фудбал

Суарез и уругвајски Национал елиминирани од Копа Либертадорес

Луис Суарез и неговиот Национал Монтевидео испаднаа од Копа Судамерикана по поразот од 3-0 против Атлетико Гоаниенсе. Уругвајците се елиминирани со вкупен резултат 4-0.

Луис Фернандо погоди двапати, додека Габриел Бараљас го постигна третиот гол за Бразилците и го трасираше патот на Атлетико во следната рудна. Суарез се појави како замена во второто полувреме и пропушти неколку шанси за гол.

Суарез, кој пристигна како слободен играч од Атлетико Мадрид, во петокот го постигна својот прв гол за Национал на меч во домашното првенство против Рентистас.


Тухел откри дека го сака Весли Фофана од Лестер

Челзи е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а Тухел сака да доведе уште еден дефанзивец. Најголема желба е Весли Фофана од Лестер за кого Челзи е спремен да плати дури 80 милиони евра. 21-годишниот Французин важи за еден од најперспективните дефанзивци во светот.

Челзи ова лето се раздели со Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен пред да го ангажира сенегалскиот репрезентативец Кулибали од Наполи.

„Среќни сме што имаме играчи како Аспи, Тиаго и Калиду, но важно е да ја пронајдеме следната генерација на дефанзивци и да ги донесеме во следните години. Фудбалот стана многу физички и напорен и во оваа ситуација ни требаат други играчи со кои ќе ги ротираме овие момци. Факт е дека тројцата дефанзивци, голманот, како и Жоржињо и Канте се во триесеттите. мора да размислуваме и за иднината“, изјави Тухел.


Мундијалот во Катар ќе почне еден ден порано

ФИФА и домаќинот на Светското фудбалско првенство Катар ќе направат промена во распоредот на натпревари на првенството. Домаќинот инсистира да биде задржана традицијата и тие да бидат тимот кој ќе го отвори првенството, па нивниот меч со Еквадор кој е планиран да се одигра од 17 часот на 21 ноември, ќе биде префрлен еден ден порано?!

Во моментов воведниот натпревар на шампионатот треба да го одиграат Сенегал и Холандија, кој е закажан за 21 ноември во 11:00 часот.

Ако се точни информациите, натпреварот меѓу земјата домаќин и јужноамериканците најверојатно ќе биде презакажан за 20 ноември во 20 часот. Тоа ќе се одрази и на програмата на сега веќе вториот ден на првенството, каде нема да има натпревар од 11 часот, а трите натпревари да започнат во 14 часот, односно 17 часот и 20:00 часот.


Варан сака да го напушти Манчестер

Според информациите од Англија, фудбалерот од одбраната на Манчестер Јунајтед, Французинот Рафаел Варан наводно сакал да го напушти клубот и побарал трансфер доколку пристигне добра понуда за него.

Варан пристигна во клубот од Олд Трафорд минатото лето за сума од 40 милиони евра. Тој на првиот натпревар од новата сезона против Брајтон беше на клупата за резервни играчи, а Јунајтед на домашен терен загуби со 2:1.

29-годишниот фудбалер бил разочаран од одлуката на тренерот да го изостави од првиот тим, и се надева дека би било подобро да заигра за друг клуб. Неговиот договор со Јунајтед истекува во јуни 2025 година.


Амаду Онана е нов играч на Евертон

Фудбалскиот клуб Евертон соопшти дека ново засилување во екипата е белгискиот играч Амаду Онана.

Онана кој е играч од средината на теренот во Евертон пристигна од Лил за 33,5 милиони фунти, а со клубот потпиша петгодишен договор.

За тимот на Лил одигра 42 натпревари, а професионалната кариера ја започна во германскиот Хофенхајм.


Болоња ја одби понудата на Јунајтед за Арнаутовиќ

Фудбалскиот состав на Болоња ја одби понудата од Манчестер Јунајтед за напаѓачот, Марко Арнаутовиќ, потврди директорот на италијанците, Марко Ди Вајо.

„Црвените ѓаволи“се обиделе за 8 милиони евра да дојдат до потписот на 33-годишниот австриски репрезентативец кој треба да одработи уште една сезона од договорот.

„Не е се во парите. Марко има непроценлива вредност за нас“, изјави Ди Вајо.


Енис Барди е на чекор од трансфер во Трабзонспор

Медиумите во Турција ја пренесуваат веста дека македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е во финални преговори за трансфер во турскиот шампион Трабзонспор.

Според информациите Барди треба да биде силно засилување за тимот пред стартот во Лигата на шампионите и одбраната на титулата во првенството на Турција.

Барди веќе ги договорил личните услови со клубот, и сега само се очекува потврда на деталите за трансферот помеѓу Трабзонспор и Леванте.


Тимо Вернер се врати во Лајпциг

Напаѓачот Тимо Вернер и официјално е играч на Лајпциг каде се врати после поминати две сезони во Челзи, потврдуваат од германскиот клуб.

Вернер со екипата на Лајпциг потпиша договор до 2026 година, и ќе го носи дресот со број 11.

26-годишниот германски репрезентативец последниве две години не успеа да се докаже во Челзи. Тој за лондонскиот клуб одигра 89 натпревари и постигна 32 гола. Најголем успех со Челзи му е освојувањето на трофејот во Лигата на шампиони во 2021 година.


Маријано Диаз пак одби да си замине до Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Диаз донел цврста одлука дека сака да ја дочека последната година од договорот со Лос Бланкос, пренесува весникот „Марка“.

Фудбалерот беше донесен на Сантијаго Бернабеу од Лион во 2018 година како индиректна замена за Кристијано Роналдо и дури го доби бројот 7.

Сепак, оттогаш, Диаз нема ниту една сезона во која ја мина границата од 2.000 минути, а најзапаметен чин во дресот на Мадрид беше неговиот гол на Ел Класико во 2020 година.

Сепак, тој го чини Реал 4,3 милиони евра годишно за Лос Бланкос или вкупно 21,5 милиони евра за времетраењето на неговиот договор.


Бернардо Силва очекува трансфер во Барселона

Каталонските медиуми ја пренесуваат веста дека репрезентативецот на Португалија и член на Манчестер Сити, Бернардо Силва, е на чекор до потпис со Барселона.

Според информациите фудбалерот веќе избрал куќа во Барселона, и дека ги дефинирал личните услови со клубот. 

Силва се очекува да потпише четиригодишен договор со каталонците, а според најавата, понудата која се подготвува до Сити ќе изнесува 80 милиони евра.