фудбал

Потврдено – Герет Бејл заминува од Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Герет Бејл ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. Договорот на Велшанецот истекува и тој нема да биде обновен. Крилниот напаѓач имаше неколку незаборавни настапи на Сантијаго Бернабеу, но го следеа и многу повреди.

„Разговарам со него доста често. Се трудам да ги слушам неговите проблеми, нашиот однос е многу добар. Се однесува сериозно и професионално, го почитуваат во клубот. Повредите го спречуваат да игра повеќе оваа сезона, но сега се чувствува добро. Можеби не е многу мотивиран, но Бејл сака на најдобар можен начин да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, тој му помогна на клубот да освои многу вредни трофеи, и го заслужува најдоброто“, изјави Анчелоти пред гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите.


Трипие има скршеница, го чека долга пауза

Њукасл во наредниов период нема да може да смета на најзвучното засилување од јануарскиот преоден рок, англискиот репрезентативец Киран Трипие.

Трипие со мајсторија му донесе три бода на Њукасл на вчерашната средба против Астон Вила, но во вториот дел мораше да го напушти теренот, а деталните медицински прегледи покажаа дека има заработено фрактура на левата нога.

Имено се работи за скршеница на петтата метатарзална коска на стапалото, па од „Сент Џејмс Парк“ информираа дека дефанзивецот е биде во „аут“ престојните мечеви не посочувајќи за точно колкава пауза се работи.

Киран веднаш се наметна по трансферот од Атлетико Мадрид, даде голови против Евертон и Астон Вила и дефинитивно ќе му фали на составот кој е предводен од Еди Хау.


Куртоа ја доби директната пресметка со Лео

Tибу Куртоа е најзаслужениот човек што Реал Мадрид  остана во игра за реваншот во 1/8 финале во Лигата на шампионите. Тибу после крајот на натпреварот иако  разочаран од конечниот исход откри дека го анализирал Меси,  последните три пенали  ги шутираше во десната страна ( голманска лева). Додека стоев на гол линијата решив да  се поиграм малку со него и тргнав лево и одбранив, тоа беше важен момент за нас  бидејќи останавме во игра но сепак на крајот  за жал примивме гол.


Берарди и Мурињо имале караница по дуелот Сасуоло – Рома

Доменико Берарди имаше два дуели со тренерот на Рома, Жозе Мурињо за време на вчерашниот меч.

Во финишот од мечот, Берарди дојде до контакт со фудбалерот на Рома, Кумбула и падна како покосен на тревата држејќи си го лицето. Дефанзивецот на Рома се смееше на оваа реакција и го обвини Берарди дека се преправа. Тој беше изваден од игра брзо после тоа и додека одеше накај клупата на Сасуоло влезе во дуел со Мурињо. Според „Кориере дело Спорт“ Португалецот му рекол на Берарди да се однесува поспортски.

Но по израмнувачкиот гол на Рома во самиот финиш од мечот, очигледно Берарди станал дополнително нервозен. па и по последниот свиреж на судијата влезе во расправија со Мурињо.

Дури и тренерот на Сасуоло, Алесио Дионизи не успеал да го одвои од Мурињо, двајцата влегле во тунелот расправајќи се.


На Пепе му се заканува суспензија од два месеци

Дефанзивецот на Порто, Пепе, се соочува со можна суспензија во траење од два месеци поради насилничко однесување, пренесуваат португалските медиуми.

Инцидентот се случил минатиот петок на дерби средбата помеѓу Спортинг и Порто, каде Пепе наводно нападнал еден од спортските директори на Спортинг. После жестоката расправија судијата на натпреварот му додели црвен картон. На тој начин Пепе ги прекрши дисциплинските правила и го очекува потенцијално висока казна, која според правилникот може да изнесува и суспензија од два месеци.


