фудбал

Лоша вест за Тухел и Челзи, Бен Чилвел сериозно повреден

Играчот на Челзи и англиски репрезентативец, Бен Чилвел, заработи сериозна повреда на натпреварот со Јувентус во Лигата на шампионите.

Чилвел беше приморан да го напушти теренот во 71.минута од натпреварот, и според пишувањата во англиските медиуми, можно е да се работи за повреда на вкрстените лигаменти во коленото.

Во моментов нема официјална потврда од лекарскиот тим на Челзи за тежината на повредата, по што би се знаело и колку долго тој ќе биде надвор од терените.


Манчини го одбил Манчестер Јунајтед

Според пишувањата на германскиот „Билд“ селекторот на италијанска репрезентација, Роберто Манчини, ја одбил понудата од Манчестер Јунајтед за позицијата нов тренер на екипата.

Тимот од „Олд Трафорд“ започнале разговори со 56-годишниот италијански стручњак но тој наводно одбил секакви преговори бидејќи имал обврска да ја однесе Италија на Светското првенство во Катар 2022 година.

Манчини претходно беше тренер на градскиот ривал на Јунајтед, екипата на Манчестер Сити со кој стана шампион на Премиер лигата во 2012 година.


Париз Сен Жермен се откажува од доведување на Ерлинг Халанд

Екипата на Париз Сен Жермен ги промени своите планови и одлучи да не се вмеша во трансфер битка за доведување на Ерлинг Халанд од тимот на Борусија Дортмунд.

Норвежанецот Халанд, долго време се споменуваше како наследник на Килијан Мбапе кој со голема веројатност ќе се пресели во тимот на Реал Мадрид.

Челниците на ПСЖ не сакаат да соработуваат со менаџерот на Халанд, Мино Раиола кој за реализација на овој трансфер очекува да заработи огромни пари на име менаџерски бонуси.

Клубот од Париз веќе започнал со барање на други опции за засилување на својот напад, а последно име кое често се споменува е напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.


Милан не жали средства за Рафиња од Лидс

Рафиња ќе биде примарна цел на Милан во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Италија. 25-годишното десно крило Рафиња игра фантастично во Лидс и веќе е стандарден бразилски репрезентативец.

Бразилецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент бидејќи примарна цел на „росонерите“ е засилување на десната крилна позиција.


Поранешниот член на Јувентус, Фабрицио Миколи, осуден на 3,5 години затвор

Италијанскиот суд донесе пресуда со која на бившиот играч на Јувентус, Фабрицио Миколи, му се определува затворска казна во траење од 3 и пол години.

Некогашниот италијански репрезентативец, кој освен во Јувентус беше член и на Палермо, е прогласен за виновен поради неговите врски со сицилијанската мафија. Имено, Тој побарал помош од познати мафијашки имиња за наплата на долг од 12.000 евра. 

Според официјалната истрага било докажано дека својот долг Миколи го наплатил со помош на неговите мафијашки пријатели кои употребиле брутални методи врз неговиот должник. 

Случајот е започнат од 2010 години но дури сега е донесена правосилна одлука.


Митровиќ на радарот на „жолтата подморница“

Александар Митровиќ е на мета на шпански Виљареал.

Митровиќ игра одлично оваа сезона во Фулам, а со неговата добра форма го привлече и вниманието на други клубови. Сега се споменува Виљареал кој на англсикиот второлигаш би можел да му плати 16 милиони евра.

Прашање е дали тоа ќе биде доволно за Фулам во јануари да се откаже од својот најдобар стрелец кој неодамна со голот против Португалија во Лисабон ја одведе Србија директно на Светското првенство.

Во овој момент Митровиќ со 27 голови е прв стрелец во Чемпионшип, а интерес покрај Виљареал сигурно ќе покажат и други екипи.


Почетино не одговара на прашања поврзани со Манчестер Јунајтед – „Среќен сум во Париз“

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино, одби да одговара на новинарските прашања поврзани со негова евентуална заинтересираност за премин во Манчестер Јунајтед.

Аргентинецот Почетино на прес конференцијата пред дуелот на ПСЖ и Манчестер Сити во рамките од Лигата на шампиони, кажа дека негов единствен фокус во моментот е на неговиот сегашен клуб и натпреварот што следува.

„Ова е спорт и бизнис каде што секогаш има гласини, но овие работи не смеат да ни го одвлечат вниманието. Спремни сме да дадеме 100 проценти за нашиот клуб. Среќен сум во Париз Сен Жермен и сум фокусиран на постигнување најдобар можен резултат на натпреварот во Манчестер“, изјави Почетино.


Гвардиола: Незнам како ќе го сопрам Меси

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампиони, изрази загриженост за тоа како неговиот тим ќе го сопре Лионел Меси.

„Како ќе го запреме Меси? Многу тешко. Не можам да им кажам на моите играчи како да го спречат бидејќи е многу непредвидлив со топката. Мило ми е што продолжува да игра на тој начин. Ќе ми биде чест повторно да се соочиме на теренот“, изјави Гвардиола, кој беше тренер на Лионел Меси додека аргентинецот настапуваше за екипата на Барселона.

На Манчестер Сити му е доволен еден бод за да се квалификува  во наредната фаза на ЛШ, а со евентуална победа тимот на Гвардиола ќе биде победник во групата А.


Карим Бензема со условна казна од една година

Францускиот репрезентативец, Карим Бензема, заработи условна казна од една година од судот во Париз поради негова вмешаност во обид за уцена на својот поранешен соиграч во репрезентацијата,Матје Валбуена.

Ѕвездата на Реал ќе мора да плати и казна од 75 илјади евра. Одлуката на судот беше објавена неколку часа пред неговиот настап за Реал Мадрид против екипата на Шериф Тираспол во Лигата на шампионите.

Случајот е познат од 2015 година, кога Валбуена беше уценуван со експлицитно видео, со цел уценувачите да земат пари од него во замена за необјавување на видеото.


Борусија Дортмунд му нуди двојно поголема плата на Халанд

Борусија Дортмунд е подготвена да потроши сериозни пари за да го задржи главниот напаѓач Ерлинг Халанд во тимот.

Раководството на клубот се согласува двојно да ја зголеми платата на Норвежанецот од 8-9 милиони евра на 16-18 милиони евра доколку се согласи да го продолжи договорот. Исто така, Борусија сака обештетувањето да стапи на сила не во 2022 година, туку во 2023 година според новиот договор.

Да потсетиме, голем број европски клубови, меѓу кои Реал Мадрид и ПСЖ, се заинтересирани за Халанд. Напаѓачот моментално се опоравува од повредата. Тој повеќе нема да влегува на терен до крајот на 2021 година. Претходно, тренерот на Борусија, Марко Роуз, посочи дека Халанд може да пропушти неколку недели. Но, очигледно, Норвежанецот добил посериозна повреда.

Откако се пресели во Борусија, Халанд одигра 49 натпревари во Бундеслигата и постигна 49 голови. Сезонава во сите натпреварувања на 10 натпревари постигна 13 гола.