијанските медиуми.
Парма се бори за опстанок во Серија А, па значително го засили тимот во зимскиот преоден рок. Зиркзе пристигнува од Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на лето за 15 милиони евра.
19-годишниот талент не добива голема минутажа сезонава во Баерн, па реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Интерес за Зиркзе покажаа уште Ајнтрахт и Евертон, но Парма ја победи конкуренцијата.


Реал Мадрид нема да ги продолжи договорите на тројца важни играчи

Шпанскиот новинар Хозе Феликс Диаз објави дека Реал Мадрид донесе одлука да не ги продолжи договорите со Иско, Марсело и Герет Бејл.
На сите овие играчи договорите истекуваат наредното лето, односно во 2022. година, а доколку клубот за нив не добие понуди, тие ќе можат да си заминат како слободни играчи.
Најдолго од тројцата играчи во Реал се задржа Марсело, кој пристигна во 2007. година и за актуелниот шпански првак одиграл 517 натпревари. Втор по стаж е Иско, кој пристигна во 2013. година и настапи на 321 натпревар.
Истата година дресот на Реал го облече и Бејл, кој има 70 настапи помалку од Иско и во моментот е позајмен играч во Тотенхем.
Постои можност кралскиот клуб на крајот од оваа сезона бесплатно да остане и без капитенот Серхио Рамос, кој се поврзува со трансфер во ПСЖ.