Лаутаро Мартинез: Му благодарам на Клоп за добрите зборови , но посакувам елиминација на Ливерпул

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез му се заблагодари на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој го прогласи за еден од највозбудливите напаѓачи во светот. Сепак, Аргентинецот истакна дека неговиот тим мора да го елиминира Ливерпул во претстојното осминафинале во Лигата на шампионите меѓу двата тима.

„Неговите зборови се љубезни и му благодарам за тоа. Клоп е одличен тренер и дефинитивно добро ќе се подготви за овој натпревар. Мораме да бидеме добри, да одиграме перфектно и да продолжиме понатаму. Ливерпул има голем број на квалитетни играчи. Мора добро да се подготвиме за натпреварот и да пробаме да имаме поголем посед на топката. Напаѓаат со многу играчи и имаат брзи напаѓачи, па мораме да бидеме внимателни. Ова е дефинитивно еден од моите најважни натпревари во Интер“, коментира Лаутаро.


Малдини потврди, Милан ќе го откупи Брахим Диаз

Милан во летниот преоден рок постигна договор со Реал Мадрид за двегодишна позајмица на Брахим Дијаз, но веќе донел одлука да го откупи.

Милан за позајмицата плати 3 милиони евра, но на крајот на позајмицата ќе има право да го откупи за додатни 20 милиони евра. Шпанецот игра фантастично од почетокот на сезоната и Милан веќе донесе одлука да го откупи уште на крајот на оваа сезона.

Реал во договорот ќе има бај-бек клаузула и во следните две години ќе може да го врати Шпанецот за 30 милиони евра.

Брахим Дијаз е задоволен на Сан Сиро и дал согласност да остане и ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“.


Кокорин уште е надвор од терените, Фиорентина загрижена за неговото здравје

Шефот на прес-службата на Фиорентина, Лука Ди Франческо, ја коментираше болеста на фудбалерот, Александар Кокорин. Вчера се дозна дека Русинот поради лоша здравствена состојба ќе го пропушти натпреварот со Специја од 25. коло на Серија А.

„Малку е веројатно дека има нешто сериозно. Но, треба да почекате до утре – по натпреварот со Специја ќе бидат извршени тестови“, вели Ди Франческо.

30-годишниот напаѓач стана играч на Фиорентина во јануари 2021 година преминувајќи од Спартак Москва за 4,5 милиони евра. Договорот му истекува во 2024 година.


ФИФА изрече казни и нареди да се преигра дуелот меѓу Бразил и Аргентина

Дисциплинската комисија на ФИФА донесе одлука за прекинатиот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар меѓу Бразил и Аргентина.

Мечот беше прекинат со упад на здравствените власти на почетокот на септември, а ФИФА одлучи да се одигра во друг термин.

Четворица актери на дуелот ќе бидат суспендирани на два натпревари поради лажирање за карантин во Англија.

Тоа се Аргентинците Мартинез, Ромеро, Ло Селсо и Буендија, и ќе бидат надвор од составот за претстојните натпревари.

Бразилската фудбалска конфедерација е казнета со 550.000 швајцарски франци за „прекршување на правилата за обезбедување“, додека Аргентинската фудбалска асоцијација доби казна од 250.000 швајцарски франци поради „непочитувањето на протоколот на ФИФА“.


Капело со критики кон Мурињо

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го критикуваше Португалецот Жозе Мурињо за неговиот односот кон Рома. Според медиумите во Италија, Мурињо бил бесен на своите играчи по поразот од Интер со 0:2 во Купот на Италија и ги навредувал велејќи му дека немаат ниту малку храброст и „топки“.

„Навредувајќи ги играчите, тој ја одигра последната карта. Јас никогаш не сум го направил тоа. И јас сум критикувал, но се обидував да имам почит кон играчите. Секогаш сум барал и сум покажувал почит. Ова е првото правило на кое инсистирав. Ако ги навредувате играчите како Мурињо, правите економска штета на клубот и тоа е нешто што треба да се земе предвид“, изјави Капело за Скај Спорт Италија. 

Екипата на Рома моментално е седма во Серија А со освоени 40 бодови.