фудбал

Калвин Филипс претставен во Манчестер Сити

Досегашниот играч на Лидс, Калвин Филипс, потпиша договор на шест години со Манчестер Сити.

Шампионот на Англија за услугите на англискиот репрезентативец плати 45 милиони фунти. 26-годишниот играч од средината на теренот изјави дека го ибрал Манчестер Сити најповеќе поради тренерот Гвардиола.

Филипс во дресот на Лидс одигра 234 натпревари и постигна 14 гола. За репрезентацијата на Англија има забележано 23 настапи.


Ериксен се договори со Манчестер Јунајтед

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен постигна договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

Како што известува Скај Спорт, Ериксен после лекарските прегледи ќе потпише тригодишен договор со тимот од Олд Трафорд.

Данецот пристигнува во Јунајтед како слободен играч, откако му истече договорот со Брентфорд. Ериксен на почетокот од годината потпиша шестмесечен договор со Брентфорд откако ја прекина соработката со Интер.


Адамс од РБ Лајпциг е замената за Филипс во Лидс

Тајлер Адамс кој премина од Њујорк Ред Булс во Лајпциг во јануари 2019 година, ќе биде новоз асилување за Лидс Ј., се шпекулира во Англија. Адамс кој има 101 настап за германскиот тим, е на пат за Англија.

Германскиот „Скај Спортс“ пишува дека Лидс Ј. и Лајпциг би требало да бидат многу блиску до договор за цената на играчот од средниот ред.

Според медиумите, Лидс и Адамс веќе се договориле за личните услови, а со тоа ги оставиле само последните детали пред да го заклучат договорот за трансфер на Американецот на „Еланд Роуд“.


Новиот тренер на ПСЖ најавува поинаков стил на фудбал

Кристоф Галтие, кој се очекува да биде промовиран како нов тренер на Пари Сен Жермен, веќе работи на изгледот на тимот за новата сезона. Нема сомневање за неговото назначување. Ница официјално објави дека се разделува со него, а претседателот на клубот дури му посака успех во ПСЖ.

Според „Л‘Екип“, Галтие веќе ја посетил тренинг базата на парижаните „Камп де Лож“ и утре ќе биде таму на стартот на подготовките за новата сезона. Се очекува официјално да биде претставен во вторник.

Тренерот работи заедно со новиот спортски директор Луис Кампос на изборот на играчи, а во меѓувреме размислува и за тактиката. Галтие размислува за централна одбрана од три играчи, со цел да им даде на Лионел Меси и Килијан Мбапе најголема шанса за настап. Нејмар не е во плановите, но неговата иднина е нејасна.

„Л‘Екип“ тврди дека во оваа фаза само шест играчи имаат загарантирано стартно место. Галтие сака да ја заврши голманската дилема и да го направи Џанлуиџи Донарума постојан стартер на сметка на Кејлор Навас. Ашраф Хакими, Маркињос, Марко Верати, Меси и Мбапе ќе бидат столбот на тимот.


Роналдо најави заминување, Манчестер Јунајтед не сака да го продаде

Манчестер јунајтед во досегашниот преоден рок не покажа амбиција за чекор напред во следната сезона. Додека ривалите сериозно се засилуваат, тие се уште се мирни на трансфер пазарот, а и засилувањата со кои се поврзуваат не се многу убедливи.

Поради тоа Кристијано Роналдо посакал да замине од Олд Трафорд и му го соопштил тоа на клубот.

Но, Манчестер јунајтед нема намера да го продаде, сакаат тој да биде дел од тимот на Тен Хаг во следната сезона.

Во меѓувреме агентот на Роналдо, Жорж Мендеш разговара со потенцијални купувачи на Роналдо. Како опции се посочуваат Рома, Челзи, Баерн Минхен и Спортинг Лисабон.


Бјанконе од Троа трето засилување за Нотингем Форест

Англискиот фудбалски клуб Нотингм Форест потпиша со дефанзивецот, Џулијан Бјанконе. 22-годишниот Французин пристигна од екипата на Троа и потпиша тригодишен договор.

„Многу сум среќен што пристигнав во клуб како Нотингем. Знам дека тоа е голем клуб и многу познат низ Европа. Со нетрпение очекувам да започнам да играм во Премиер лигата“, изјави Бјанконе за клупската веб-страница.

Нотингем Форест претходно ги обезбеди голманот, Дин Хендерсон и нигерискиот напаѓач, Таиво Авони.


Нова понуда на Челзи за Де Лихт

Италијанскиот весник Газета дело Спорт пишува дека Челзи испрати понуда до Јувентус вредна 80 милиони евра за дефанзивецот Матијс де Лихт.

Првата понуда која изнесуваше 40 милиони евра плус еден од играчите, Тимо Вернер или Кристијан Пулишиќ беше експресно одбиена од бјанконерите.

Холандскиот репрезентативец има клаузула со Јувентус за предвремен раскин на договорот вредна 120 милиони евра. Неговиот актуелен договор истекува во 2024 година.


Конте договори засилување од Барселона

Тотенхем се надева дека што поскоро ќе го комплетира трансферот на дефанзивецот Клемент Ленгле.

Останува да се разјаснат последните детали од преговорите со неговиот сегашен клуб Барселона пред 27-годишниот Французин да се пресели во лондонскиот тим, информираше популарниот спортски новинар Фабрицио Романо. Тотенхем веќе постигна договор со Ленгле за неговите лични услови.

Раководството на „мамузите“ засега нема официјална понуда до Џеси Лингард кој се раздели со Манчестер Јунајтед и покрај покажаниот интерес за играчот.


Габриел Жезус е нов напаѓач на Арсенал

Фудбалскиот клуб Арсенал и официјално го потврди пристигнувањето во своите редови на голгетерот Габриел Жезус.

25-годишниот Бразилец Жезус кој во Арсенал доаѓа од редовите на англискиот шампион Манчестер Сити, пристигна за сума од 45 милиони фунти, и ќе го носи дресот со број 9.


Фабио Карваљо од Фулам се сели во Ливерпул

Ливерпул официјално го претстави едно од своите нови засилувања – Фабио Карваљо. Од Ливерпул веќе на 23 мај објавија дека постигнале договор со Фулам за трансфер на 19-годишниот играч од средниот ред.

Од први јули стана играч на „црвените“, откако му истече договорот со лондончани. Младинскиот репрезентативец на Португалија ќе игра на „Енфилд“ во дресот со број 28. Караваљо од утре почнува да тренира со тимот на Јирген Клоп. Тој е едно од трите нови засилувања за Ливерпул ова лето, заедно со Дарвин Нуњеш и Калвин Ремзи.

„Чувството да се биде во еден од најголемите клубови во светот, ако не и најголемиот, е неверојатно. Среќен сум што сум тука и едвај чекам да започнам. Штом ќе слушнете дека Ливерпул е заинтересиран за вас, има само една мисла во вашиот ум – да се приклучите на овој тим. Се надевам дека ќе можам да постигнам големи работи овде. Веќе разговарав со сите, вклучително и со менаџерот и се чувствувам многу природно“, изјави Португалецот.