фудбал

Пујол: Точно знам како се чувствува Роналд Куман

Поранешниот капитен на фудбалскиот состав Барселона, Карлос Пујол, се осврна на вчерашната ситуација кога фановите бесни по поразот од Реал Мадрид го заобиколија автомобилот на тренерот, Роналд Куман и побараа да го напушти тимот.

Некогашниот централен дефанзивец открива дека тој се соочил со истата сцена на излегување од „Камп Ноу“ и дека тоа биле лоши моменти кои засекогаш ќе ги памети.

„Вистина е дека се исплашив, тие луѓе не се вистинските навивачи на Барселона“, жестоко го осуди вчерашниот инцидент легендарниот Пујол.


Марсело најави дека заминува од Реал оваа зима

Марсело го известил раководството дека сака да го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми. Марсело има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, но го замилил Реал да му дозволи да замине во јануарскиот преоден рок.

33-годишниот лев беке веќе се договори со својот следен клуб. Според медиумите тој ќе се врати во Флуминенсе, каде и ја започна фудбалската кариера.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез нема намера да му застане на патот на Марсело и е спремен да го пушти во јануари. Бразилецот пристигна во Реал во 2006 година и се етаблираше во легенда на клубот каде освоои 22 трофеи.


Анри: ПСЖ е тим на Мбапе, а не на Меси

Легендарниот француски фудбалски напаѓач, Тјери Анри, кој прави анализа на дерби дуелите во Лига 1, вели дека Килијан Мбапе и натаму го има главниот збор во ПСЖ и дека Лео Меси не може да се истакне во преден план.

„ПСЖ и натаму е тим на Мбапе и затоа топката оди најчесто кај него. Меси е изолиран, помалку ја допира топката од тоа што е навикнат. Повеќе сакам да го гледам  во централниот дел. Меси не е продуктивен по десната страна, навикнат е да игра во средишниот дел, таму може да биде многу опасен кон противничкиот гол“, потенцираше Анри.


Жозе Мурињо задоволен од дербито со Наполи

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше задоволен од ремито во дерби средбата на домашен терен против екипата на Наполи која заврши со резултат 0:0.

Со ремито, момците на Мурињо ја прекинаа серијата на Наполи од осум победи по ред. 

“Тоа беше одличен натпревар, одигран на највисоко ниво. Никогаш не е лесно против Наполи, но се обидовме да победиме. Беше нерешено, немаше големо шоу, но сепак бев исцрпен на клупата. Видов голема концентрација и почит кон противникот. Беше тензичен натпревар, но увидов  колку се уморни играчите. Имавме свои шанси, но не ги искористивме“ изјави Мурињо, кој заедно со неговиот колега од Наполи,Спалети, заработија црвени картони на натпреварот.


Њукасл започнува со купување играчи

За да го избегне можното испаѓање од Премиер лигата, екипата на Њукасл и новите сопственици од Саудијска Арабија ќе мора да се засилуваат со играчи во јануарскиот преоден рок.

Како прва мета сега се споменува колумбискиот интернационалец Луис Дијаз, кој настапува за екипата на Порто.

24-годишниот напаѓач има откупна клаузула од 68 милиони фунти, кои нема да претставуваат проблем за богатите саудијци. 

Со оглед на фактот дека за Њукасл целта оваа сезона во Премиер лигата ќе остане и во следната кампања, не е чудно што клубот се поврзува со јануарски трансфери.


Рудигер ќе биде замената за Кјелини во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов. „Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.

Ситуацијата ја следат Реал Мадрид и Јувентус, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето. „Старата дама“ покажува најсилен интерес бидејќи во него гледа идеална замена за Киелини, кој ја игра последната сезона во кариерата.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ги задоволи финансиските барања на Германецот.


Реал со двајца повредени се враќа од гостувањето во Барселона

Тибо Куртоа и Федерико Валверде се повредија за време на натпреварот против Барселона во вчерашното „Ел Класико“ во Ла Лига. Реал славеше со 1-2 во најважниот меч во сезоната, но данокот го плати со две повреди.

Валверде се појави на теренот во вториот дел, но 20 минути по влегувањето беше заменет поради повреда. Фудбалерот има повреда на коленото.

Куртоа имаше проблеми со десната нога во обид да расчисти една топката во својот шеснаесетник. И двајцата денес ќе бидат подложени на дополнителни прегледи.


Инзаги: Тој случаен пенал беше единствен начин Јуве да израмни

Фудбалерите на Интер вчера ремизираа на свој терен во дербито со Јувентус (1-1).

Интер до предност дојде во 17. минута кога Чалханоглу ја погоди пречката со одличен удар, а одбиената топка дојде до Џеко кој ја смести во мрежата. Изгледаше дека актуелниот шампион ќе дојде до победа против големиот ривал, но „старата дама“ во финишот дојде до изедначување.

Судијата после прегледувањето на ВАР досуди пенал за гостите иако домаќините жестоко протестираа. Одговорноста ја презема Паоло Дибала кој ги постави конечните 1-1.

Тренерот на домаќините, Симоне Инзаги во таа ситуација поради протестирањето заработи и црвен картон.

„Единствениот начин Јувентус да изедначи беше тој пенал. Разочаран сум затоа што ние го контролиравме натпреварот од самиот почеток и ништо не му дозволивме на Јувентус. Судијата беше блиску и можеше сам да види што се случува, немаше потреба реакција од ВАР. Игравме одлично и разочаран сум што не победивме. Мојот потег после таа одлука не беше добар, но не можев да се воздржам“, изјави Инзаги.


Алегри: Можевме и подобро од реми во Милано

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од резултатот на синоќешниот меч од 9. коло на италијанското првенство против Интер. Јувентус одигра 1-1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал во самиот финиш.

„Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да почнеме одново од основите, организација и цврста одбрана“, изјави Алегри.


Повредата на Рафиња не е сериозна

Напаѓачот на Лидс, Рафиња, откри дека повредата што ја заработи при ремито од 1-1 со Вулверхемптон  не е од сериозна природа.

Бразилецот беше принуден куцајќи да го напушти теренот на „Еланд Роуд“ по дуелот со дефанзивецот на „волците“ Ромен Саис на почетокот од второто полувреме, а навивачите се плашеа од најлошото кога Рафиња се врати на клупата за резервни играчи со помош на патерици.

Рафиња подоцна ги смири своите фанови преку објава на Инстаграм во која напиша „Здраво луѓе, само сакам да ве уверам дека сум добро. Не беше сериозно и ќе се вратам наскоро. Ви благодарам на пораките“.