фудбал

Навивачите на Рома кон Ибрахимовиќ – „Ти си циган“

Клубот од Рим најверојатно ќе биде казнет од фудбалска федерација на Италија за расистичкото однесување на нивните навивачи за време на натпреварот на Олимпико против Милан, кој заврши со победа на гостите од 1:2.

Стрелец на првиот гол за Милан беше Златан Ибрахимовиќ, на кого после постигнувањето на голот навивачите на Рома му скандираја „Ти си циган“. После овие навредливи скандирања, Ибрахимовиќ во ироничен стил побара од навивачите на Рома да викаат погласно. 

После натпреварот Ибрахимовиќ даде изјава во свој стил во која вели: „Што се однесува до навредите од навивачите на Рома, тие воопшто не ми сметаат, напротив колку повеќе викаат, толку појако се чувствувам и ме полнат со адреналин“.

https://twitter.com/acmilan/status/1455202982480384000?s=20



ПСЖ го раскинува договорот со Серхио Рамос?

Во францускиот весник „Ла Паризиен“ се објави вест во која се вели дека челниците на Париз Сен Жермен ја разгледуваат можноста за раскинување на договорот со Серхио Рамос.

Шпанскиот дефанзивец, летово пристигна како големо засилување за тимот на ПСЖ, но неговото деби во дресот на екипата од Париз никако да се оствари.

Од неговото пристигнување во ПСЖ, Рамос го следат повреди кои не му дозволуваат да настапува за екипата што е фрустрирачки како за играчот така и за управата на клубот.

Од ПСЖ велат дека ќе се почека уште некој период пред да донесат конечна одлука во врска со иднината на Рамос во клубот.

Серхио Рамос пристигна во ПСЖ од мадридски Реал и потпиша договор на две години.


Роси се враќа во Италија, ќе потпише со второлигашот СПАЛ

Џузепе Роси е еден од оние фудбалери кои повредите го спречија да го исполни својот голем потенцијал, меѓутоа тој се уште сака да игра фудбал.

Роси денес има 35 години и според италијанските медиуми екипата на СПАЛ е подготвена да му даде нова шанса. СПАЛ беше купен од американскиот бизнисмен Џо Таколина и неговите амбиции се да го врати тимот во Серија А. Според него искуството и квалитетот на Роси можат да бидат од голема корист

Џузепе Роси е дете на Парма. После банкротот во Парма во 2004 година Роси се пресели во Манчестер Јунајтед, а потоа го носеше дресот уште на Виљареал, Њукасл, Леванте, Џенова, Фиорентина, Селта…Сепак, никаде не го исполни потенцијалот кој го поседуваше.


Барселона го бара Дони ван де Бек на позајмица

Фудбалскиот клуб Барселона во јануари ќе се обиде да го доведе играчот на Манчестер Јунајтед Дони ван де Бек.

24-годишниот ван де Бек никако да добие шанса од тренерот Солскјер за почести настапи во дресот на Манчестер, со што станува јасно дека не е во плановите на Оле. Поради овие причини, Дони ван де Бек му наложи на својот нов менаџер да му побара клуб каде ќе биде стандарден играч.

Според информациите од медиумите во Шпанија, Барселона ќе се обиде да го добие Холанѓанецот како позајмен играч во јануарскиот преоден рок со можност за негово купување.


Атлетико Мадрид пред договор со Лаказет

Според пишувањата во шпанските спортски портали, Атлетико Мадрид сериозно се подготвува за купување на Александар Лаказет од Арсенал.

„Јорганџиите“ од Мадрид веќе долго време го следат Лаказет и се подготвени да испратат официјална понуда до Арсенал во jануари.

Договорот на Французинот со Арсенал истекува на лето и тој нема намера да го продолжи и да остане на „Емирати“. Тој факт сака да го искористи Атлетико Мадрид кој ќе му понуди пред договор на Лаказет кој ќе се официјализира во текот на летото.

Александар Лаказет пристигна во Арсенал од екипата на Лион во 2017 година. Во дресот на „топџиите“ тој запиша 178 настапи со постигнати 68 голови.


Ливерпул ќе го раскине договорот со Кариус, голманот бесплатно може да избере нов клуб

Лорис Кариус е член на Ливерпул, но дресот на „црвените“ не го носел уште од финалето во Лигата на шампионите во 2018 година кога не се прослави. Германецот бранеше на позајмица во Бешикташ, а потоа и во Унион Берлин. Турците го вратија поради пропустите, а во германскиот тим минатата сезона одигра само четири натпревари.

Ова лето не успеа да пронајде нов тим, па остана во Ливерпул, но секако нема прилика да брани. Клубот донесе одлука да му излезе во пресрет и да го пушти во јануари да си замине без оштета.

На Кариус е да пронајде клуб кој сака да го ангажира и може да се пресели бесплатно.


Јирген Клоп го носи Харви Барнс во Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, има желба во летниот период да го доведе крилниот играч на Лестер, Харви Барнс во тимот од „Енфилд“.

Клоп е голем обожавател на младиот Барнс и веќе од поодамна го следи неговиот развој како играч во тимот на Лестер.

23-годишниот Англичанец дебитира за првиот тим на бившиот шампион на Премиер лигата во 2016 година, и има 111 настапи за клубот. Оваа сезона Барнс продолжува со одличните игри во дресот на популарните „лисици“, каде на 12 натпревари има постигнато 2 гола и 2 асистенции.

Харви Барнс неодамна го продолжи договорот со Лестер до 2025 година а проценетата вредност на играчот е околу 35 милиони евра.


Винисиус: Секој фудбалер би сакал да игра со Мбапе

Винисиус Жуниор сезонава игра во одлична форма, а по вчерашниот натпревар во кој постигна два гола против Елче разговараше со бразилските медиуми и го спомна Килијан Мбапе.

„Сите играчи сакаат да играат со Мбапе. Тој е одличен играч како Роналдо и Меси. Се наоѓа меѓу новата генерација фудбалери и ќе биде на врвот уште многу години“, изјави Винисиус.

Оваа сезона Бразилецот игра подобро до било кога и во 14 натпревари постигна девет гола и додаде пет асистенции. И токму поради ваквата форма беше изненадување што не се најде на списокот на селекторот Тите за натпреварите на Бразил.

Следниот натпревар на Реал Мадрид е против Шахтјор во Лигата на шампионите.


Кин: Тотенхем игра здодевен фудбал

Тотенхем во сабитата загуби на домашен терен од Манчестер Јунајтед и веднаш добија критики од сите страни. Очајната партија на популарните „спарси“ веднаш ја потенцираше и легендарниот  Рој Кин.

„Тотенхем е досаден за гледање.Таму мора нешто да се менува. Има голем проблем. Губите со 2-0, а вашите дефанзивци и на корнер остануваат во нивната половина додека противникот се брани со сите единаесет. Тоа нема логика“, потенцираше Кин.


Мурињо ги посакува Далот и Линделоф во Рома

MANCHESTER, ENGLAND – MARCH 02: Diogo Dalot and Victor Lindelof of Manchester United walk off after the Premier League match between Manchester United and Southampton FC at Old Trafford on March 02, 2019 in Manchester, United Kingdom. (Photo by John Peters/Man Utd via Getty Images)

Тренерот на Рома, Жозе Мурино сака да ја засили одбраната на екипата и да ги доведе дефанзивците на Манчестер Јунајтед, Диого Далот и Виктор Линделоф. Португалецот е подготвен да испрати понуда до неговиот бивш клуб за доведување на Португалецот Далот како позајмен играч, а додека за Линделоф, од Рома би испратиле директна понуда за купување.

Според информациите од Манчестер, 22-годишниот Далот е разочаран што не добива доволно шанси за настап во тимот од Олд Трафорд по неговото пристигнување од Порто пред три години. Што се однесува до Швеѓанецот Линделоф, тој најверојатно ќе го загуби стартното место во тимот од  Рафаел Варан кој пристигна како силно засилување во екипата и не е исклучена можноста да бара клуб каде би имал загарантирано место.